логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 24/12/2014  
Комуникацијата преку мрежите, која многумина од нас ја избираат како одмор од домашната рутина, воопшто не ни помага да се одмориме, смета Елена Фетисова.
140
„Одморот – е смена на активности!“ – воздивнува младата мајка, насочувајќи се „да се расее“ во мрежата „на неколку минути“ после двочасовната прошетка со децата. Но, обидот да се искористи интернетот како средство за „одмор“ и „растеретување“ некако многу лошо работи. Во краен случај, не онака, како што се очекува.
Обично, мајките практикуваат „прошетки“ по мрежите, кога сакаат на кратко да излезат од детското и да го „освежат мозокот“ после игрите „собери го расфрланото“, а и после многуте часови постојана детска врева. Зашто, ако прашате млада мајка, што најмногу ја изморува во грижата за децата, малку веројатно е дека ќе рече: „Домаќинството!“ Зашто, на крајот на краиштата, со домаќинството се „изморува“ правошмукалката, машината за перење, машината за садови…
Но, со децата едноставно се изморувате од комуникацијата – особено ако има неколку деца, и тие многу сакаат истовремено да ѝ се обраќаат на мајката. Секако, теоретски тоа е многу неправилно – да се изморуваме од комуникацијата со децата, и ќе се најдат многумина кои ќе викнат: „Јас тоа никогаш!…“ Но…

4392

Голем број на жени, на многучасовната комуникација реагираат поинако. Таа звучи приближно вака: „Зошто не ни купите ваков голем дом? А што е тоа нивелир? Ми ја зеде куклата-а-а-а! Не! Не ја давам! А денеска ќе ни купиш чоколадно јајце? Копитата на срната правилно ги нацртав? Прочитај, те молам… Гедај каков воз! Мамо! Вера со маркер црта на креветот! Супа нема да јадам за ништо на светот!“
И така, ти слушаш, одговараш, го чистиш маркерот, убедуваш, слушаш, одговараш… Си ја прочитала „Марула“, „Црвенкапа“, „Хрониките на Нарни“ и „Маша“, а потоа пак „Марула“… Потоа сфаќаш, веќе готово: или малку тишина, или – кој како знае нека се спасува. И се затвораш наивно, во тишина. Пред екран. Може, секако да земеш „сериозна“ книга, но размислуваш: „Подобро вечер – сега мозокот ми е во колапс“.
А на крај, после некое време, се враќаш во детската соба, а твојата состојба воопшто не се подобрила, туку напротив. Покрај општата изморена раздразнетост, се додава и чувството на вина („Туф, пак заради моето отсуство ги налепија ѕидовите со пластелин, го истрижаа Вањка и играа напад на варварите во шкафот!“). Кај децата, за време на разделбата се насобрале нови прашања, а ти – воопшто не си одморила од комуницирање.
Затоа што современиот интернет – е доста добар симулатор на комуникација. Или во најмала рака, тој негов дел, кого го посетуваш, кога сакаш „едноставно да се оддалечиш“. За форумите и мрежите како заменик за комуникација дури е банално и да се пишува. Кој не сретнал „километражни“ постови на млади (често дури и многудетни) мајки на секакви форуми, на секакви теми. Параметрите на социјалните мрежи и форуми се такви, што во еден ден може да си „позборувате“, да стапите во дијалог можеби со пет, десет, педесет соговорници.
Дури и најекстравертната личност ќе се чувствува како „исцеден лимон“, ако разговара со педесет соговорници во еден ден, особено ако тој разговор е придружуван со емоционална вовлеченост.
На интернет, емоциите се замешани речиси секогаш, иако комуникацијата не е директна. Во спротивно, зошто би ги напрегале своите прсти и би пишувале одговори во неколку пасоси на нечиј коментар, ако истиот воопшто не ве интересира и не ве засега? Или зошто да се читаат туѓи два пасоса, ако тие воопшто не ве засегаат?
Дури и пасивното читање на туѓи коментари и текстови – е исто така комуникација, ислушување. И најглавно – премногу интензивно. И во најквалитетната публицистика најпретпочитуваниот стил денеска – е разговор од срце и плетење „приказни“.
Си прочитал – и исто како да си поразговарал со авторот. Во режим на неколку истовремено откриени прозорци – е истото многугласие, како и во детската, само што тука разговорите се „повозрасни“… Си прочитал пет-десет текстови по ред – сметај, дека внимателно си ислушал десет собеседници, кои притоа често расудуваат на доста сериозни и сосема различни теми.
Секако, било кое уметничко дело, било која книга – е исто така разговор на авторот со читателот. Но, од една страна, ние ретко читаме повеќе од три книги истовремено, а најчесто една – то ест, со книгата имаме еден виртуален соговорник неколку дена по ред (дури и обилноста на ликовите сепак се прима како дел од опитот на основниот соговорник – авторот).
Од друга страна, дистанцијата меѓу авторот и читателот во интернет-пространството сеедно изгледа помало. Најкомфортниот за читање интернет-автор – е оној кој пишува јасно, впечатливо, хибриден интелегент со извонредна логика и стил – човек со добро чувство на хумор. Читаш – и имено слушаш, комуницираш. А од прекумерната комуникација, на крај повторно се изморуваш. И до моментот, кога треба „да се излезе од скривалиштето“, да се измие шолјата од кафе и да се вратите кај децата, вие не изгледате ни тронка посвежо.

326

Впрочем, да се искажуваат вакви размислувања на интернет-портал – веројатно е исто онолку паметно, како да се сече гранката на која што седиш.
Но… јас често страдам од сопствената раздразнетост кон децата, од „измореноста да комуницирам бесконечно“, и толку често слушам исти такви „исповеди“ од други мајки, што тешко ми е да застанам, а да не мислам на причините. Имено во овој момент, мислам дека зборувам за една од тие причини. А, покрај на децата, измореноста од преголемото количество на разговори, дури и виртуални, се одразува и на мажот, и на останатите роднини.

Секако, не би требало ова да се подразбере како призив сосема „да се раскине“ со мрежите. Но, можеби, имено во оние моменти, кога сакаме тишина, подобро е навистина да не го отвараме компјутерот. Лесно е да се каже, прекрасно ве разбирам. Но, сепак, неколкуте минути одмор подобро е да се обидеме да ги потрошиме на вистинска комуникација – со Оној, Кој стои пред вратите и тропа, – или на петнаесет минутен сон, кога не успеваме да се помолиме.
На крај, ве молам да ми простите, што го зголемив вашиот денешен обем на виртуална комуникација за повеќе од четири илјади знаци…

Елена Фетисова, 23 декември 2014 г.

Извор: http://www.pravmir.ru/razdrazhayut-deti-otkazhites-ot-interneta/#ixzz3Mis1YSXT

Преземено од: Преспнско-пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 73
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 52
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 159
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

« »