Слово корисно и спасително за душата до Теодул од преподобниот Исихиј, презвитер ерусалимски




39.  „Ѓаволот обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта“ (1. Петр. 5, 8). Тој нѐ заобиколува постојано со своите војски. Затоа да не престануваат никогаш во нас вниманието на нашето срце, трезвеноста, противставувањето на лошите помисли и молитвата кон нашиот Бог – Господ Исус Христос.

40.  Зашто подобра помош од Исусовата нема да најдеш во целиот твој живот, оти Он е Бог и како Бог ги знае сите демонски стапици, заобиколување и лукавство. Затоа душата твоја храбро да се надева на Христа и Него да Го повикува и од непријателите духовни да не се плаши, зашто не војува душата твоја сама; со неа е секогаш Силниот Цар – нашиот Господ Исус Христос, Создателот на сѐ што постои, телесно и бестелесно, видливо и невидливо.



41.  Како што дождот, колку повеќе паѓа на земјата, толку повеќе ја омекнува, така и светото име Христово, ако го изговараме без лоши помисли, колку почесто Го повикуваме, толку повеќе го омекнува нашето срце, преисполнувајќи го со радост и со веселба.

42.  Неопитните треба да знаат и тоа, дека ние нахранетите и приврзаните за земјата кои мудруваме телесно, дека нашите бестелесни и невидливи непријатели, кои го сакаат нашето зло и кои се мудри и знаат како да ни го претставуваат, кои се брзи и лесни, искусни во духовната борба против нас, која ја водат од Адама до сега, немаме некоја друга можност да ги победиме, освен само преку непрестајната трезвеност на умот и со повикувањето на помош на Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Создател. Нека Исусовата молитва ни биде поттик и раководство во самоиспитувањето и познавањето на доброто, а за опитните најдобриот учител во доброто е дејствувањето – дознавањето на дело и вкусувањето на доброто.




Изворː Добротољубие, Том II.

 

 

 

 Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

26-ти јуни  2018 лето Господово

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци