логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Почитување на иконите
Ава Јустин Ќелиски:


Отелотворувањето на Бог Логосот, Кој е жив Лик, жива икона на невидливиот Бог (Кол. 1, 15), е основа и за нашето побожно почитување на светите икони.
Почитувањето на светите икони постоело во Црквата од самиот нејзин почеток (за што сведочат фреските во најстарите христијански катакомби, уште од вториот век во Рим и на грчките острови). 
 
Затоа Православната Црква на својот VII Вселенски собор ги осудила еретиците иконоборци, кои сакале да го порекнат почитувањето на светите икони. Ова почитување го порекнуваат денес и некои од секташите, кои го порекнуваат дури и почитувањето на светиот и живототворен Крст Христов.

Но, ние веќе имаме видено какво спасоносно значење и сила за нашето спасение има чесниот Крст Христов, заради што со св. Апостол Павле и говориме, поклонувајќи му се на Крстот Христов:
„А мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос,...“ (Гал.6,14)

Покрај чесниот и живототворниот Крст, ние побожно ги почитуваме и светите икони, најнапред пречесната икона на Христос Богочовекот, а потоа и иконите на Пресвета Богородица и Светите Апостоли и Угодници Божји.

Зашто, по зборовите на Светите Отци, почитувањето коешто се укажува на иконата се однесува на нејзиниот Прволик, на лицето на самиот Богочовек Христос, по чијшто лик е и создаден секој човек (ср. Кол, 3,10).

Иконите, во никој случај, не се идоли (почитувањето на идоли Бог го забранил во својата втора заповед, дадена преку Мојсеј) и ние не ги сметаме за некои божества, туку само за свети слики, кои самиот Бог уште во Стариот Завет заповедал да се почитуваат во храмот (скринија) Хебрејски (види 2.Мојс.25,10-26; 26,1-33; 5.Мојс.10,1-5).
 
Во Новиот Завет, од отелотворувањето Христово, светите икони се почитуваат како свети сликовити свидетелства на преголемата тајна на вообличувањето на Бог Логосот во тело и обличје човечко; тие се Свето Писмо за неписмените; тие се место на присутност на благодатта Божја, заради што многубројни свети икони се и чудотворни и мироточиви.
Православната Црква ги почитува иконите на светителите, односно ликовите кои се претставени на иконите.

Икона е грчкји збор и значи слика. На иконите Црквата ги претставува:
Господ Исус Христос, Богородица, ангелите и светителите.
Со почитување на иконите ние ги прославуваме оние кои се на нив и го оживуваме споменот на нив. Како што од љубов, почит, потсетување и спомен ги чуваме сликите на своите роднини и пријатели, така слично е и со иконите на светителите.

Иконите се споменици на религиозните великани, споменици кои нè потсетуваат на нив и нивната работа; многу јако средство за религиозно-моралниот живот, затоа што будат жив спомен на нив и нивните дела кои загреваат, воодушевуваат, предизвикуваат и влечат да ги подражаваме.

Гледајќи ги иконите, се сеќаваме на побожниот живот на оние кои се на нив претставени и тоа нè побудува да се угледаме на нив и ние да ги исполнуваме христијанските доблести како и тие и тераат на потопла и позадлабочена молитва.
 
 Вистина е дека човек може да се моли и без икони, но тие подобро ја задоволуваат човечката природа, зашто човекот е составен од душа и тело, па потребно му е нешто видливо, за во него да предизвика претстава на невидливото и да створи поголемо молитвено расположение.
 
 Светите икони се како отворена книга од која се учат сите, а особено неуките. Свети Јован Дамаскин вели:
„Иконата е како учител за простите, кои не знаат да читаат, а книга за писмените; таа му зборува на погледот, колку и зборот на слухот. Иконата е како книга... која ни помага да се сетиме на делата Божји и на светителите негови“.

Затоа иконите треба да се почитуваат. А ги почитуваме ако ги ставаме во храмовите, куќите и други места; ако им се поклонуваме; ако ги целиваме; кадиме и пред нив свеќи палиме.
 
Иконите во Стариот Завет:

Употребата и почитувањето на светите икони го потврдува Светото Писмо. Самиот Бог му заповедал на Мојсеј да направи ковчег на заветот, кој бил видлива слика на присутноста на невидливиот Бог, Негов Престол и да направи два златни херувими на ковчегот и да извезе исто така два херувими на завесата, која го делела светот од светињата над светињите.
 И Соломон, кога го подигнал храмот, поставил два херувими на ковчегот на заветот и голем број на завесите и ѕидовите.


Во Новиот Завет:

Во Новиот Завет уште појасно е потврдено почитувањето на иконите. Во христијанството од почетокот иконите се во почитуваање и во употреба. Ова го потврдуваат многу споменици од првите векови на христијанството.

Според преданието, кое го има признаено Седмиот вселенски собор, самиот Спасител го испратил својот неракотворен лик на едескиот цар Авгар.
Иконите се наоѓаат на ѕидовите во катакомбите, пештерите, маченичките гробници и други места, каде што се собирале христијаните на молитва. За употребата и почитувањето на иконите сведочат и многу свети отци и учители на црквата.


Ерес на иконоборците:

И покрај толку свидетелства за почитувањето на иконите, имало и такви кои се противеле на тоа. Од историјата на Црквата познато е дека борбата против иконите траела, со прекин, повеќе од сто години.

Иницијатори на борбата биле византиските цареви, а мотивите биле разни. Меѓу самите богослови имало и такви кои не биле согласни со употребата, а особено со почитувањето на иконите. И монофизитите биле против почитување на иконите.

За утврдувањае на ова мислење влијаеле мухамеданците и павликијаните, кои во почитувањето икони гледале идолопоклонство. Иконоборците се повикувале на втората заповед Божја и на списите на старите црковни писатели, кои биле непријатели на иконите.
 
Борбата против иконите ја почнал царот Лав III Исавријанецот со издавање на едикт во 726 година. Уште пожестока борба продолжил царот Константин V Копроним.

Но, кога на престолот дошла царицата Ирина, таа го свикала во 787 година во Никеа Седмиот вселенски собор. Со одлука на овој собор не само што е дозволено, туку е и корисно и на Бога угодно да се употребуваат икони и да се почитуваат.

Почитувањето не се однесува на материјата од којашто иконата е изработена: дрво, злато, боја и др, туку на ликот кој е претставен на неа. По смртта на царицата Ирина повторно почлнала борбата против иконите. Ја воделе царевите Лав Ерменин, донекаде Михаило II и Теофило.
 
Кога умрел царот Теофило, на престолот стапила неговата жена Теодора, наместо малолетниот син Михаило. Таа ја укинала борбата против иконите и го свикала соборот во Цариград во 842 година.
На овој собор осудени се иконоборците и свечено се прокламирани заклучоците на Седмиот вселенски собор. Првата недела на велигденскиот пост иконите триумфално се внесени во црквите.
 
Славејќи ја победата над непријателите на иконите, одлучено е, заради спомен, таа недела да се слави секоја година како Недела на православието. Покрај цариците Ирина и Теодора, голема заслуга за оваа победа припаѓа на Св. Герман, патријархот цариградски, Св. Јован Дамаскин, Никифор исповедник, патријархот цариградски и Св. Теодор Студит, а особено на монасите кои биле големи поборници на почитувањето на иконите.

(Преземено од: Догматика, Книга II, В. Ракиќ)

Христос се овоплоти...

Светите икони се и уметнички дела и споменици на културата и општочовечко културно наследство, но и многу повеќе од тоа: тие се документи на христијанската вера, верата во тајната и неминливата смисла и боголикост на ликот човеков, христоликата личност на Светителите, како вистински луѓе.
 
Првиот таков вистински човечки Лик пројавил самиот Христос. Достоен е за нашата љубов и почитување уметничкиот лик на светите икони, низ кој видливо се покажува неминливата убавина и достоинство во личноста на човекољубивиот Господ Христос како Богочовек и исто така, неприкосновената вредност и убавина на неминливиот христолик во личноста на човекот.
 
Светите икони на видлив начин ни ја покажуваат таа боголикост и христоликост, т.е. она што човекот токму и го прави човек – прекрасна и боголика жива личност, вредна и способна за вечна убавина, за вечен вистински живот во љубов со Бога и со другите луѓе.

Човечкото битие, по своето создавање и назначување, е боголико и богоподобно и токму затоа Синот Божји станал човек, се овоплотил и се очовечил, за лично да ја покаже и во Себе да ја пројави богоубавината на човекот, како најмилото битие Божјо, назначено за вечен пријател и син Божји.

Светите икони, во храмовите и по домовите, постојано видливо нè потсетуваат на таа вистина за човекољубието Божјо и боголикоста човекова. Како свети уметнички ликови, пред кои со љубов и почит стоиме, ги посматраме, се молиме, црковните икони литургиски нè воздигаат кон светиот Прволик и Првообразец – Христос и кон прославените на небото Свети луѓе, како што рекол Св. Василиј Велики.

(Преземено од: Духовност на православието, јеромонах Атанасиј)

Орос на верата на Седмиот вселенски собор

... Ние се држиме неизменливо до сите црковни, нам завештани, пишани и непишани преданија, од кои едно е и изобразувањето на иконичниот живопис, зашто е согласно на историјата на евангелската проповед, заради потврдување на вистинитото и непривидното очовечување на Бог Логосот ...

Паралелно со знакот на Чесниот и Животворен Крст да се поставуваат чесни и свети икони, кои се соодветно направени од бои и мозаици и друг материјал, во светите Божји цркви, на свештените сосуди и одежди, на ѕидовите и даските, во куќите и по патиштата; и тоа:
иконата на Господ и Бог и Спасот наш Исус Христос, Пречистата Владичица наша Света Богородица, Чесните Ангели и сите Свети и Преподобни луѓе.

 Зашто, воколку тие постојано се посматраат во ликовните изображенија, вотолку и оние што ги гледаат се покренуваат кон пожелување и подражување на самите оригинали.
 
И на нив да им се оддава целивање и почесно поклонение, но не и вистинско служење по верата наша, кое прилега само на Божествената Природа, туку, исто како на знакот на Чесниот и Животворен Крст и Светите Евангелија и останатите свештени посвети, така и во чест на овие, да правиме принос на кадење и светлоста, како што тоа бил побожен обичај и кај древните христијани.

Зашто, честа којашто се оддава на иконата (ликот) преминува на Оригиналот (прволикот) и кој се поклонува на иконата, се поклонува на личноста на оној којшто е на неа насликан...
 
Беседа за вистинската вера на Свети Сава од 1221 година:

„Се поклонуваме и ја почитуваме и со љубов ја целиваме сечесната икона на човечкото овоплотување на Богот Словото (Христос), помазан со Божество и останувајќи непроменет, така што оној којшто е помазан со вера, смета дека на иконата го гледа самиот Бог, Кој се јавил во тело и со луѓето поживеал.
 
Се поклонуваме и чест оддаваме и на иконата на Пресвета Богородица и на иконите на сечесните Божји Светители, воздигнувајќи ги очите на душата наша кон Првообразниот Лик и вознесувајќи го умот наш на несфатливото и неискажливото“.

 
Превод од српски:
Мирјана Даниловска  Мина

http://izmedjusenki.blogspot.com/2010/07/postovanje-ikona.html



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5830
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6433
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5626
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная