http://images.plusinfo.mk/large_pics/2013/11/15/DSC_0235.JPG


Монашка колиба откриена на островот Голем Град


Архитектонски остатоци и движен археолошки материјал од средновековниот период, скромни керамички фрагменти и неколкуте бронзени монети упатуваат дека е откриена монашка куќа-колиба од средниот век на островот Голем Град, во Преспанско. Материјалните остатоци од пронајдениот објект има научна вредност поради фактот што станува збор за први пронајдени архитектонски остатоци од објект за живеење од средновековниот период на овој остров.

 
Сите други досегашни истражувања беа фокусирани на сакралните објекти, односно малите еднокорабни цркви, и на некрополите околу нив. Меѓу поважните наоди што се откриени во рамките на истражувањето е и разновидниот нумизматички материјал, меѓу кои и бронзена монета од македонскиот крал Персеј, доцноримски бронзени монети, средновековни сребрени монети и средновековни чанкасти бронзени монети.

 
Според археолозите, островот Голем Град има голем археолошки, но и културен потенцијал, зашто како што велат од Министерството за култура, него на лето секојдневно го посетуваат околу 50 странски туристи.
 
Овие истражувања се дел од Годишната програма за заштита на културното наследство на Министерството за култура.


Извор: Плус инфо