Св. Ефрем

Вoзљуби ја сиромаштијата Христова, за духовно да се збогатиш преку неа. Постот е колесница, која води кон небото. Постот ги раѓа пророцитe и ги умртвува законодавците. Постот е добра заштита на душата и надежен сожител на телото. Тој е оружје за доблесните и училиште за подвижниците. Постот ги отстранува искушенијата и поттикнува на подвиг во благочестието. Тој е сожител на трезвеноста и виновник за целомудрието.

  • Постот е доблест во борбата. Тој згаснувал огнена сила, ја затворал устата на лавовите. Постот ја воздига молитвата кон небото. Тој е мајка на здравјето, наставник на младоста, украс на староста и добар сопатник на оние кои патуваат. Тие што постат, имаат чесно тело и скапоценна душа. Постот го успокоил Лазар во пазувите на Авраама и затоа и ние да го возљубиме, за тој да не’ прими во Авраамовото крило! Да го избегнуваме раскошот и да не бидеме робови на пијанството. Тие се извори на блудството. Пијанството не го прима Господа, туку Го отстранува Светиот Дух од нас.
  • Постот е благоустројство за градот, благочестие за пазарот, мир за домовите. Постот е чувар и закрилник на девственоста. Постот е пат кон покајанието и виновник за солзите – тој не го љуби светот и она што е во него! Да не паѓаме во униние кога постиме, затоа што во секоја црква ангелите ги запишуваат имињата на оние кои постат.
  •  Постот е туѓ на злопамтењето – оние кои ги помнат огорченијата и злото кое им било нанесено, макар и навидум да постат и да се молат, наликуваат на луѓе кои црпат вода и ја наливаат во продупчена бочва! Бог не ги прима молитвите на човек кој го помни злото на брата си. Нека биде славата и силата на Господа, сега и во веки веков.


Амин.

Извор: Постът

Преземено од: Маран Ата