Суетата поради облеката посебно зема замав во нашево време. Кој нема со што друго да се гордее, тој се гордее со облеката. А оној кој би имал со нешто друго подрагоцено од облеката да се гордее, тој не се гордее. Како што златото не излегува на површина на земјата, така ни духовните вредности на еден човек не се покажуваат однадвор.

Се зборува како некој познат филозоф видел еден младич како се гордее со својата облека, му се доближил и му шепнал на уво: "Тоа исто руно го носеше пред тебе овен, но сепак бил само овен". Да бидеш христијанин и да се гордееш со облеката е многу понеразумно, отколку да бидеш цар и да се гордееш со прашината пред своите нозе. Додека св. Арсениј носел облека во злато исткаена во царскиот двор, никој не го нарекувал Велики. Велики го нарекле тогаш кога безобѕирно целиот се предал во служба на Бога и се облекол во партали.

 

Св. Николај Жички- Пролог 

22-ри јануари 2018 лето Господово

Презенмено од Фб страната на: Аргирета Атева