vozdvizenie.jpg

П р а ш а њ е: Како е најлесно да се спаси човек?

О д г о в о р: Еве како - да си простосрдечен како апостолите, да не ги прикриваш своите човечки недостатоци, да не се преправаш како многу побожен, да не лицемериш - тоа е патот на нашето спасение. Макар и навидум лесен, тој не му успева на секого и не е разбирлив за секого. А, меѓутоа, тој е најблискиот пат на спасението и ја привлекува Божјата благодат.
Да нема неискреност и подлост, туку откриеност на душата - ете што Му е пријатно на Господ смирениот по срце (Мт. 11, 29).
Ако не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно! (Мт. 18,3).

 

П р а ш а њ е: Што е осудувањето, и зошто отците осудувањето го нарекуваат - антихрист?

О д г о в о р: Осудувањето е тоа, кога ти го гледаш гревот или го знаеш порокот на својот собрат и говориш од целото свое срце: „По мое мислење, тој заслужува или маки, или казна, или болест." Тогаш, ти стануваш судија на ближниот и сакаш да седнеш на престолот на Единствениот Судија - Христос. За твоето гордо безумие ти се присоединуваш кон антихристот... Во своето молчание отците, занимавајќи се со внатрешен труд, не знаеле за гревовите на ближниот, туку го гледале само своето паѓање.

 

Повеќе:

 (Обновено)

 

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

 

3-ти септември 2018 г.