логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова (18.03.2009)


Благодатта секогаш му претходи на искушението, како едно известие за подготовка. Не е практика некој да се обиде и да се повлече, туку кога некој се бори да победи, или да биде победен, да добие, или да загуби, да падне, или да стане, да има подвиг и борба до последниот здив, така што да не се надева на себеси, сè додека не излезе неговата душа искачувајќи се на небото, следното што треба да го исчекува е да се спушти во адот. Мислам дека и истиот момент може да се случи слегувањето. Затоа никој не треба да се чуди на промените, туку двете можности да ги има како свои. Знај, дека на искушенијата секогаш им претходи благодатта, како известување за подготовка. Веднаш штом ќе ја видиш благодатта треба да се стегнеш и да кажеш „дојде известие за борба”. Варди се земјо, од која страна лукавиот ќе ја почне борбата. Често доаѓа набргу, а многупати по два или три дена. Во секој случај, ќе дојде. Насипот нека биде цврст. Исповедување секоја вечер. Послушание на старецот. Смирение и љубов пред сите. Така си ја олеснуваш маката.

Ме прашуваш, дали благодатта доаѓа пред очистувањето. Одговарајќи ти на поставеното прашање од тебе барам внимание и чист разум. Благодатта се дели на три степени: очистителна, просветлувачка и обожувачка (восовршувачка). И животот се одвива на три степени: природен, натприроден и неприроден. На овие три степени човекот се искачува и слегува. Се добиваат три големи дарови: созерцание, љубов и бестрастие.

            Значи, на практиката ѝ содејствува очистителната благодат којашто помага за очистувањето. Благодатта го води во покајание секого што ќе се покае. И сè што прави происходи од благодатта, иако тој што ја има често не е свесен за неа. Сепак таа го храни и го води. И согласно напредокот што му се случува, се искачува или слегува или пак останува во истата состојба.

Ако има ревност и самоодрекување го достигнува созерцанието коешто следува по просветлувањето со божественото знаење и по делумното бестрастие. Ако се олади ревноста и усрдноста се повлекува и дејството на благодатта. За оној што се моли во познание, како што прашуваш, тоа е оној што знае како треба да се моли и што бара од Бог. Оној што се моли со знаење не кажува излишни зборови и не бара нешто непотребно, туку го познава и местото и времето и начинот, и го бара она што е соодветно и полезно за неговата душа. Умно заедничари со Христос.  Го фаќа и Го држи  и Му вели „нема да Те оставам во веки”. Значи оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова. Ако има големи барања пред време, Господ не му ги дава. Зашто Бог сè дава според одреден ред. И ако ти му дотежнееш барајќи, му допушта дејствување на духот на прелеста којшто пак, ја имитира благодатта и те опрелестува покажувајќи ти едно наместо друго. Затоа, не е корисно некој да бара нешто преку мера. И ако биде услишен пред очистувањето, порано одошто е редот, нема полза од добиеното, бидејќи го труе и му штети. Ти имај чисто покајание, биди послушен и благодатта ќе дојде без ти да ја бараш. Човекот како дете кое пелтечи ја бара од Бога Неговата света волја и Бог како благ Отец му дава благодат, но му допушта и искушенија. Ако ги истрпи искушенијата без мрморење, добива додаток на благодатта. Колку повеќе благодат добива, толку е ставен и под искушенија. Демоните кога ќе ја започнат борбата не одат таму каде што ќе ги победиш без приговор, туку се обидуваат онаму каде што имаш слабости, каде што воопшто не ги очекуваш. Така, ја поткопуваат тврдината и кога ќе пронајдат болна душа и слабост, го напаѓаат човекот при што го прават одговорен за неговата состојба. Бараш благодат од Бога? Наместо благодат, ти допушта искушенија. Не ја издржуваш борбата и паѓаш? Нема да добиеш додаток на благодатта. Повторно бараш? Повторно искушенија! Повторно пораз? Повторно недостиг. И така до крајот на животот. Значи, треба да победиш! Истрпи го искушението до самата смрт. Падни во борбата како труп повикувајќи како парализиран: „Нема да Те оставам најсладок Исусе, ниту ќе Те напуштам! Ќе останам неразделен од Тебе во веки! И заради љубов кон Тебе ја испуштам душата на бојново поле.” И одеднаш се појавува на бојното поле и повикува низ бурата „Овде сум, заврзи го својот појас како маж и следи Ме.” Ти, пак, целиот си светлина и радост. Тешко мене, бедниот, тешко мене лукавиот и непотребниот! Најпрвин со слухот те слушнав, а сега и моите очи те видоа и згрешив спрема самиот себе…

Тогаш ќе се исполниш со Божествената љубов и срцето ќе ти гори како на Клеопа. И додека си под искушение веќе не го оставаш чаршавот и не бегаш гол, туку опстојуваш во тагата и велиш: „Како што поминаа другите искушенија, така ќе помине и ова.” Кога, пак, се обезнадежуваш и мрмориш и не ги истрпуваш искушенијата, тогаш, наместо да победуваш треба постојано да се каеш заради сторените грешки во текот на денот и нетрпението во текот на ноќта. И наместо да примаш додаток на благодатта, ја зголемуваш својата тага. Затоа не се сомневај! Не им се плаши на искушенијата! Дури и многупати да паѓаш, стани! Не ја губи твојата ладнокрвност, не се обезнадежувај! Облаци се, ќе се разведри!

И кога со содејство на благодатта којашто те чисти од сите твоите страсти ќе го поминеш веќе реченото што се вика практика (опит), тогаш умот вкусува просветлување и се придвижува кон созерцание.

 

Старец Јосиф Спилеот

Извор:  http://www.mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=3596

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная