логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

rsz_greek-orthodox-wedding

Беспочетното, апсолутно Битие ни се откри како ПЕРСОНАЛНО. Тоа е Предвечен ФАКТ на Битието. Како тој, Фактот, е возможен – за вечност останува тајна за сите создадени суштества. Кога станува збор за создадените персони, последниве се создадени „во почетокот“ (1Мојс 1,1 и 26) како чиста потенција, која треба да се актуелизира до тој степен на полнота, додека таа не стане „чист акт“. Целиот овој пат на „актуализација“ на персоната се случува веќе веднаш во взаемодејствието на Бога и човекот, кој во средбата со Бога и Отецот може да се открие до последниот степен и совршено да Му се уподоби, но кој исто така може да се оттргне од Оној Кој го создал во потрагата на „свои“ патишта и форми на битието.

Бидејќи персоната е принцип, кој во себе ја носи целата полнота, оттука, природно, пред нас треба да се разоткријат сите бездни на комосот во своите позитивни и во своите негативни аспекти. Оттука, кога во себе гледаме „подвоеност на личноста“ – присуството и на небесната светлина, и на адската темнина – не мислиме дека тоа е навистина „подвоеност“ на личноста… Не, таа појава е откривање на сите наши можности пред нас, но персоната неизменливо останува една, не подложувајќи се на никаква „поделба“… Од божественото добро, кое се открива пред нас, како и од злото, кое стои пред нашите очи, НАШЕ е слободно да го избереме или првото, или второто… Вечноста му припаѓа имено на принципот на персоната.

Може да се каже, дека сите сме должни да го преминеме тој праг, зад кој лежи новиот почеток на нашиот живот, кој се состои во тоа што започнуваме да се ТВОРИМЕ самите себеси, да бидеме сами свои ТАТКОВЦИ, според идејата на светителот Григориј Назијанзин. Зад тој праг лежи пат, каде секој наш чекор станува длабоко одговорен. И нашата ВЕЧНА иднина зависи и од нас. Т.е. не можеме да Го присилиме Бога, како што и Он не нѐ присилува; Он е слободен да ни го даде Својот живот, но слободен е и да не ни го даде. Сепак, веруваме дека ако сме СОГЛАСНИ да живееме со Него каков што Е, ако се трудиме да Му се уподобиме, следејќи ги Неговите заповеди, тогаш Он никогаш нема да се откаже да биде со нас.

И така, нека Господ ни даде некоја сила одозгора, за да се покажеме способни да се изградеме себеси според нам дадениот образ – образот (примерот) даден нам од Христос (види Јн 13,15) кој со исклучителна сила ни покажа, КАКО може и, според тоа, треба човекот да го помине својот живот.

Да се осврнеме на прашањето, кое не може а да не нѐ интересира сите нас, имено прашањето за односот меѓу луѓето воопшто и меѓу лицата во бракот – конкретно.

Една од најдеструктивните страни на нашето современие, според моето мислење, е сѐ поголемиот губиток кај луѓето на христијанското сознание на својата персоналност и персоналноста на нашите взаемни односи. Отпаѓајќи од верата во воскресението, осудувајќи се себеси на смрт, подобно на смртта на животните, човештвото се дави во бездната на очајанието. Целата смисла на земното постоење за нив се состои во тоа, да се зграби што поголем дел наслади, пријатни чувства, барем моментална самозаборавеност и слично нешто.

Со губитокот на нам откриениот персонален начин на постоење, луѓето во својот очај дошле до дивата идеја – да се оттргнат сите поранешни „табуа“ и да се изгради ново „слободно општество“, кое ќе дава можност за најголем број на experiences(искуства).

Моето мислење (не како клирик, туку како „персона“) е дека човештвото не знаело, од состојбата на својот пад, за моногамија. За паднатиот човек природна е полигамијата. Христијанската моногамија е натприродна; таа е повик кон најдлабоко можно осознание на нашиот персонален принцип и на нашата одговорност. Персоналната љубов – т.е. кога некој љуби одредена персона, токму оваа – не е психичка или физиолошка, да не речам, поврзана со анатомијата или, во најдобар случај, со психата. Персоналниот брак, во суштина, не се повторува, тој е секогаш единствен; неговата смисла е во тоа, да не се остане во пределите на природата, туку со заедничка усилба да се стане „храм“ за служење на беспочетниот Отец. Тогаш бракот станува пат кон спасението. Никој од нас во оваа моментална наша состојба не претставува совршенство. Сите имаме потреба од тоа, и преку дејство одозгора, и со наши усилби, да растеме во познанието на Бога. Ако некој нѐ прифати нас такви КАКВИ ШТО СМЕ, тој, секако, прифаќа нешто далеку од совршенство. Така и ние: ако го прифаќаме подвигот да живееме заедно со некоја персона, ние прифаќаме некого како што тој (таа) е. Според тоа, се наоѓаме пред неопходноста од взаемни творечки усилби за достигнување на бараното вечно пребивање во Бога.

Во Италија се појави прашањето за закон по однос на разводот. Несомнено, никакви енциклики на Римскиот Папа нема да ги убедат луѓето. Само една ништожна бројка од нив се „подзамислуваат“, останатите постепено ќе се побунтуваат против authority(власта). Во својата состојба на опаѓање, деперсонализираните мажи и жени, или поточно, male иfemale, ќе се потчинат на „природните закони“.

Старецот Силуан се придржуваше до овој метод – на човекот да му ги соопшти основните принципи, по чие усвојување тој ќе може самостојно да наоѓа решенија во различните животни ситуации. И мислам дека, во нашиот живот по Бога, тоа е единствениот правилен пат. Тој е „спротивен“ на научниот, индуктивен метод; тоа е така, затоа што Откровението нам ни ја соопштува предвечната идеја на нашиот Бог Отец за човекот, и ние поаѓаме од податоците на Откровението, т.е. одиме по пат на „дедукција“. Тоа не значи дека „опитното индуктивно познание“ во нашиот случај е совршено исклучено.

архимандрит Софрониј (Сахаров)

Подготвил: Георгиј Глигоров

http://mistagogia.mk/starec-sofronij-za-sopruznistvoto/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5786
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6385
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5584
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная