Братот го праша ава Пимен за тоа каква дејност има монахот. Ава одговори: „Авраам
кога дојде во ветената земја, си купи себеси гроб и од гробот почна да владее со
ветената земја.“ Братот запраша какво е значењето на гробот. Ава одговори: „Тоа е
место на плачот и ридањето.“
Следниот израз му припаѓа на ава Пимен: „Плачот е двостран: дејствува и чува.“
Братот го праша ава Пимен: „Што да правам со моите страсти, кои ме рануваат?“
Старецот му рече: „Плачеме со сета сила пред добрината Божја додека таа не ни даде
милост.“

Еднаш ава Пимен, минувајќи низ Египет, здогледа жена како седи на гроб и горко
плаче. Тогаш тој рече: „Дури и од целиот свет да се соберат да ја тешат, не би можеле
да ја извлечат нејзината душа од плач. Така и монахот треба постојано да има плач во
себе.“
Еднаш преподобен Пимен одеше со ава Анув по околината на градот Диолка.
Здогледувајќи таму жена како се растргнува и горко плаче над гробот, тие застанаа
да ја слушнат. Потоа, малку понатаму, пресретнаа еден минувач и свети Пимен го
запраша: „Што се случило со онаа жена? Таа толку горко плаче.“ Минувачот
одговори: „ Умреа нејзиниот маж, син и брат.“ Тогаш ава Пимен, обраќајќи се на ава
Анув, рече:

„Ти велам: ако човек не ги умртви сите свои плотски желби и не стекне таков плач:
тој не може да биде монах. Сиот живот на монахот е плач.“
Старецот рече: „Плачот го поучува (на душевно дејствување, на душевен подвиг)
монахот. Ако нема плач, невозможно е да се сочува од растројство и конфузија. Јас
одговорив: „Кога јас сум во ќелијата, плачот пребива во мене, ако пак некој дојде кај
мене или јас излегувам од неа, повеќе не го наоѓам.“ На тоа старецот рече: „Тоа е
затоа што ти не си го усвоил плачот, туку како да ти бил даден на заем.“ Молев да ми
ги објасни тие зборови. Старецот рече: „Ако човекот со сите сили се потруди да
стекне плач, ќе го здобие да му служи кога и да посака.“

Братот го запраша ава Пимен: „На што треба да се насочи вниманието на
безмолвникот во ќелијата?“ Старецот одговори: „Јас сум сличен на човекот кој згазил
во кал до гуша, кој носи товар околу вратот и повикува кон Бог:
„Помилуј ме!“ „Помилуј ме!“ Тоа се зборови на оној кој во душата го сместил
плачот. Плачот, кога ќе го достигне својот напредок, не може да се обучи во
многумисливост и многуговорливост: нему како изразување на несеопфатно духовно
чувство доволна му е само кратка молитва.
Братот го запраша ава Пимен за монашката дејност. Старецот рече: „Кога Бог ќе нé
посети, повикувајќи нé во вечност: што тогаш би не загрижило?“- Братот одговори:
„Нашите гревови.“ Старецот рече: „Значи, влегуваме во нашите келии, се осамуваме
во нив, се сеќаваме на нашите гревови и Господ ќе нé слушне.“ Овде треба да
подразбереме, не површински, ладно сеќавање на гревовите и својата гревовност-
туку сеќавање споено со покајание, со плач.
Кога ава Арсениј Велики го заврши својот живот- свети Пимен дознавајќи за смртта
на Великиот, заплакувјќи рече: „Благо тебе, ава Арсение! Затоа што ти плачеше
поради себе во овој живот. Оние кои не плачат овде, вечно ќе плачат. Не е можно да
не плачеш, или овде доброволно или таму неволно, со маки.“


Извор: https://podviznickaslova.wordpress.com/2015/11/09/ava-pimen- o-plachu/

6-ти септември 2017 год.

 

 Подготви: Снежана Корнет

 

Друго: