логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 bogorodica.k.dol.jpg

16.
1946 г.
Христос помеѓу нас!
Ќе ми биде многу мило да бидам некое време кај тебе нагости, но, сепак, моите години ме опоменуваат - свеќата на мојот живот догорува и набргу ќе згасне, само малку ќе зачади и тогаш се ќе стивне. Ние треба да имаме на ум дека овој наш живот бргу минува и дека претставува подготовка за идниот вечен живот. Ако со тебе овде не се видам, верувам дека ќе се видиме во идниот живот, бидејќи со тебе се соединив, не телесно, туку духовно.
Твоите пратки што си ги испратил преку монахињата X. и отецот X. ги примив. Пирошките се која од која повкусни, послатки се од сите пекарски, бидејќи твојата благонаклоност и труд им влеале сладост. Сепак, те молам, во иднина ништо да не испраќаш — ние имаме се, а ти таму треба се сама да се снабдиш. Господ да ти помогне!
Книшката на Макариј Велики читај ја внимателно, бидејќи говори многу длабоко за духовниот живот. Неговиот спис можже да се нарече контролор на духовниот живот. Ако зачепкаш во своето срце, ќе видиш таму стоглава аждаја, но сепак, не плаши се и не паѓај со духот — со Божја помош ќе и ги скршиш главите! Ке живееш со повеќе внимание кон себе, ќе видиш дека си немоќна и нема другите да ги осудуваш и сите ќе ти бидат добри и на туѓите слабости нема да обрнуваш внимание, во срцето ќе чувствуваш тишина и мир, а одвреме-навреме ќе ти навираат солзи утешителки.
Денес е празникот Воведение на Пресвета Богородица. Службата беше свечена, се пееше на две певници. Времето е убаво, свети сонце. Нема да издржам и ќе појдам на прошека. Сакам да шетам сам, ја сакам природата, каде и да погледнам — се ми дава утеха, секое дрвце и секоја грмушка! А некои малечки птички со цвркот прелетуваат од дрво на дрво и се фаќаат со ноџињата на гранчињата и држат нешто во клунчињата... И по некој бел зајак ќе протрча, понекогаш ќе застане и ќе се исправи на задните нозе, наслушнува некое време, ѕирка наоколу и ќе побегне нанапред. Се тоа го поучува човекот и тој не може да се воздржи од солзи, и во се е видлива Божјата промисла. Колку е се прекрасно создадено и како Бог за се милостиво се грижи и никого не заборава! Толку малечки птички со ноџиња како сламки, а се прехрануваат во ладна зима! Слава, Господи, на Твојата премудрост, слава на Твоето создание! Ти благодарам, Господи, што на нас многугрешните ни даваш понекогаш да дојдеме во богопознание, тоа е Твоја милост! Ние, грешните, без Твоја помош не може-ме да ја согледуваме природата, ниту да постигнеме некоја добрoдетел (доблест). Наша е слободната волја и со волја кон неа можеме да тежнееме, но дали ќе постигнеме добродетел и дали во неа ќе опстоиме — тоа навистина зависи од Твојата помош. Само едно Те молам, Господи, по патиштата што Ти ги знаеш, спаси не нас грешните!

17.
21. февруари 1947 г.
Ти ја честитам тебе и на Х.Х. св. Четириесетница. Господ нека ви помогне да ја поминете богоугодно и да го доживеете Светлото Христово Воскресение!
Ти сега ја имаш книгата на преподобниот Варсонуфиј — читај ја, многу е поучна. Прашањата што те вознемируваат можеш да ги најдеш назад во азбучникот. Ти испраќам една не голема книшка во која е изложен системот на етичкото учење на преподобниот Исак Сирин. Прочитај ја без брзање.
Духовната ќерка на о. Х.Х. не ми пишува. Тоа ме радува, бидејќи не сакам да се запознавам со многу луѓе, а ти — пиши ми кога сакаш, со љубов ќе ти одговорам, колку што можам. Желба ми е да бидеш вистинска христијанка во полната смисла на зборот. Тутунот, секако, не е добар, но јас сум построг кон душевните страсти: зависта, злопамтењето, надменоста, лукавството, лицемериет човекоугодништвото и среброљубието, додека телесните страсти понекогаш многу не смируваат. Најлоша, пак, од сите е гордоста, бидејќи ѓаволот ја помрачил светлоста што му била подарена како на ангел создаден од Бога со гордоста — гордоста е изум на сатаната. Ќе даде Бог, кога ќе се видиме, ќе поразговараме за душевните страсти.
Тежнеј кон смирението, чедо, и не вер вај во себе додека не легнеш в гроб! Не е во наша моќ да издржуваме во доблеста, тоа е работа на благодатта, а благодатта го чува човекот токму поради не¬говото смирение. Свети Јован Лествичник вели: „Каде што се случил пад, тука претходела гордоста"! Голема среќа е за нас што ги имаме книгите на св. отци, бидејќи во нив подробно се говори за духовниот живот. Секако, добро би било да се води духовен живот под раководство на духовен наставник, но „снема светии". Многу е опасно да се раководиме само од книгите, а без наставник. Тоа е исто како во аптека, без да ја изучиме лекарската вештина, наместо корисни лекови да земеме смртоносни. Сепак, не треба да се паѓа со духот. Да го положиме во темелот митаревото (цариниковото) смирение и Господ, по Својата добрина, ќе ни помогне на нам грешните и ќе не избави од напастите на духовниот пат. А ќе се каеме поради своите слабости, бидејќи сите подвижници на благочестието (побожноста) имале смирение и покајание.
Големиот старец Пајсиј Величковски, исто така, тагувал што немал повеќе духовни наставници, а самиот, како искусен во духовниот живот, советувал — кога човек нема таков учител, да се раководи во заедница со своите истомисленици, со нив да разговара и да ги чита светоотечките книги. Оттука, вашиот кружок е многу полезен, бидејќи во него се разменуваат мислења. Не треба да се вознемирувате ако при тоа дојде и до разидување, имало неслога дури и меѓу подвижниците. Бог е еден, а кон Него се оди од разни страни. Во такви случаи полезен и скапоцен е собеседник кој ти е истомисленик. Преподобниот Серафим Саровски рекол: „Ако сакаш да се растроиш, поразговарај со човек кој има поинакво духовно настроение!" Во искуството се случува и тоа. Понекогаш разгово¬рот со некој човек е вистински одмор, додека со друг тешко ти е и да зборуваш — и иако нема спор меѓу вас што да му кажеш? Мислиш што побргу да си заминеш.
Ти го имаш вториот том од Добротољубието. Прочитај го во него, кај преподобниот Исихиј, словото за трезвеноста и молитвата. Многу добро е изложена борбата со помислите. Јас таа книга често ја читам, просто од неа не можеш да се оттргнеш и никако да се задоволиш од читањето. Добротољубието силно го вдахнува човекот, па иако не ги исполнуваме неговите совети, сепак е добро да се знае суштината на духовниот живот.
 
Ете, толку ти напишав, иако не е убаво, но барем е пригодно.
Господ нека те варди!

18. 
2 март 1947 г.
Христос помеѓу нас!
Пишуваш дека не си постојана и вистина кажуваш! Ти си слична на трска што ја вее ветрот: само што ќе дувне ветре на новина, ти веќе си се занишала во тој правец, а еве во што е причината за тоа: во расеаноста и невниманието кон својот внатрешен живот и во тоа што малку се потпираш на Божјата волја. Ти ја пофалиле татковината и ти си подготвена да појдеш таму. Но, знај, каде и да отпатуваш, со себе ќе го понесеш својот внатрешен хаос, а таму ќе сретнуваш луѓе, а не ангели! Царството Божјо не е никаде надвор од нас, туку внатре во нас.
Ако се погрижиме за она што ни е единствено потребно, се останато ќе ни се додаде, бидејќи тоа го рекол Самиот Господ.
Денес е неделата Победа на Православието, една седмица од постот веќе помина, времето лета исто како на крилја, овој наш земен живот е прекраток во споредба со идниот — вечен — како зрно песок во морето. А ние многу малку мислиме на вечноста и слабо се подготтвуваме за неа, веќе многу се оземнивме и заборавивме да мислиме за она што ни е единствено потребно. Господи, дај ми сеќавање на смртта!

19. 
29 април 1947 г.
Го добив твоето писмо. Иако си пишувала во воз, сепак се разбрав.
Иако на нашата суета и е болно да слуша клевети на своја сметка, треба стрпливо да се поднесуваат и да бараме помош од Бога, бидејќи без Божја помош ние не можеме да напредуваме во никаква добродетел (доблест), тоа секогаш ти го повторувам зашто така треба.
Во книгата На планините на Кавказ, изостави во предговорот од половина на единаесеттата до половината на седумнаесеттата страница, третата и четвртата глава и одговорот на рецензијата, точка прва. На укажаниве места се поткраднале грешки. Гаволот тука го поттикнувал авторот така да пишува за да би ја разлулал довербата на читателите.
Читај ја не муртејќи се, книгата е многу поучна. Јас во неа честопати погледнувам, бидејќи се гледа дека авторот не ја пишувал со умот, туку со чувствата и дека ги вкусил духовните плодови од она што единствено ни е потребно.
Чедо, срдечно те поздравувам.

20. 
18 мај 1947 г.
На твојата вознемиреност и растрепереност ќе го кажам ова: се додека лаѓата на нашата душа плови низ морето на животот, секогаш ќе биде изложена — исто како и на променливото време, еднаш дожд, еднаш е ведро, а понекогаш се подигнува силна бура, па човекот гледа каде ќе го исфрли на подводна карпа или на брегот. Инаку не може да биде во оваа долилна на плачот. Само во идниот живот нема да има промени. Кога сме потчинети на страстите - зборувам за страстите на душата — вообразеноста, суетата, гневот, лукавството, бесовската (демонската) гордост, тогаш сите ни изгледаат виновни и лоши. Но, ние од Бога немаме заповед од другите да бараме љубов и да бидат праведни. Сепак, немој да паднеш со духот. Кога си во неволја, вдлабочи се во Светото писмо и во делата на светите отци и во молитвата, па искуствено ќе почувствуваш мир и тишина во душата. Колку и да сме паметни, без Божја помош ние не можеме да се смириме самите, ниту пак другите.
Господ нека те варди!

 

(Продолжува)

 Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6647
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6443
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная