Korica.Pisma.Valaam.jpg 

 

67. 
12 декември 1952 г.


Христос помеѓу нас!
...Пишуваш дека твоите болести се испратени од Бога за твоите гревови.
Не, така не треба да мислиш. Господовите судови се непоимливи и нашиот ограничен, слаб ум не може да разбере на кого Бог му дава болести и неволји. Сепак, знај, дека во оваа долина на плачот, во овој привремен живот, не можеме да ги одминеме!
Господ нека те измудри! Не замислувај Го Бога како строг судија и казнувач. Тој е многу милистив: ја примил нашата човечка плот и пострадал како човек, не заради светителите, туку заради грешниците, слични на мене и на тебе. Не треба да се очајува, бидејќи нема грев што го надминува Божјото милосрдие. Со очајанието ѓаволот секогаш не заплиснува, него не треба да го слушаш. Труди се, колку што можеш, да ги испол-нуваш заповедите Господови, не осудувај никого за ништо и нема да бидеш осудена. Ако добро погледнеш во самата себе, секако, ќе наидеш во себе на гревови, поради кои повеќе нема да имаш причина да ги осудуваш другите. Уште и ова: „Што не сакаш да ти го прават тебе, не прави им го и ти на другите" и останатите евангелски заповеди.
Уште пишуваш дека порано си се милела подобро, а сега „не слушам како ми чука Господ во срцето". Не мисли така. Порано твојата молитва била нереална и за себе, исто така, фантазираше, а сега почна по малку да разбираш и, ете, види каква стана. Колку повеќе човекот Му се приближува на Бога, толку повеќе ја согледува својата грешност.
Свети Петар Дамаскин пишува: „Ако човекот ги увиде своите гревови, недобројни како морската песок, тоа е знак на душевно здравје". Тоа е степен што го достигнуваат светите, а тие се најопитни во духовниот живот. Луѓето, пак, сакаат да се видат себеси како се правилни во се.
Секако, би било убаво лично да поразговараме за духовниот живот, бидејќи во писмо е тешко да се пишува за подробностите во духовниот живот.
Му благодарам на Бога што Тој, по Својата добрина, те спаси од омразата кон родителите на твојот сопруг. Во иднина погрижи се да не чувствуваш омраза кон никого, бидејќи од нашите ближни ни зависат и животот и смртта.
Свети ап. Павле, набројувајќи ги степените на Светиот, ги изедначува едните со Сонцето, другите со Месечината, а некои со ѕвездите: и ѕвездите, пак, меѓусебно многу се разликуваат. О кога јас и ти би биле макар сосема малечка ѕвездичка, но на истото тоа Небо! Ако нешто се случи, по човечката слабост, не треба да се паѓа со духот! Ке се смириме, ќе ја разбереме својата слабост и ќе се покаеме; на човекот му е својствено да паѓа, а на ѓаволот — да не се кае!
Господи, нека биде Твојата милост на нас како што се надеваме во Тебе! Амин!

 

 

Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

 

 Друго:

  Во 2009 година на Валаам престојувалe повеќе од 120 илјади поклоници и туристи (14.12.2009)


Повеќе од 120 илјади поклоници и туристи оваа година го посетиле Валаамскиот манастир - соопшти Михаил Шишков, прес-секретар на игуменот на обителта Епископот Троицки Панкратиј.

Во недела, на 13 декември, манастирот одбележа 20-годишнина од своето возобновување.

На овој ден Руската Црква го празнува свети Андреј Првоповиканиот, со чиешто име се поврзуваaт преданието на манастирот и дрвната историја на овие места, кога апостолот стигнал до Ладожско езеро, а потоа до Валаам, каде што со крст ги благословил горите на островот.

Манастирот на Валаам бил основан во 14 век од преподобните Сергеј и Герман. Тој ја преживеал окупацијата од Швеѓаните во 18 век и Финците во 1919 година. После тешки борби во септември 1941 година островите биле предадени на непријателот и ослободени од советските војски дури во 1944 година. Прво тука постоело училиште за капетани на бродови, а потоа – дом-интернат за воени инвалиди, а подоцна –туристичка база.

Возобновувањето на обителта започна во 1989 година: ноќта помеѓу 13 и 14 декември на островот пристигнале првите шестмина монаси. Денес во братството има 160 луѓе, од кои дел живеат во самиот манастир, дел – во скитови, а исто така во метосите, кои припаѓаат на Валаамскиот манастир.

Извор: Интерфакс

Преземено од МПЦ