логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ИНТЕРВЈУ: МИТРОПОЛИТ ЕВРОПСKИ Г. ПИМЕН

Некаде се промашуваме со народот

 

Мислам дека не може да очекуваме на луѓе што немаат елементарна теолошка култура да им се наметнеме со висока теологија и со духовност, туку до нив треба да се допре најпрвин по човечка основа, па потоа, откако ќе н` засакаат како обични луѓе, како нивни пријатели, како едни од нив, да се отворат кон нас, а преку тоа и кон Бога

 

Обврска на свештенството е да се труди постојано да ја разбива оваа состојба ако сакаме црквите секојдневно да се посетувани од с` поголем број луѓе, кои со тоа ќе станат верници по дух и исповедање, и живеење на верата, а не по традиција, и со право ќе можат да се декларираат како православни христијани.

Желбата што ја искажува во нашиот разговор - големиот празник Воскресение Христово да не се сфати и да не остане само еден историски момент или ден за јадење и за пиење, туку ден и празник кој во нашите срца и души ќе го воскресне Бога за еден охристовен љубовен подвиг во верата - е типична за европскиот митрополит на МПЦ-ОА – г. Пимен. Директните предупредувања до свештенството и до верниците за тоа како треба да се доживува вербата во Бога тој досега многупати ги искажуваше. Тој, всушност, е прв висок црковен достоинственик што јавно се осмели да зборува за дволичниот однос на свештениците кон мисијата што треба да ја имаат меѓу верниците, а што беше сублимирано во ставот дека повеќе ги интересираат тарифите отколку духовното водење на верниците. За ова, но и за тоа каков однос нашите христијански верници имаат кон верата, какви се внатрешните односи во Синодот на МПЦ спроти изборот на нови владици, какви резултати донесе млада генерација на владиците на која и тој ~ припаѓа, зборуваме во интервјуто за „Публика“.

За утрешниот голем празник црковните храмови повторно ќе бидат полни. Мислам пополни отколку што беа за Божик. Што мислите, каква ќе биде сликата во црквите на неделната служба по седум дена, дали истите луѓе што утре ќе бидат во црквите ќе дојдат пак за седум дена.

- Воскресението Христово, како наш најголем и најзначаен празник, кој е и темел и смисла на нашата православна, христијанска вера, ќе ги исполни храмовите со луѓе. Од година на година има с` поголем број причесници кои се соединуваат со телото и крвта Христови, пролеана заради нас луѓето и заради нашето спасение. Тоа е добра основа за еден човек да стане верник бидејќи на тој начин, со тоа пристапување кон путирот, ја даваме нашата начелна согласност за Христос да интервенира во нашите животи и на тој начин да растеме во верата. Но, сепак, и покрај минималното зголемување на стадото Христово, за жал, сликата ќе биде дијаметрално спротивна следната недела. Многумина номинални христијани и понатаму ќе сметаат дека со доаѓањето на велигденската литургија си ја исполниле обврската за оваа година и ќе го чекаат следното Воскресение Христово, оправдувајќи си ја совеста дека се презафатени, дека оној што верува може да верува и без да оди во црква, дека им се скапи тарифите, дека се соблазнети од возниот парк, па затоа не доаѓаат во црква...

Треба ли да очекуваме чудо да се случи за пак да влеземе во црква? Еве, и ова што се случи во црквата „Св. Димитрија“, како своевидно чудо, ќе трае како поклонение на верните и како проверка на вистинитоста на скептиците уште неколку дена, додека не си ја задоволат љубопитноста, а потоа пак старата слика на оние верници што практикуваат духовен живот и со љубов доаѓаат во црква секој празник и секоја недела.

 Слика за свештенството како богата каста

Повеќе од четири години поминаа од вашата позната и храбра колумна во која за првпат  отворено се кажа за неадекватниот однос на свештениците во проповедањето на верата. Имаше многу реакции на ова ваше тврдење, се смени ли нешто оттогаш освен што вие поретко пишувате колумни?

- Судејќи според реакциите и коментарите оваа колумна направи некое раздвижување, но можеби повеќе на страна на народот, одколку на страна на свештенството кон кое беше упатена добронамерната критика. Сметам дека овој проблем не се решава со еднократно опоменување, туку дека  постојано треба да се потенцира  бидејќи ако не се потсетува постојано, ќе се олади.
 Исто така сте во право дека се смени и тоа што јас поретко пишувам колумни, но многуте патувања и обврските кон епархијата која се развива со едно прилично забревтано темпо, ме натера она што го пишував да го спроведувам на теренот за да се види дека напишаното не е само теорија туку и живот.

Јас немам впечаток дека нешто е значително сменето во односот и дека во црквите нема премногу верници за разлика од порано. Дведецениското слободно делување на црквата не е мал период во текот на кој храмовите можеа да се направат пополни од страна на свештенството. Во што е проблемот?

- Дводецениското слободно делување на црквата даде и тоа каков резултат на поле на воскреснувањето на монаштвото, а преку тоа и на духовниот живот. Токму плод на тоа е и онаа слика што денес ја забележуваме во храмовите, да сретнеме луѓе под 40 години кои се оцрковиле во овој период и луѓе над 65 години кои претходно ни ја очувале верата. Сепак мора да се констатира дека тоа темпо полека стагнира. Секако треба повторен, поинтензивен ангажман од страна на свештенството за да се допре до народот. Некаде се промашуваме со народот за жал. Мислам дека не може да очекуваме на луѓе кои немаат елементарна теолошка култура да им се наметнеме со висока теологија и со духовност туку кон овие луѓе треба да се допре најпрвин по човечки основ па потоа откако ќе не засакаат како обични луѓе, како нивни пријатели, како едни од нив, да се отворат кон нас, а преку тоа и кон Бога. Та нели и најголем камен на сопнување е токму соблазната од стереотипната слика за свештенството дека сме богата каста која само се вози со добри коли?
 
 Самите луѓе, пак, покажуваат парадоксален однос кон верата. Во анкетите, речиси сите велат: “ние сме верници”, за да на прашањето дали одат во храмовите одговараат “само на големи празници”. Како го објаснувате таквиот однос?

- И претходно споменав дека за жал има голем број на вакви номинални христијани кои за православието знаат само дека се крстиме со три прсти и кои крштението го примиле не од вера, туку од традиција. И кога на таа традиција само ќе се надорвзат еден куп адети, суеверија и формализам, првенствено поради оттуѓеноста помеѓу свештенството и народот, на овие луѓе таквата вера им е неприфатлива и не сакаат да ја практикуваат и со тоа само традиционално посетуваат црква неколку пати годишно за големите празници. Обврска на свештенството е да се труди постојано да ја разбива оваа состојба ако сакаме црквите секојдневно да се посетувани од сé поголем број на луѓе кои со тоа ќе станат и верници по дух и исповедање и живеење на верата, а не по традиција и со право ќе можат да се декларираат како Православни Христијани.

Нема потреба од толкав број владици

-  Дали грешам во мислењето дека младата генерација на владиците, на која и вие и припаѓате, некако како се уште да не донела свежина во црковните редови. Точно е, има едно свртување на младите кон верата, има прилив на нови монаси, но во целина, кога од страна се гледа делувањето на МПЦ-ОА се уште се има впечаток дека не се случиле големи промени?

- Ако се зборува на ниво на цела МПЦ и како Синод навистина е така како што тврдите, дека нема некои позабележителни промени бидејќи дел од нас помладата генерација како надлежни архиереи за надворешните епархии сме често отсутни од Македонија па со тоа и нашето влијание е занемарувачко, но затоа резултатите треба да се бараат на ниво на епархија како сме независни во нашето делување и таму да се сумираат освежувањето, резултатите и промените до кои дошло со нашето поставување.

- Се има впечаток дека во црковниот врв и натаму се се решава во кругот на “големата четворка” - на архиепископот Стефан и владиците Тимотеј, Петар и Наум а младите владици доаѓаат како достоинственици преку кои се врши борба на нивните влијанија? Се согласувате со ова или состојбата е поинаква?

- Како архиереи кои се најредовни на синодските седници и кои одамна работат на нивата Господова, а во истовреме се во години кога од нив се очекува и мудрост, нормално е да се добива таков впечаток од страна, што не значи дека другите се индиферентни по однос на некои витални прашања за развојот и устројството на црквата. На вториот дел од прашањето би одговорил дека никогаш и немало такви прашања на синод каде што требало да се прават лоби групи за да победува нечие мислење. Секој гласа според сопственото убедување и победува онаа одлука која ќе добие најголем број гласови. Најчесто дури и едногласно.


 Како аргумент го земам случувањето околу неодамнешното предлагање на кандидати. Прво архиепископот “ненадејно” предложи свој кандидат па потоа другите владици предложија свои. Во име ли на мирот во Синодот сега имаме дури седум кандидати за кои не знаеме каде да им се најде местото?

- Се согласувам дека тие две седници на кои се прошируваше листата на кандидате за архиереи оставија таков впечаток дека се работи за обид и во иднина да се задржи балансот на силите во синодот. Но сепак едно е листата, а друго е кој ќе биде избран од таа листа и каде ќе биде распореден потоа, бидејќи навистина нема место и потреба од толкав број на владици. Ако некој сака викарен епископ може сам да побара во неговата епархија но не може никој никому да наметне викар во неговата епархија па и од таа страна местата се ограничени.

- Тоа е добра кадровска политика или компромисот за да нема внатрешни судири по што младите владици се праќаат во дијаспората како најбезболно решение со кое постарите владици пак ќе си имаат решавачки збор тука?
- Сепак ако зборуваме за листата на кандидати за архиереи како кадровска политика е добро бидејќи конкуренцијата би требало да даде подобар квалитет. За испраќањето пак на помладите владици во дијаспората сметам дека е добар потег со оглед на големината на територијата на која се протегаат и честите потреби од патување како и познавање на странски јазици поради комуникацијата и со тамошните црковни, градски или државни власти како и за полесен контакт со нашата втора или во некои земји веќе трета генерација кои полесно комуницираат на јазикот на земјата во која што се родени и школувани.


- Од една страна сведоци сме дека нема големи кавги меѓу владиците какви што беа порано но, пак, се има впечакот на некаков привиден мир во кој само е прашање на моментот кога ќе се покаже нетрпеливоста меѓу владиците.
- Навистина многу ретко се случува некоја одлука да помине на работ на мнозинство што навистина зборува за еден мир во синодот и усогласеност во размислувањето кај нас архиереите. Од друга страна и не се отворило некое значајно прашање околу кое би се кршеле копја но сепак мислам дека и не може да дојде до такво нешто бидејќи синодот не е веќе тело составено од 5-6 луѓе па да има поларизираност.

 Разрез треба да се плаќа

- Во црковните кругови веќе се шпекулира со тоа дека и вие како Европски митрополит би сакале да се вратите во земјата и тука да преземете некоја епархија. Имаат ли основ ваквите гласини. Дали тоа би било добро по Европската епархија, сепак, направивте напредок во неа.

- Најпрвин би сакал да го објаснам принципот на пополнување на упразнети епархии. Имено, кога во некоја епархија се упразни архиерејскиот трон дали поради смрт, болест или пензионирање на надлежниот архиереј, тогаш на седница се изјаснуваме од најстариот по интронизација до најмладиот дали некој е заинтересиран за менување на неговата епархија. Ако некој се изјасни како заинтересиран тој предлог се става на гласање. Ако нема заинтересирани или заинтересираните не поминат на гласање тогаш се бира нов архиереј за упразнетата епархија.
Јас лично со тешко срце би се одлучил за промена на епархијата затоа што допрва треба да се видат плодовите од сé она што се работеше изминативе години но годините си поминуваат, а заморот и последиците од постојаните патувања сé повеќе ги чувствувам. И како што погоре напоменав, сметам дека на чело на европската епархија во принцип секогаш треба да има помлад архиереј кој ќе може да одговори на сите оние потреби од чести патувања и ангажирање на неговата генерација во црковните одбори.

 По Австралија, сега гледаме дека и во Американско-канадската епархија има проблеми со тамошните црковни управи околу управувањето со приходите на црковно-народни општини.  Може ли црквата да бара да управува со сите приходи во црковните општини во кои вложувале тамошни луѓе?

- Погрешно во јавноста мислам дека се претставува проблемот, не станува збор за управување со приходите на црковните општини по дијаспората, туку за регулирање на сопственоста и врзаноста преку епархијата со МПЦ. Никој не сака да им го одземе имотот нити приходите кои ги остваруваат, бидејќи од тие приходи се покриваат основните давачки за нивно одржување и платата на свештеното лице кое е ангажирано во истата, а треба и да се полнат фондовите за идни градби или реновирање и ние архиереите имаме разбирање за сето тоа. Но, членовите на управните одбори на црквите треба да сфатат дека треба да го плаќаат кон епархијата со устав и статут на епархиите предвидениот разрез, од кој треба да се издржува епархиската администрација, дека со дел од тие средства се помагаат институциите кои ни образуваат иден свестенички кадар. Да ја поедноставиме работата, како што сите компании и фирми си плаќаат задолжително данок  на државата и таа опстојува од овие приходи, така и ЦО се задолжени да плаќаат разрез кон Својата епархија, а преку неа и кон МПЦ.

 Решение за нетолеранција не е во нови храмови

- Кога гледате од страна, задоволни ли сте со меѓуконфесионалните односи во Македонија. Јас имам впечаток за голема близина на верските власти од двете најголеми конфесии до политичките фактори. Како резултат на тоа, на крајот, имаме своевидно “маркирање” на територии со верски храмови. Така треба да се развиваат меѓуконфесионални односи или поинаку?
- Ако се присетиме на неодамнешните инциденти кои направија меѓунационален и меѓуверски набој ќе мораме да констатираме дека односите не се сјајни но треба да се има на ум и тоа дека никогаш инцидентите било каде во светот не ги прават верниците туку фанатиците во името на верата. Оној кој ја почитува и практикува својата вера секогаш ќе има и почит кон верата на својот сосед и ќе се труди преку добродетелите да ја посведочи својата вера на другите, а не на сила бидејќи никоја вера не повикува на насилство. Еве јас лично знам дека тоа е така бидејќи како по некое правило првите десетина пораки кои ќе ги добијам веднас после Воскресениоето Христово секогаш се од моите пријатели муслимани со кои редовно и со радост си ги честитаме верските празници што ми дава потврда на погоре кажаното. За (зло)употребата на овие сакрални објекти како маркери за освоена територија не толку одамна пишував и сеуште стојам на тоа дека решението не меѓуверската нетолеранција лежи не во изградбата на нови сакрални објекти туку во посетувањето на веќе постоечките каде што би можеле правилно да си ја изучиме секој својата вера за да ја почитуваме и верата на нашиод сосед, колега , пријател, другар. Само на овој начин го гледам правилниот развој на меѓуконфесионалните односи и се залагам за истиот.

 

Dime.Voskresenie.jpg


Радување или опомена

Појавата во Црквата “Свети Великомаченик Димитрија“ јас лично ова ја доживувам како една потврда на тоа дека сме жива и благодатна црква во која може и вакви видливи чуда да се случуваат. Е сега дали Бог сака да не израдува и утврди во верата или пак да не опомене за нешто допрва ќе видиме. Колку што можам вака од страна да видам гледам дека тоа народот го прифати како чудо и со радост се исполни но има и дел судејќи според коментарите кои мислат дека тоа е црковен маркетиншки трик за да се привлече народот во црква. Но, тоа не треба ни да не изненадува ни да не заплашува. Во овие благодатни великопосни денови си споменавме за Воскресението Христово но и за тоа дека едни поверуваа а други се посомневаа, Господ секогаш ќе ја почитува нашата слободна воља и нема на сила да ни се наметнува. Па така и ова за едни ќе биде за приближување кон Него а за други за целосно отпаѓање. Дваесет вековното постоење на Црквата Христова сепак е потврда на Воскресението и на секојдневните чуда што ги прави Нашиот Бог Света Троица во неа.


 

Дневник - Бранко Ѓорѓевски

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная