логоFacebookTwitterYouTubeeMail


(Коневицки манастир)
Сергеј Бољшаков


Во Коневица, на далечниот север, поминав неколку недели во 1951. година, живеејќи како отшелник во визбичка во шумата. Деновите беа топли и сончеви. Шуми и езера, езера и шуми. Манастирчето беше неголемо, а братијата малубројна и во поодминати години. Меѓу монасите беа и луѓе многу духовни. Најдобро од сите нив го помнам отец Доротеј. Еднаш го запрашав:
-Како да се достигне духовен мир?
-Треба да се смириш, одговори отец Доротеј, потсмевнувајќи се.
-Што значи „да се смириш“, повторно запрашав.
-Еве што! Кога бев млад послушник на Валаам, мојот Старец, кому му прислужував, еднаш ми рече: „ Димитриј, тебе ќе ти биде тешко да се смириш! Весел си по природа и премногу темпераментен. А ако не се смириш, не можеш да достигнеш чиста молитва, и монаштвото нема ништо да ти вреди“. И погледни, јас тогаш го запрашав него баш како што вие мене денеска – што значи да се смириш? Старецот ми одговори: „Тоа е многу просто. Еве, сега е лето, а ти како желно да ја чекаш есента, кога полските работи ќе бидат помалку?! – „Точно баќушка…“ – „Но и кога есента ќе дојде, ти желно очекуваш кога ќе станеш расофорен?“ – „Да, баќушка.“, - „Но потоа, мантијата желно ќе ја очекуваш, а потоа и јеромонашкиот чин. Ете, тоа значи дека не си се смирил. А, види, кога ќе ти стане сеедно дали е пролет или есен, лето или зима, Божиќ или Велигден, дали си искушеник или схимник, и кога ќе живееш за денешниот ден, бидејќи „доста му е на денешниот ден неговото зло“, и да не мислиш и да не очекуваш, туку целиот да се предаваш на волјата Божја, ете тогаш ќе се смириш“. Многу години од тогаш поминаа, јас примив мантија, добив јеромонашки чин, а и понатаму нешто чекав. Потоа ме преместија за мајстор за санки. Не сакав, ама морав да прифатам. Но, штом ме преместија тука станав весел а другите плачеа. Сето тоа е Божја волја. Ако Божјата волја ја примаш благодушно и со љубов и не чекаш остварување на своите будалести барања, тогаш ќе бидеш смирен. Само тоа уште е многу далеку за вас, Сергеј Николаевич! Вие сеуште „своето го барате“. Само без смирение нема да ја достигнете чистата молитва.
-Кажете, отец Доротеј, во што се состои чистата молитва?
-Тоа е молитва без помисла, каде мислата не бега секаде наоколу, во се наоколу, вниманието не се расејува, а срцето твое бдее, т.е. пребива во страв Божји или во умиление. Кога пак се молиш со уста, а мислите твои стојат далеку – тоа не е молитва.
-А како се стекнува чиста молитва?
-Секако, со труд. Дали сте слушнале за Исусовата молитва?
-Да, имам чуено.
-Дали сте се обиделе да ја практикувате?
-Пробав.
-Дали ви одеше?
-Слабо.
-Не очајувајте. Само упорно ја повторувајте и во свое време молитвата ќе дојде..
-А како ќе знаеме дека сме достигнале чиста молитва?
Отец Доротеј ме погледна испитувачки и праша:
-Сте слушнале ли за молдавскиот Старец?
-Не.
-За него пишува монахот Партениј во своите Поклоненија. Како да не сте го читале ни него?
-Не, не сум.
-Прочитајте, многу е поучно и корисно. Партениј еднаш го прашал молдавскиот старец за чистата молитва. И види, старец Јован му одговорил дека кога почнал да се подвизува во Исусовата молитва, отпрвин тоа морал да го прави со голема самопринуда, а потоа му станувало се полесно и полесно. Потоа молитвата му легнала на срце и потекла како поточе – станала самоделатна. И почнал да се повлекува од луѓето, отишол во пустиничка и престанал да прима не само христијани од светот, туку и монаси примал ретко. И се јавила кај него неодолива жед за молитва. Кога Партениј го прашал старецот што е тоа неодолива молитва, отец Јован му одговорил: „Еве што е неодолива молитва! Станувам – вели – на молитва пред зајдисонце, а кога ќе се освестам сонцето веќе отскокнало високо на небото, а тоа да не сум го ни забележал“. Ете тоа е чиста молитва.
-А кажете, отец Доротеј, колку е потребно чиста молитва за делатен живот, ама на пример, за живот мисионерски?
-Таа е многу корисна. Кога човек се подвизува во Исусовата молитва, тој се уподобува, да речам, на липа во цвет. Кога на липата нема цветови, тогаш ни пчели не долетуваат. А кога липата почнува да цвета, миризбата од нејзините цветови ги привлекува пчелите од секаде. Исто така и со подвижникот кој се утврдува во Исусовата молитва. Миризбата на молитвата и добродетелствата коишто низ неа произлегуваат, привлекуваат кон него од секаде добри луѓе кои бараат кај кого да се поучат. Оној кој живее во Христа, Бог го носи на своите раце. Тој не треба да се грижи за ништо, се само му доаѓа.
-А жалости и неволји, ги има ли?
-Како да ги нема? Но и тие му се обраќаат во радост. Но сепак вие тоа уште не можете да го разберете. Малку ви е далечно. Но ќе дојде тоа во свое време.
-Кажете, отец Доротеј, дали е можно човек да се спаси во светот?
-А зошто да не може? Царството Божјо е внатре во нас. Кога во срцето свое ќе ги приклониме колената пред Господа, и му вознесуваме миомирисни кад на чистата молитва. Сте ја читале ли Раскази на еден боготражител?
-Сум ја читал.
-Но и вие тоа можете да го правите. Немитов Орловски бил богат трговец, а оптинскиот старец Макариј го воодушевил со својата молитвеност. Но сепак, кога тоа му станало возможно во својот сопствен дом, станал затворник. На оној кој со Бога почнал да живее и ја видел величината на духовното, тешко му е да остане во светот. Како орел тој високо лета на небото и не може да личи на кокошка која прета покрај патот.
Седевме отец Доротеј и јас на клупичка на крајбрежјето на тивкото езеро. По модрото небо лека поминуваа бели пердувести облаци. Сонцето заоѓаше. Стеблата на високите борови од кои се градат бродови гореа како златни свеќи под зраците на сончевото стивнување. Езерото цело од злато, опкружено со зеленилото на шумата, беше како огледало. Секаде царуваше тишина на далекиот север.
-Ете, пријателу, забележа отец Доротеј, кога вашето срце ќе стане како оваа вечер, да наликува на неговата тишина и мир, тогаш ќе го опсјае светлоста на Незалезното Сонце. -Вие тогаш искуствено ќе разберете што е чиста молитва.
-Кажете ми, отец Доротеј, го запрашав после кратко молчење, како да ја дознаеме волјата Божја за нас?
-Духовните отци зборуваат дека самите околности на нашиот живот укажуваат на неа, а тогаш, можно е и со вера околу тоа да се запраша и некој Старец, или воопшто, мудар човек и најпоследно, може да се суди и по тоа на каде се приклонува вашето срце. Помоли Му се  на Господа да ти ја покаже, баш како што и Спасителот се молел во Гетсиманската градина. Кон што срцето ќе ти се приклони, така и постапувај.

 

Подготвиле: Б.М и Н.К

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 149
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 372
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »