Сергеј Бољшаков

lavra.jpgТогаш најмногу да имав седум години. Одев со баба ми Алексеевна по мостот преку реката Манастирка во Александро-невската лавра во Петроград. Беше зима, јануари, сонце и сувомразица. Во еден момент гледам кон нас се движи необична висока прилика - старец во сив подрасник, гологлав, со седа коса и со долга брада. Она што, над се, ме зачуди, е тоа што старецот, на лутиот мраз, по снегот, одеше бос – а неговите нозе беа црвени и промрзнати, но розеви, како да одел по мек килим.
Се скаменив од чудење, а уште повеќе, кога старецот, здогледувајќи ја мојата баба, се упати право кон нас:
- Здраво Елисавета Алексеевна! Одите да се поклоните на моштите по ваков мраз? Правилно постапувате. Од Господа не можат да не отуѓат ни студенило ни мраз, а тој малечок со вас, сигурно ви е внук. И него со себе сте го зеле. Добро, добро, Господ да е со вас.
И величествениот старец си замина покрај нас.
- Кој беше тоа, бабо? – запрашав јас.
- Тоа е старец Василиј, сине! Духовен човек. Кај самиот Господар (Цар) пристап има, таа палка со круната од самиот Господар му е подарок.
- А како тој, бабо, оди така босоног? Јас еве, имам крзнени чизми, но сепак нозете ми ѕебат, и капа со ушки, а тој дури ни ракавици на рацете нема, и гологлав е. Како тоа?
- Него го грее молитвата. Ене, на далечниот север, во минатото, Преподобни во пештери живееле, а некои дури и во шуплините на големите дрвја се настанувале. А какви се таму мразевите! Овие овдека се ништо. Нив молитвата ги греела.
- А каква е таа молитва, бабо?
- Таа молитва се нарекува Исусова: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“. Неа монасите се задолжени да ја вршат тајно, а прилично е добра и за мирјаните. Ете, кој во таа молитва се утврди и непрестајно на чита, тој со неа и се грее. Ни за жар, ни за студ тој веќе не се грижи. И глад и жед слабо чувствува. Сепак, денеска, кога верата е осиромашена и во манастирите таа молитва или ја забораваат или ја вршат како било, па затоа кај денешните монаси ја нема онаа смелост на верата која гори преместови и болести исцелува. Ако Старец Василиј оди босоног по мраз, на минус дваесет степени, значи дека има вера и молитва.
- Дали само монасите се подобни да се бават со оваа молитва? - ја запрашава баба.
- Не, не се само тие. Ете, отец Јован Кронштатски исто така е голем молитвеник, твори чуда и исцелува луѓе. Постојат и во светот такви луѓе. Сепак, ти си уште мал сето тоа да го сфатиш, но ќе сфатиш подоцна. Ете, сестрата на дедото на мајка ти била игуманија... А нејзиниот земјак беше митрополит на Петроград, владиката Паладиј. А сега митрополит е владиката Антониј. Тој е многу добар човек. Некогаш бил професор. Му умреле жената и децата и тој заминал за монаси – а денеска, ете, уште одамна веќе е митрополит. Јас уште го помнам и покојниот владика Исидор. Тој имаше повеќе од деведесет години кога умре, а својата владичка должност ја извршуваше, во пензија не замина. Кој живее во немаштија и пост, долго живее и убаво умира. А ти сладокусец, сакаш да каснеш, тоа не е добро! Ништо не треба толку да се сака, за да се врзеш со страст. Се поминува.
- То ест, а што тоа поминуива? – ја запрашав баба. Ете, зимата и летото поминуваат, тоа знам, но што уште?
- Па ете, ти имаше дедо, Аврамиј Павлович, а сега веќе го нема. „Помина“.
Едно такво расудување ме збуни, но не се осмелив баба ми да ја испрашувам понатаму. Влеговме во Тројицката Соборна Црква, каде што се беше топло и светло. Баба зема две свеќи и ние тргнавме да ги запалиме покрај ковчегот на угодникот Божји, светиот и благоверен, великиот кнез Александар Невски. На излегување во пресрет ни дојде достоинствен јеромонах.
- Дојдовте со внукот, Елисавета Алексеевна? И тоа по таков мраз! Пофално.
- А ти си љубопитен?, се насмевна монахот. Него молитвата Исусова како бунда го покрива. А по снегот оди тој како по мек килим. За тоа уште и новопрославениот Саровски угодник, преподобен Серафим не учеше. Ете, и ти така исто се молиш? Научи ја таа молитва и повторувај ја, па сето тоа и самиот ќе го видиш. Сега за тоа си уште мал. Но во свое време почни, инаку ќе се поквариш и верата сосема ќе ја оставиш, ете како студентите овде кај нас. А без вера, братче, нема да поживееш.
- Внучето мое, забележа баба ми, е многу побожно. Кај него во соба има икони преку целиот ѕид. Ќе запали свеќа и кандило и се моли пред нив. Сигурно на игуманијата Анфиса се метнал.
- Побожни се сега, но кога ќе пораснат, по безбожие удираат. А ти, Серјожа, молитвата не ја оставај. Моли се како сакаш, но моли се. Тешки времиња се приближуваат. Ете беше револуцијата, сега стивна, но привремено. Ете, преподобниот Серафим предвидел тешки времиња. Само на молитва и на страдања мора човекот да се потпре. А вие, и јас, Елисавета Алексеевна, до тие стравотии, нема да доживееме. Но тој, вашиот внук, ќе мора. Ете тогаш молитвата ќе му биде од помош.
Враќајќи се со баба накај дома, размислував за сето што бев слушнал. Ми се врежа длабоко во душата. 

Подготвиле: Б.М/Б.Ѓ

{moshits}