„Радувајте се секогаш во Господа и пак ќе речам:
радувајте се!
Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе!
Господ е близу!
За ништо не грижете се, туку преку молитва и молба
со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања
и мирот Божји што надвишува секој ум,
ќе ги запази вашите мисли и вашите срца во
Исус Христос! (Фил. 4,4-7)

 Манастирот Свети Никола во Мариово бележи десетвековна традиција на најзначаен духовен центар во регионот. Веќе осма година се одвива обновата на оваа духовна градина. Во 2016 г. планирани се значајни конзерваторски работи на манастирската црква, уредување на манастирскиот двор, обнова на старите манастирски оградни ѕидови.
Помогнете го и Вие тоа благородно дело!

Манастир Свети Никола - с. Манастир, Прилеп
Стопанска Банка АД Битола
Жиро сметка: 500000000877295
ЕДБ 4030998349207
ЕМБС 4068882
контакт:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Кога љубовта ќе го опфати срцето на човекот, тој целиот се предава на стремежот да му угоди на Бога. Целиот свој разум и целото свое битие го насочува кон Бога, вечно насладувајќи се со неговата убавина. Кога благодатта ќе го посети срцето и ќе го исполни со божествена радост, душата бара зборови за да ја опише таа радост и не може да најде, бидејќи и највозвишениот збор се чини премалку за тоа неземно чувство.
Ете таква беше радоста што ги исполни срцата на присутните верници во манастирот Св. Никола во прилепското село Манастир.


  Nikola.Mariovo.jpg


На околу 50 километри од Прилеп, во пазувите на славното прилепско Мариово, блеска со својата духовна убавина манастирот посветен на Св. Никола, во кој од пред неколку години е обновен монашкиот живот.


  Nikola.Mariovo.jpg


Манастирот е подигнат на широко карпесто плато, а на стотина метри западно од црквата почнува големиот кањон на Црна Река. Црквата „Св. Никола“ во Манастир е значаен споменик на културата од византискиот период, која содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“, изработени во првиот период од византиското владеење. Ваквиот тип сликарство е многу редок и е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид.


  Nikola.Mariovo.jpg

Црковниот фрескоживопис е колоритен и со стил, близок до Константинополската иконографска школа, а фреските што датираат од 1271 година се едни од најстарите фрескоживописи во Македонија, според конзерваторот Блаже Атанасоски. Црквата е трикорабна базилика без нартекс која на источната страна завршува со три апсиди. Во Првата светска војна црквата била многу оштетена, особено западниот ѕид и сводот. Подоцна била доградена, но без фрескоживопис. Од написот на јужниот и северниот ѕид од централниот кораб се дознава дека денешната црква била подигната во 1266 година на темелите на старата црква подигната во 1095 година од протостаторот Алексеј, роднина на византискиот император Алексеј Комнин. Прв монах бил игуменот Акакиј, а од 2007 година митрополитот преспанско-пелагониски, господин Петар, му даде благослов на својот викарен епископ Климент и неговото монашко братство од манастирот Зрзе, кое воедно е и најзаслужно за обновувањето на монашкиот живот во сите прилепски манастири, да се погрижат и за овој значаен древен духовен центар во Мариово.


  Nikola.Mariovo.jpg

Да се обнови животот во еден манастир значи првенствено да се обнови литургискиот живот во него според светоотечкото предание, во него да се привлекува благодатта Божја преку молитвениот и подвижничкиот живот на монасите. Опитот ни сведочи дека таквиот живот изобилно раѓа плодови и многу пошироко од манастирскиот двор - вели игумен Никола.


  Nikola.Mariovo.jpg


Во 28 недела по Педесетницата, ден после празникот Воведение на Пресвета Богородица, во Црквата Св. Никола игуменот на манастирот отец Никола отслужи Божествена Литургија на која што верниците како жедни срни побрзаа да дојдат за да се напојат од духовната вода и причестувајќи се со светите Христови тајни да се родат повторно за вечен Живот.


  Nikola.Mariovo.jpg

Nikola.Mariovo.jpg


Во треперливата светлина на свеќите, во атмосфера на византиско пеење, верниците заедно со јеромонахот Никола ги вознесуваа своите молитви на Бога.
 

Nikola.Mariovo.jpg
  

“Да се молиме усрдно и чесно, искрено и срдечно - со молитвата да го пронајдеме пристапот до Бога: со неа дише душата, таа го засладува животот, таа ги намалува страданијата, таа ги збратимува народите - таа е патот кон вечноста! “ Св. Јован Златоуст

Nikola.Mariovo.jpg
После литургијата и прошетката околу манастирот на чист воздух во еколошки богатиот крај на Мариово, се радувавме на срдечната гостољубивост на Отец Никола.
Газејќи по се уште водената трева од синоќешниот дожд, додека утринското сонце не галеше со своите зраци, а ветрот тивко дуваше, го слушавме жуборењето на блиската река и уживавме во прекрасниот пејзаж.

Nikola.Mariovo10.jpg
 
Гледајќи ја оваа божествена убавина и чувствувајќи го тој мир кој владее таму, човекот заборава на целиот материјален свет, а душата понесена од благодатта извикува: “Колку се многубројни делата на твоите раце Господи, се си создал премудро! “

   
  Nikola.Mariovo.jpg

 

„Духовниот човек е како орел, а недуховниот како петел... Умот на духовниот дење и ноќе со молитва се воздигнува кон Бога, умот на недуховниот е врзан со земјата... Духовниот како орел лета високо и со душата го чувствува Бога и го гледа сиот свет, а се моли во ноќниот мрак, недуховниот како петел се насладува со славољубие или бара телесни наслади...“, свети Силуан Светогорец.

За Преминпортал подготви:
Викторија Спасеска и Мери Ангелеска

 

Друго:

 Избор од фреските во манастирот: