логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТТИ НАСЛОВ



На смирениот му приличи самиот да се прекорува, да се понижува самиот себе и да ги смета за ништовни сите добри дела што ги прави, без разлика какви се и колку се. Кои се особините на смирението и кои се неговите плодови

ОД СТАРЕЧНИКОТ

1.    АВА Антониј рекол: „Ги видов сите замки на ѓаволот распрострени по целата земја, па воздивнав и реков: 'Кој може да ги избегне?' И слушнав глас, кој ми рече: 'Смирението'."
2.    ТОЈ му рекол на ава Пимен: „Дело на човекот е да го земе на себе својот грев пред Бога и да очекува искушенија до последниот здив."
3.    ЕДНАШ демоните го нападнале ава Арсениј во неговата ќелија и го мачеле. Кога дошле и застанале пред неговата ќелија, неговите ученици го слушнале како вика кон Бога, говорејќи: „Боже мој, не оставај ме. Никакво добро не направив пред Тебе. Сепак, по Твојата добрина, дај ми да направам добар почеток."
4.    ЕДЕН братотишол кај ава Амон и му рекол: „Аво, кажи ми поучно слово." И живеејќи седум дена покрај старецот, тој ништо не слушнал од него. Бидејќи се подготвил да замине, старецот го поздравил, говорејќи: „Одамна моите гревови постанаа темен ѕид помеѓу мене и Бога."
5.    АВА Данило раскажа како во Вавилон живеела ќерка на некој благородник, која била опседната оддемонот. Нејзиниоттатко бил пријател со некој монах и го замолил да и помогне на неговата ќерка. Тој му рекол: „Твојата ќерка можат да ја излечат само отшелниците (пустиниците) што ги познавам. Меѓутоа, доколку ги замолиме, тие нема да прифатат, поради смирение. Подобро да го направиме следново: кога ќе дојдат на пазар за да ги продадат своите ракотворби, направете се дека сакате да ги купите и повикајте ги во куќата за да ги земат парите. Кога ќе влезат, замолете ги да се помолат. И верувам дека ќе се исцели твојата ќерка."
Кога отишле на пазар, тие нашле ученик на некој старец, кој седел и ги продавал ракотворбите. И го зеле, заедно со своите корпи, во куќата на благородникот за да му биде платено. Штом влегол монахот во куќата, го сретнала опседнатата девојка и муудрила една шлаканица. Тој веднаш го свртил и другиот образ, според Господовата заповед. Почнувајќи да се мачи, демонот извикал: „Леле, каков притисок. Заповедта Исусова ме изгони." И веднаш излегол од жената, која оздравела и станала здравоумна. Тој настан му го соопштиле на отците, кои го прославиле Бога, говорејќи:„Гордоста на ѓаволотнајмногуја победува смирението кое се крие во Христовите заповеди."
6.    АВА Карион рекол: „Вложив многу повеќе труд од мојот син Захарија, но не ја стигнав неговата мерка, која ја постигна со своето смирение и молчење."
7.    ЕДНАШ, додека ава Захарија престојувал во Скитот, имал видение. Тој отишол и му соопштил на својот старец Карион што се случило.
Иако имал големо искуство, старецот не го познавал реченото. Затоа го истепал, говорејќи дека настанот е од демонот. Меѓутоа, бидејќи видението и понатаму продолжило да му се појавува, ава Захарија ста-нал ноќе, отишол кај ава Пимен и му кажал за тоа, додавајќи дека гори во себе. Познавајќи дека работата е од Бога, старецот му рекол: „Оди кај тој старец и направи го она што ќе ти рече." И отишол кај старецот, кој му кажал се уште пред да го праша. Старецот додал: „Видението е од Бога. Сепак, оди и потчинувај му се на својот отец."
8.    ЕДНАШ ава Мојсеј му рекол на Захарија: „Кажи ми, што да правам?" Кога го слушнал, тој му паднал пред нозете, говорејќи: „Зарем ти мене ме прашуваш, оче?" А старецот му рекол: „Верувај ми, чедо Захарија, видов како слегува Светиот Дух на тебе, што и ме натера да те прашам." Захарија ја зел својата камилавка од главата, ја фрлил пред нозете и ја згазил, говорејќи: „Доколку човек не се смачка (згмечи)вака, не може да биде монах."
9.    АВА Пимен кажуваше дека ава Мојсеј го прашал ава Захарија, пред да умре: „Што гледаш?" Тој одговорил: „Зарем не е подобро молчењето, оче?" Старецот рекол: „Да, чедо, молчи." Во часот на неговата смрт, ава Исидор, кој седел не многу далеку, го подигнал погледот кон небото и рекол: „Радувај се, чедо мое Захарија, зашто ти се отворија вратите на царството небесно."
10.    АВА Евагриј рекол: „Почеток на спасението за човекот е самоосудувањето."
11.    ЕДНАШ ава Теодор се нашол со браќата. Додека јаделе, тие ги земале чашите молчејќи, без да говорат: „Прости."Тогаш ава Теодор рекол: „Монасите ја изгубија својата благородностзашто не говорат: 'Прости'."
12.    ЕДЕН брат го прашал него, говорејќи: „Сакам да ги исполнувам заповедите." Старецот му возвратил: „Еднаш, ава Тома ми рече: 'Сакам своите помисли целосно да ги исполнам со Бога'. И отишол до фурната, каде што месел леб. Поминале некои сиромаси кај него и тој им дал леб. И други му барале и им ги дал корпите и облеката што ја носел. И се вратил во ќелијата носејќи го само покривачот. Но сепак, се прекорувал себеси, говорејќи: „Не ја исполнив целосно Божјата заповед."
13.    ЕДЕН брат му рекол на ава Теодор: „Кажи ми поучно слово зашто погинав." Тој, со тешкотија му одговорил: „Што да ти кажам кога и самиот сум во опасност."
14.    БЛАЖЕНИ Теофил, архиепископ, еднаш отишол на Нитријската гора. И дошле да го сретне отецот на гората. Архиепископот го прашал: Што исклучително најде на овој пат, оче?"А старецот му одговорил: „Да се сметам за виновен и непрестајно да се прекорувам." Архиепископот рекол: „Навистина, нема друг пат."
15.    ЕДНАШ архиепископот дошол во Скитот. Се собрале браќата и му рекла на ава Пимен: „Кажи слово кое ќе му биде од корист на архиепископот." Старецот им рекол: „Ако не му е од корист моето молчење, нема да има корист ниту од моите зборови."
16.    ТЕОДОРА говорела: „Не спасува ни подвигот, ни страдањето, ни различните напори, туку само вистинското смирение. Имаше еден пустиник кој истеруваше демони. Еднаш ги прашал: 'Што ве истерува? Постот'. Тие му рекле: 'Ние ниту јадеме, ниту пиеме'. 'Бдеењето'. Тие рекле: 'Ние воопшто не спиеме'. 'Отшелништвото (живеењето сам во пустината)'. Тие возвратиле: 'Ние живееме во пустините'. Старецот бил упорен со прашањата: 'Што ве изгонува?' Тие најпосле признале, велејќи: 'Нас единствено не победува смирението'."
17.    АВА Јован Колов рекол дека смиреноумието и стравот Божји се над сите добродетели.
18.    ТОЈ повторно рекол: „Кој го продал Јосифа?" Еден брат одговорил: „Неговите браќа." Старецот им рекол: „Не. Го продало неговото смирение. Зашто, тој можел да каже дека е нивни брат и можел да се спротивстави кога го продавале. Не прозборувајќи, тој, со смирението, се продал самиот себеси. И смирението го направило да биде старешина на Египет."
19.    И повторно рекол: „Оставивме лесно бреме, т.е. самоосудувањето, и подигнавме тешко, т.е. самооправдувањето."
20.    Во врска со него некој од отците рекол: „Ава Јован со своето смирение целиот Скит го обеси за малиот прст (т.е. ги надминал сите)."
21.    АВА Јован Тивејски рекол: „Монахот, пред се, треба да стекне смирение. Тоа е првата заповед на Спасителот, Кој вели: Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно."' (Мт. 5,3)
22.    АВА Пимен говореше дека ава Исидор секоја вечер плетел торба од палмини гранки. Браќата го молеле, говорејќи: „Одмори се малку, бидејќи си стар." Тој им одговарал: „Дури и да го изгорат Исидора и неговата пепел да ја растурат во ветрот, јас нема да бидам достоен за милоста затоа што Синот Божји дојде овде заради нас."
23.    ТОЈ, исто така, кажуваше дека ава Исидор, кога помислите му говореле: „Ти си голем човек", одговарал: „Да не сум како ава Антониј? Или можеби станав целосно сличен на ава Памво или на останатите отци, кои му угодија на Бога." И зборувајќи слично, тој се успокојувал, а помислите се повлекувале. Кога, пак, непријателите му предизвикувале малодушност, говорејќи дека после се, треба да биде фрлен во пеколот, тој им одговарал: „Дури и да ме фрлат во пеколот, ќе бидете под мене."
24.    АВА Лонгин рекол: „Мртовецот не чувствува ништо, ниту некого осудува. Ниту смирениот не може да осуди ни еден човек, дури и да види дека им се поклонува на идолите."
25.    АВА Матој рекол: „Што повеќе се приближува до Бога, човекот се повеќе се чувствува грешен. Откако го видел Бога, Исаија се нарекол беден и нечист." (Иса. 6,5)
26.    ТОЈ рекол: „Како млад мислев дека наводно правам нешто добро. Меѓутоа, бидејќи остарев, јас гледам дека немам ниту едно добро дело."
27.    ГО прашал некој брат, говорејќи: „Како монасите во Скитот направиле и повеќе од заповедите, сакајќи ги непријателите повеќе од себеси?" Старецот, пак, му рекол: „Јас до сега, ни оној што ме сака не го сакам колку самиот себе."
28.    АВА Јаков рекол: „Еднаш отидов кај ава Матој. Заминувајќи, јас му кажав дека имам намера да одам до Ќелиите. И старецот ме замоли во негово име да го поздравам ава Јован. Кога отидов кај ава Јован, јас му кажав: 'Те поздравува ава Матој'. А старецот рече: 'Ава Матој е вистински Израилец, во кого нема лукавство'. После една година јас повторно отидов кај ава Матој и му ги пренесов поздравите од ава Јован. Старецот, пак, одговори: „Јас не сум достоен за зборовите што ги изрече старецот. Знај, меѓу другото, дека достигнал голема мера оној старец што го прославува својот ближен повеќе отколку себеси. Зашто, совршенство е некој да го слави ближниот повеќе отколку себеси'."
29.    ЕДЕН брат го прашал ава Матој, говорејќи: „Кажи ми слово." И тој му рекол: „Оди, помоли се на Бога да му дарува на твоето срце жалост и смирение. Секогаш внимавај на своите гревови. Немој да осудуваш други, туку биди помал од сите. Отсечи ја смелоста и воздржувај ги својотјазик и својот стомак. За кава било работа некој да зборува, ти немој да се препираш со него. Ако зборува правилно, речи: 'Да', а ако зборува лошо, речи: 'Ти знаеш што зборуваш'. И немој да се караш со него поради она што го рекол. Ете смирение."
30.    АВА Ксантиј рекол: „И кучето е подобро од мене: тоа поседува и љубов и нема да излезе на суд."
31.    БРАТОТ го прашал ава Алониј, говорејќи: „Што значи да се пони-жуваш самиот себе?" А старецот му рекол: „Да бидеш помал (подолу) од безловесните животни, знаејќи дека нема да бидат осудени."
32.    АВА Пимен рекол дека човекот, кој се прекорува самиот себе, секогаш може да ги издржи искушенијата.
33.    ТОЈ рекол дека човекот кој ќе стигне домерата на апостолските зборови: За чистите е се чисто (Тит 1,15), себеси се смета за помал од сите созданија. А еден брат му рекол: „Како можам да се смета за помал од убијците." Старецот рекол: „Човекот што ќе стигне до мерата на наведените зборови, гледајќи го човекот што убива, вели: 'Тој го направи само овој грев, а јас убивам секој ден'."
34.    БРАТОТ му го поставил истото прашање и на ава Анув, наведувајќи му ги зборовите од ава Пимен. Ава Анув му рекол: „Добро рекол. Така е. Зашто, достигнувајќи до мерата на тие зборови (т.е. станувајќи чист), човекот со својата праведност ги голта (т.е. ги превидува) грешките на својот брат." Братот рекол: „А која е неговата праведност?" Старецот одговорил: „Самопрекорувањето. Зашто, оној што се прекорува себеси, го оправдува ближниот. И таа праведност ги прикрива грешките на ближниот."

 

14ти март 2019 лето Госоподово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная