логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Старците нé учеа дека мораме да ги избегнуваме малите грешки, ако сакаме да се сочуваме од поголемите и потешките, бидејќи воглавно од тие незначајни попуштања во душата се создава лоша навика и незабележливо се паѓа во сé поголеми престапи.

На пример, колку тешко нешто е осудувањето на другите, нашите ближни. Од тоа нема ништо полошо, тоа и Отците го велеле. А во тој голем грев човек паѓа невнимавајќи токму на тие наизглед мали и ништожни нешта.

Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите. Токму затоа што човек не се грижи за своите слабости и „не го оплакува својот мртовец“, како што велеле Отците, туку обрнува внимание на делата на ближните, не може да напредува во доброто. Гревот на осудувањето е толку потежок од другите, што Христос гревот на ближниот го нарекол раска, а осудувањето – греда (Лк. 6:42).

Оној фарисеј, кога зборувал за своите добродетели и Го славел Бога заради нив, не зборувал невистина – и ние сме должни да Го славиме Бога ако нам ни тргне од рака да направиме некое добро – и не бил осуден заради тоа, како ни за она што рекол: „Не сум како останатите луѓе“; туку кога се завртел кон цариникот и рекол: „Или како овој цариник“. Тогаш се изложил на осуда, затоа што го осудил човекот, го осудил неговото расположение на душата, целиот негов живот. Затоа цариникот и излезе оправдан, а не оној (Лк. 18, 11).

Навистина, зошто ние осудуваме и што сакаме од Божјите твари? И без тоа ние имаме за што да се грижиме. Нека секој внимава на себе. Единствено на Бога му припаѓа правото да суди и оправдува. Единствено Он ја знае моќта, способноста и устројството на телото и на душата и околностите на секој од нас.

Се сеќавам, имав чуено дека некогаш се случила ваква случка: Во едно пристаниште пристигнал брод полн со робови. Слушајќи за тоа, една света девојка во тоа место, многу се зарадувала, затоа што сакала да купи едно девојче и да го воспита така што тоа да не ги знае пороците на овој свет. Таа дозна од сопственикот на бродот дека има на располагање две девојчиња, токму такви какви што таа сакала. Веднаш откупила едно од нив и го зела кај себе. Кога бродот стигнал на следното пристаниште, една развратна жена го откупила другото девојче.

И така, оваа света девојка го зеде девојчето и го воспитала во страв Божји, упатувајќи го на секое добро. А онаа жена блудница, земајќи го она кутро (девојче), направи од него ѓаволско орудие. Бидејќи, на што можела таа несреќница да го научи кутрото дете, освен на пропаст на душата?

Кажете ми сега: што можеме да речеме за нивната страшна судбина? Двете девојчиња биле мали, двете продадени, не знаејќи ни самите каде. Но, едното се нашло во Божјите раце, а другото паднала во ѓаволски канџи.

Може ли некој да претпостави дека Бог исто ќе бара и од едното и од другото? Тоа е невозможно. Едното знаело за судот и за Царството Божјо, деноноќно се учело на Божјите слова, а другото никогаш ни видело ни чуло нешто добро. Како, значи, двете да бидат судени со еден ист суд? Може ли сега некој тоа да го објасни?


Значи, никој не може ништо да знае за Божјите судбини, затоа што единсвено Он знае сé и единствено Он може да суди.

Се случува, на пример, некој да греши од простота, но има извесна добродетел која е поугодна на Бога многу повеќе отколку сиот твој живот, а ти го судиш и осудуваш, обременувајќи ја на тој начин само својата душа. Ако му се случи и да погреши, знаеш ли колку пред тоа се борел и колку труд вложил за да го избегне гревот, и, што знаеш, можеби неговото грешно дело, пред Бога е праведно дело, зашто Бог го видел неговиот труд и неговата жалост, и го помилувал. А ти го знаеш само неговиот грев. И додека Бог го милува, ти го осудуваш и ја губиш својата душа. Неговиот грев си го видел, но покајанието – не. Знаеш ли колку солзи пролил пред Бога заради тој грев?

И кога барем само да осудувавме… Но, ние имаме обичај и да го презираме грешникот и да ја вртиме главата од него, како од некоја гадост. Тоа е уште полошо и уште пострашно. Но, ни на тоа не запираме, на таа своја сопствена штета, туку веднаш одиме и понатаму, и веднаш штом сретнеме некој, велиме: Знаеш ли што направи тој и тој, и така и во неговото срце внесуваме смут и грев. И не се боиме од Оној, Кој рекол: “Тешко на оној кој ближниот свој го напојува со матна вода” (Авак. 2, 15).

Сето ова, пак, ние го правиме, затоа што немаме љубов. Кога би имале љубов, би гледале на недостатоците на ближниот со болежливост и сочувство, како што е и напишано: „Љубовта покрива многу гревови“ (1 Петр. 4, 8); и „Љубовта не мисли зло; сé поднесува, сé покрива“ (1 Кор. 13, 5).

Така значи, кога би имале љубов, љубовта би го покрила секој грев. А светителите така и прават кога ќе ги видат човечките недостатоци. Мислите ли дека светите се слепи и не гледаат? Има ли некој кој повеќе го мрази гревот од нив? Па сепак, тие не го мразат човекот и не го осудуваат, не ја вртат главата од него, туку сострадуваат со него, тагуваат заради него, го вразумуваат, го лечат и прават сé за некако да го спасат. Со долготрпеливоста и љубовта, тие го привлекуваат и придобиваат, со него постапуваат како мајка со развратен син, за со тек на времето да го исправи.

Ако, значи, сакаме да се сочуваме од озборување, осудување и презирање, мораме да ја умножиме љубовта и да си помагаме еден на друг. Кој е тој од нас кој, ако на раката или ногата има рана, се грози од самиот себе и си ја отсекува раката, макар сета била во гној? Напротив, сето внимание го обрнува токму на таа рака: ја мие, ја помазува со лековита маст, ја завиткува во чисто платно и моли да се исцели. Така треба да се постапува и со грешникот, затоа што ние сме, вели Апостолот, „едно тело во Христа“ (рим. 12:5). Секој треба да му помага на другиот според своите сили, или со поука, или со утеха, или со пружање на помош. Секој треба да се труди да има мир и единство со сите, бидејќи колку повеќе човек се соединува со луѓето, толку повеќе се соединува со Бога.

За подобро да ви објаснам, ќе ви го претставам тоа со една слика, која нам ни ја предале Светите Отци:

Замислите еден круг, неговиот центар и правите линии кои поаѓаат од центарот. Претпоставите сега дека тој круг е светот, центарот на кругот – Бог, а правите линии, кои одат од периферијата кон центарот – патиштата на човечките животи. Колку светителите, сакајќи да Му се приближат на Бога, влегуваат во внарешноста на кругот, толку стануваат поблиски до Бога и еден кон друг. И колку се приближуваат кон Бога, толку се приближуваат еден кон друг; и колку се приближуваат еден кон друг, толку се приближуваат кон Бога. Исто така треба да се разбере и оддалечувањето: кога се оддалечуваат од Бога и се вртат кон надворешноста, кон периферијата на кругот, јасно е дека колку се оддалечуваат од Бога, толку се оддалечуваат и еден од друг; и колку се одделуваат еден од друг, толку се оддалечуваат од Бога. Таква е природата на љубовта: колку сме надвор и не Го љубиме Бога, толку секој е оддалечен и од ближниот. А ако Го љубиме Бога, тогаш толку се приближуваме кон Бога преку љубовта кон Него, колку што со љубовта се соединуваме и со ближните; и колку се соединуваме со ближните, толку се соединуваме со Бога.

Нека Бог нé удостои да го слушаме она што е корисно и тоа да го вршиме, бидејќи колку што ние се трудиме да го исполниме она што сме го чуле, толку Бог нé просветува и упатува да ја разбереме Неговата света волја. Нему слава во вековите. Амин!

Преземено од: https://maranata0.wordpress.com/2011/06/21/%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%bb%d0%b8%d0%b6%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%99%d1%83%d0%b1%d0%be/#more-1465

Извор: ПОУКА АВЕ ДОРОТЕЈА О НЕОСУЂИВАЊУ БЛИЖЊИХ (И О ЉУБАВИ)

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1114
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1672
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1106
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »