13-годишно девојче почина од рак.
        Родителите ги потресе пронајдокот во собата на ќерката


На 12-годишната Атина Орчард од англискиот град Лестер и’ открија израсток на главата. Тоа се случи пред Божик, а празничната суета допринесе да се заборави на чудниот тумор.

Но, наскоро ведрото и енергично девојче не можеше повеќе да го игнорира израстокот.

Смртна дијагноза

Еден ден, Атина влезе во кујна и се онесвести. Девојчето го однесоа во болница и лекарите дијагностицираа рак на коска. Семејството беше ужаснато.

                           

Атина, која се грижеше за шест сестри и три браќа, сега се бореше за својот живот. Девојчето веднаш го оперираа и го отстранија туморот кој успеа да се прошири на ’рбетот.

После операцијата беше подложена на хемотерапија, од која на девојчето и’ падна косата и ја изгуби виталната енергија. Атина толку ослабна што не се подигаше од кревет.

                           

Кратка битка

Атина се бореше со болеста со сета ведрина и сила која можеше да ја собере.

„Ќерката секогаш беше позитивна и бараше од мене да не плачам“,- рече мајката на девојчето за сајтот Newsner.

Атина почина во кругот на семејството кога наполни 13 години.

Тајно проштално писмо

Неколку дена после погребот на ќерката, таткото ги средуваше работите во нејзината соба и го преместуваше огледалото. На задната страна од огледалото Атина имаше напишано проштално писмо!



„Писмо со 3000 зборови, јас бев шокиран,- објасни таткото. – Започнав да читам, но после некое време морав да престанам, тоа го скрши моето срце“.
                            
Пораката на ќерката

Атина напиша писмо за да ги охрабри родителите, браќата и сестрите, да всели во нив надеж и љубов, да сподели мудрост и да ги успокои.


      

                       
Еве извадоци од писмото:

„Ви благодарам што сте тука. Бидете среќни, слободни, верувајте и останете вечно млади“.

„Чувството на среќа зависи од нас самите. Не станува збор за некаков среќен крај, туку за тоа како ние се однесуваме на патот кон него“.

„Значењето на животот е во тоа да најдеме живот кој значи. Разликата помеѓу обичното и необичното е мала. Среќата е пат, а не одредено место“.

                           

„Чекам да засакам некого кому можам да му го отворам срцето. Љубовта не е тоа со кого ќе ја поминеш иднината, туку без кого не можеш да живееш“.

„Го знаеш моето име, но не и мојата приказна. Слушаш што направив, но не и што доживеав. Љубовта е слична на стакло, изгледа толку убаво, но лесно е да се скрши.

„Секој ден е посебен, така што правете cé што е можно. Утре можете тешко да се разболите, затоа убаво живејте го секој ден. Животот е лош ако вие го направите лош“.  


                            
 
„ Љубовта е ретка, животот е чуден, ништо не е вечно, а луѓето се менуваат“.

„Животот е игра за сите, но љубовта е единствената цена. Ако некој вас ве љуби, тогаш нема да ве остави без оглед на сé. Запомнете дека животот е исполнет со подеми и падови, без неуспех успехот не значи ништо“.

„Нема причина да се плаче, затоа што јас знам дека вие ќе бидете покрај мене“.

Атина го чуваше прошталното писмо во тајност

Како 12- годишно девојче најде сили да напише вакви зборови кои продираат во душа!?

„Атина имаше длабочина, таа сакаше да пишува и поседуваше талент за пишување, тоа ја правеше среќна“, - рече таткото на девојчето.

                           

Вечен спомен

За 13 години живот на Земјата, Атина виде убавина која другите не ја видоа. Таа поседуваше сила како во зборови така и во дела до крајот на животот.

„Атина почина, но ќе остане бесмртна во своите зборови, - вели таткото. – Ние ќе го чуваме тоа огледало. Кога ги читаш нејзините зборови, се чини дека таа сеуште е тука“.

                           

Извор: https://www.epochtimes.ru/13-letnyaya-devochka-umerla-ot-raka-roditelej-potryasla-nahodka-v-komnate-docheri-99049120/

 

9-ти март  2018 год.

 Подготви: Снежана Корнет

 

Друго:

 

П .П.