„Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, со таа цврстина доведувајќи ги во недоумица своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.

Ваквиот карактер на еден војсководец станува причина за необични успеси, па одненадеж цела низа порази и несреќи се крунисуваат со одлучни победи и славења. Таков треба да биде и умот – тој предводник во невидливата борба против гревот. Ништо, никакво искушение што доаѓа од луѓето или демоните, кое се појавува од паднатата природа, не треба да го вознемири. Извор на сила и непоколебливост нека биде верата во Бог, Кому сме Му се посветиле на служење и Кој е – Сесилен. Малодушноста и збунетоста се раѓаат од неверувањето; но, штом подвижникот ќе прибегне кон верата – малодушноста и збунетоста исчезнуваат како ноќна темнина наспроти блесокот на сонцето.“

Свети Игнатиј Брјанчанинов

 

Избор од фејсбук страната на: Моника Николова