логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

– Дали верувате дека човек треба секојдневно да се распнува, било во семејството, во општеството или во историјата воопшто, до крајот на својот живот, очекувајќи го воскресението во вечниот живот?

– Би сакал, на еден начин да го преместам центарот на вашето прашање од тоа, кога настапува воскресението во вечноста, на тоа, како треба да се разбира самото Распетие. Ќе почнам од подалеку, зашто од лично искуство знам колку неправилно се користи поимот „крст“ и „распнување“ во семејството. Да не забораваме од каде се позајмени тие зборови. Тие се непосредно поврзани со Крстот Христов, кој се јавува како простор на болката и страдањата на апсолутно безгрешен човек, невин за сè што му се случува. Да речеме, неочекувано умира или тешко се разболува некој наш близок – тоа е крст, зашто таквата ситуација се одразува на сите дома. Истото е и со тешкотиите кои се јавуваат при одгледувањето на децата, проблемите со нашето здравје и слично. Но, да се нарекува „крст“, како што тоа обично се прави, лошото однесување на сопругот или сопругата, кога и самите земаме големо учество во таа ситуација, со 50,60,70% или повеќе, тоа не е само грешка, туку и хула во однос на Крстот.

Опитот во сопружничките односи покажува, дека во голема мера и самите сме одговорни за недостојното поведение на другиот, дури и да не сме секогаш свесни за тоа. Веќе ја допрев таа тема, кога зборувавме за кризата во бракот, кога нашата половинка ни станува непријател, во целата сложеност на поимот: „Тој е таков и таков! Се разбира, и јас не сум идеална, но сите проблеми ги создава тој, таков му е карактерот“. А вусшност, моето сопствено поведение може да го дразни, задушува, да го става во безизлезна ситуација другиот човек, и го прави да реагира онака, како што тој знае – со викање, злоба, кавги. Но тоа е многу сериозна тема, за да се зафатиме да ја разгледуваме сега, и да расудуваме како ние влијаеме врз другите луѓе. Се допревме до неа, за да ви обрнам внимание дека не треба неодговорно да го користиме зборот „крст“. Ако ги занемаруваме подобните животни ситуации, не можеме да зборуваме ни за очекувањето на Воскресението. А ако зборуваме, тоа да биде со разбирање на значењето на Крстот. Знаете ли, што претставува нашиот личен крст? Тоа е способноста да го разбереме она што се случува со нас и негоивот карактер. Во таа смисла, поимот „наш крст“ се совпаѓа со поимот „Крст Господов“. На тој начин, акцентот се променува, и веќе не велиме – „мојот крст е мојот сопруг(а)“, но – „мојот крст, сум самиот јас, со сите мои недостатоци“.

Така говореле и светителите. Тие велеле, дека живеат во рајот, и сите проблеми се во самите нив, зашто се обземени од страсти и потчинети на гревовите. Ние сме далеку од тоа, но и покрај сè, не треба да го користиме зборот „крст“ во однос на семејните конфликти. Ако расудуваме на тој начин, ќе дојде и Воскресението, кое можеби и не се изразува во промената на карактерот или на нашите семејни односи – иако, понекогаш се случува и тоа – но тоа ќе биде за нас постојана и спокојна утеха, помош и поддршка, која Господ ќе ни ја испраќа со Својата благодат.

Извор: http://pravoslaven-sviat.org

 

Преземено од: http://www.pppe.mk/2017/shto-mozhe-i-shto-ne-treba-da-se-narukva-semeen-krst-otets-vasilios-termos/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 774
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1053
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1000
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »