Vecerna.Ksenija.jpg

НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ
(1888 - 1948)
Новомаченик од комунистичкиот режим

Патот кон Голгота
        Неврокопскиот Митрополит Борис (Вангел Симов Разумов) е роден на 8/26 ноември 1888 год. на денот кога Црквата го слави споменот на свети-от великомаченик Димитриј Солун-ски - “Митровден”, во селото Ѓавато - Битолско. Неговиот животен пат по чудесен начин е поврзан со Божјиот угодник свети Димитриј. На “Ми-тровден” точно после шеесет години, облеан во маченичка крв, тој се прет-стави пред Господа.
 Уште како млад, Вангел проја-вил љубов кон Словото Божјо. Трети-от клас го завршил во машката гим-назија во Одрин во 1904 год. со одли-чен успех. Есента 1903 год. неговиот татко загинал во Илинденското во-стание во четата на војводата Георгиј Сугарев.
 Во 1904 година Вангел Разумов заминал за Цариград. Таму тој во хра-мот “Св. Стефан” го привлекол вниманието на егзархот Јосиф. Тој (Јосиф) му помогнал давајќи му стипендија за Цариградската духовна семинарија, каде што во 1910 год. Вангел го завршил богословското образованието со одличен успех. На 10 јуни во храмот “Св. Стефан”, Неврокопскиот Митрополит Илари-он го посветил во монашки, ипоѓаконски и ероѓаконски чин, а во 1915 год. ероѓаконот Борис завршил Богословски факултет во Черновиц - Австрија со степен “Доктор по богословие”.
 На 25 ноември 1917 год. ероѓаконот  Борис примил монашки сан од Пловдивскиот Митрополит Максим. Светиот Синод му дал задача да ја опслужува црквата на бугарската општност во Будимпешта. Од 1924 до 1926 год. тој ја обавувал функцијата “главен на културно-просветниот оддел во Светиот Синод” и бил предстојател на храмот “Св. Александар Невски” во Софија.
 Во следните пет години, до септември 1931 год. Архимандрит Борис бил ректор на Софиската духовна семинарија. Потоа до 1935 год. сега како Епископ, Борис е главен секретар на Св. Синод. Во 1932 год. натоварен е со историската мисија за укинување на схизмата на Православната црква во Бугарија (БПЦ) од Цариградската Патријаршија. Преговорите завршуваат успешно на 22 февруари 1945 год.
 На 24 март 1935 год. Епископ Борис е избран за Митрополит во Невро-копската епархија. Таму народот торжествено го пречекал со поздравот: “Добре дојде, Владико Свети”.
 За многу краток временски период Митрополит Борис успеал да изгради над 20 храмови. Го нарекувале “свеста на Бугарската црква” поради неговата исклучителна ерудиција - слободно зборувал тринаесет јазици; и непрекинатата негова борба против атеизмот и комунистичката идеологија. На 29 септември 1948 год. испратил писмо - протест против бесчинствата на комунистичката управа во Неврокопската епархија; до Св. Синод. Митропо-лит Борис насекаде без страв зборувал дека најголемата трагедија за народот и црквата ќе дојде од Советскиот Сојуз, говорејќи за сталинистичките мерки против побожниот народ и православното свештенство.
  Некои од луѓето, неможејќи да поверуваат, прашувале: “Како до Руси-ја?! Па нели од таму ни доаѓаше мирото?! Од Русија ни доаѓаше помош?! Од Русија ни доаѓаа богослужбените книги и црковната “утвар”?! Што направија со Русија?” А дедо Борис им одговараше: Така е, но тешко на еден народ кој ги примил Христовите светињи и не успева да ги сочува! И ако тој народ не се покае, тешко на тој народ”!
 Поради тие зборови, окружниот комитет на Комунистичката партија на Бугарија го прогласила за “непријател број 1” на државната власт. Во 1948 год. во “Работничко дело” излегува статија против Митрополит Борис, со на-слов: “Еден недостоен служител на Православната Црква во Бугарија”. И покрај сето тоа, Митрополит Борис не ја прекинува борбата за враќање на цр-ковните имоти и веронауката во училиштата, така што непрекинато ја издава брошурата: “КРИЗАТА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ” каде што основната теза е тоа што нашето училиште обучува, но не воспитува.
 Во тие тешки денови на искушенија, дејноста на Митрополит Борис се повеќе се засилува. Методиј Симеонов, внук на дедо Борис раскажува како еднаш дедо Борис од самоубиство спасил еден очаен алхохоличар. Тој од самоубиство го избавил и бившиот кмет на Горна Џумаја - Панајот Тасев, кој трагично ги изгубил жената и трите деца...
 Еден ден Борис отишол при блиските, па им кажал: “Дојдов да се збогувам, зашто ова ќе биде посладната наша средба. Синоќа имав видение, мојот крај се приближува. Сонував како падна оган од небото и огнот ме грабна на небо. Наскоро ќе одам да го осветам храмот “Св. Димитриј” во селото Карлово и најверојатно таму ќе биде мојот крај”.
 На 8/26 ноември 1948 год. Митрополит Борис отслужил празнична Божествена Литургија во селото Карлово. Последните зборови од негова проповед во денот на неговото убиството биле: “Секогаш да си спомнуваме и да се подготвуваме за смртта. Спомнувај си за својот крај и никогаш не ќе згрешиш!” Откако Литургијата завршила, Митрополит Борис ја благословил празничната трпеза, но пред да вкуси од неа бил повикан од расчинетиот свештеник Илија Стаменов од с. Хрсово, кој според сведоштвото на народот бил комунистички курир и шпион. Тој бил расчинет поради кражба на црковен имот и пари, но лично бил помилуван од цар Борис III и ослободен од затворот. Расчинетиот свештенослужител побарал Митрополит Борис да му го врати свештеничкиот сан на што дедо Борис без да се двоуми, цврсто се спротиставил бидејќи тоа е спротивно на црковните канони и учењето на светите Отци. Тогаш новиот Јуда ладнокрвно го застрелал пред очите на целиот народ. Последните изречени зворови од устата на Митрополит Борис во часот на неговата смрт биле: “Немој! Вршиш голем грев! ”
 Илија Стаменов бил осуден на седум години затвор од кои одлежал само три под “олеснати” услови, но подоцна завршил во лудница, притоа непрекинато повторувајќи: “Јас го убив..., јас го убив ... ”

Последната од 76-те издадени стихотворби
на Митрополит Борис (Разумов) звучи како завет на целиот негов живот:

Пат кон Голгота

- Мојата љубов,
- ангелски покров!
- Мојата надежда,
- девствена одежда!
- Моите мечти,
- огнени звезди!
- Моите желанија,
- пламени страданија!
- Мојата рана врст,
- маченички крст!
- Мојот пат кон животот,
- пат кон Голгота!

превод:
     Ристески Борис Гоце

 

Извадок од:“Кризата во нашето училиште”