crkva.shuma.jpg
......   Свештеникот П.Г. Овој бачушка беше градски свештеник, а неговиот месен епископ го сакаше. Посетуваше мисионерски курсеви во Казањ. Би се рекло дека не беше некој посебен мисионер, но како редовен свештеник беше прилично добар. Често правеше литии, а и често беше преместуван таму-ваму. Сакаше да живее во раскош, беше многу гостопримлив и сакаше помалку да се расфрла. Кога кочијашот ќе го однесеше некаде во град, обавезно наместо триесет копејки, му даваше рубља или две; престојуваше секогаш кај Евреи, некогаш кај Руси, а наградите ги сакаше повеќе од самиот себеси.

За време на руско-јапонската војна пристапи кон некаков Црвен крст и тука работеше како сметководител. Често го гледав кај извесни членови на духовниот конзисториум, во болница. Не беше со силен ум, но знаеше да се снајде: ласкаше, се додворуваше, ако требаше да се напие, и тоа го правеше. За време на револуцијата (се мисли на револуцијата од 1905. г. ) секогаш се трудеше на најдобар начин да се прилагоди на околностите : денес е –изразит десничар, утре-краен левичар, а задутре- благочестив аполитичен бачушка....

Епархиската управа го именуваше за секретар на епархискиот дом за сираци; кога ревизорите доаѓаа кај него, тој добро ќе ги нагостеше и – нема проблеми.

После тоа поминаа отприлика осум месеци. Еднаш председателот на тој дом за сираци случајно поминуваше покрај благајната и го сретна благајникот. Овој му рече дека синодот им испратил пари, неколку илјади и дека тој, благајникот, од сигурни извори го знае тоа. Председателот, овие зборови на благајникот, го изненадиле и збуниле, бидејќи тој како председател, за тоа не знаел ништо."Што?-уплашено извикна благајникот. Па вие од мене веќе примивте неколку десетици илјади!"Председателот се ужасна: "А кој ги прими тие пари ?"-праша тој.- вашиот сметководител, со овластување добиено од вас".-" Господине благајник, јас немам поим за што ми зборувате"-престрашено порекнуваше председателот. Благајникот го внесе во својот кабинет и му ги покажа сите овластувања за превземање на парите со неговиот потпис и барањата со кои тие пари се побаруваат, со потписите од сите членови на управата и од самиот председател. Кога председателот сето тоа го виде и се увери дека неговиот секретар ги злоупотребил кривично документите, само јаукна, и веднаш побрза затоа да го извести месниот епископ. Тој пак го извести државниот обвинител, и процесот отпочна....

Кога го уапсија овој бачушка, тој, дали од страв, или од желба со своето покајание да ја одоброволи судската администрација, му напиша на обвинителот покајно писмо, во кое, освен овој престап, му открил и нешто ново: признал дека украл 12 илјади од онаа болница во која бил сметководител.

Кога го испратија во занданата, останатите  затвореници дознаа за неговата вина и одлучија да му напакостат. Слушнав дека на него излиле цел казан помија. Осуден е на казна затвор во Јенисејската губернија.

Се испостави дека тој се заљубил во младата Еврејка каде што беше подстанар и дека сакал со неа да отпатува за Америка. Јас, од своја страна, не можам да го осудам. Сметам дека се заљубил затоа што останал вдовец и дека, како млад свештеник, треба да го жалиш. Млад свештеник, убав, здрав, зашто да не стапи во втор брак? Којзнае, можеби тој би станал најпримерен бачушка? Да размислиме – кој меѓу нас е без грев,  дури и меѓу оние кои живеат во монаштво? Жал ми беше за о. Петар!

 „Исповест на сибирските робијаши“-
Архимандрит Спиридон

Подготви: С.С.

Друго:

Исповест на сибирските робијаши   

 

Посети:{moshits}