Во пресрет на исчекувањето на Светлината


Протопрезвитер проф. д-р Ацо Гиревски

Деновиве во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден - Христовото воскресение како да е сè во знак на светоста, на светлината, па дури и на чудата кои што се пројавуваат преку верата во Црквата. Инспириран од слевањето на верниците, како река, кон црквата „Свети Димитриј“ во Скопје, речиси од цела Македонија, посебно од изјавите на некои продуховени од нив, поради празничната расположбаи конечно поради новинарски барање, сакам да потсетам на неколку моменти од преданиската традиција воНашетосвето Православие, коешто,се надевам,  ќе биде во прилог на настаните.
Прво: Најнапред за поимот на светоста во Црквата. За разбирање на светоста особено е важно да се знае дека коренот на светоста е вграден во човекот уште при неговото создавање, бидејќи Бог сите живи суштества ги создал „според нивните видови“, а само човекот го создал „по образот Божји“. Бидејќи го создал боголик, сосема е природно таа боголикост со помош на Богочовекот да се развива во човекот до божествена светост. Светецот е единствен вистински човек, бидејќи во Црквата, своевидната божествена работилница, Богочовекот го развил во благодатен богочовек, согласно зборовите на апостолот Павле: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал 2,20). Тоа се остварува со живот достоен за Христовото Евангелие (Фил 1,27), а тоа значи  живот достоен на Бога „угодувајќи Му во сè“ (Кол 1,10). Да се биде следбеник Христов, т.е да се следи Христос, не е исто што и следење на некој философ или уметник, туку значи да се биде член на Телото Христово - Црквата. Во Црквата според мерката на својата вера и сопствениот живот во добродетели и лични подвизи, се постанува: богоносец, христоносец,светец,чудотворец и сл.
Во оваа смисла постои криза на светоста која не започнува со нашето време, вели митрополитот Антониј Блум, туку е присутна во мноштво генерации христијани. Но мора да се соочиме со тоа, затоа што светоста е нашиот апсолутен повик, затоа што созерцувачката светост не е бегање, и затоа што на активизмот на нашето време, којшто се обидува да биде независен од секое созерцување и да стане вредност сама за себе, недостасува содржина на целосна светост која што христијанската светост би требало да ја има, зашто содржината на светоста е Самиот Бог.
Сепак, благодарение на осветувачкото дејство на Црквата, иако подзабавено човекот со помош на благодатта Божја и со својот подвиг го обновува образот Божји во себе, односно се обожува. Таквиот се посветил, станал свет. Христијаните се повикани на светост, а оние коишто Бог ги посведочил како свети веке се во календарот на светите и многумина од нив добиле богослужение посветено во чест, спомен  на нивниот подвиг. Прославувајќи ги светите личности, Црката ги прославува како прославители Божји, како богоносци, богоносни личности во кои „чудесен е Бог“ (Пс 67,35), кои на Бога се угледале (1 Кор 11,1). Величајќи ги нивните благодатни подвизи на земјата, Црквата ги велича како неуморни распространувачина Хистовато евангелие, како Христоносци, т.е како оние во кои Христос живее и обитава (Јн 14,23). Меѓутоа, треба секогаш да се има на ум дека Црквата преку прославените личности секогаш гледа на Бога и всушност Него го прославува. Та, покажувајќи побожно почитување на светителите, ние го покажуваме Бога во нив, бидејќи „Бог во светиите обитава“, го покажуваме Христа во нив, кој живее во нивните свети души.
Обожувањето, пак, е заповест што Бог му ја дал на човекот за да човековата бесмртност биде и дело на човековата слободна волја, а не само Божјата благодат или Божјата волја, изразена како едностран принуден акт. Обожување, како учество на верникот во Божјиот живот, односно остварување на заедница на човекот со Бог, означува „надминување“ на создадената природа преку нејзино консолидирање во вистинска егзистенција со Бог, којашто и е дадена уште од почетокот. За да нема забуна, не се остварува единство со божјата суштина, туку со обожената човечка Христова природа (архим. Георгиос Капсанис) Црквата е местокаде што се обожува човекот).Заедница со Христос, а преку Него со Бог Отец, се остварува во Телото Христово, а тоа е Едната, Света, Соборна и Апостолска црква, т.е. Светата Православна црква.  Црквата е единственото место на обожувањето, бидејќи во Неа сè води кон обожување: светата Литургија и другите богослуженија, светите Тајни, служењето на ближниот, евангелската благодат, постот и сè друго. Ниту една историска, општествена, просветна, политичка или економска институција,  иако по својата намена е прекрасна служба, чесна и возвишена, не може да му даде на човекот она што му го дава Црквата - можноста на обожување. Затоа ниту една институција не може да ја замени Црквата Христова.
Човекотуште од создавање е насочен кон Бога својот Творец. Затоа апостол Петар вели дека сме „учесници во Божјата природа“ (2 Птр 1,4) по благодат, затоа светите отци го изедначуваат терминот спасение со обожување. Смислата на тајната спасение во православното богословие се состои токму во подигањето на човековата природа до степен на божествена егзистенција. Животот на земјата има смисла само во продолжение на духовното, божественото и бесконечното (вечното), односно во враќање во исконското добро, во светоста. Според свети Григориј Богослов, на човекот му е заповедано  да постигне единство со Бога, просто му е наредено „да постане бог“ - бог по благодат, бог во колку живее во и со едниот Бог. Присоединување со Бога (преку обожување) човекот не престанува да биде човек, ниту Бог - Бог, што е не само највисока смисла на човековиот живот, туку е и највозвишена негова обврска. Тоа не е само овозможено, туку и остварено преку овоплотувањето на Синот Божји и неговото вознесување на небо со воскреснатата човекова природа на неговата богочовечка личност, каде што „седи од десната страна на Отецот (Симбол на верата, член 6). Клучно значење на православното учење за спасението всушност се состои во тоа дека Исус, вознесувајќи се во слава на небото, го вознел и човековото суштество и со слава ја украсил човековата природа.
 
 Второ: Збор два за силата на богослужението во Црквата. Богослужбени текстови се едни од најголемите изрази на почитување што Црквата им го укажала на светите. Настанале како резултат на поетското одушевување и поетскиот излив на религиозното чувство, односно сите богослужбени текстови се прекрасна религиозна поезија, иако во богослужбените книги личат на прозен текст. Ете затоа долго се задржале во литургиската употреба, а се мошне приемчиви за верниците.

Трето: На крајот повторно се навраќам на она што денес еактуелно и е врзано со случувањата со фреските и иконите во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје. Чудотворството не е надвор од Црквата и има случаи кога тоа е врзано со иконите и затоа неслучајно постојат  прославени чудотворни икони. Почитувањето на иконите, зазема истакнато место во православната побожност и се заснова врз одлуките на 7-от  Вселеснки собор. Поаѓајќи од учењето на свети Јован Дамаскин и свети Јован Златоуст, било прифатено „почитувањето“ на иконите, но не и нивно „обожавање“. Православниот верник се моли пред Христовата икона како пред самиот Христос, којшто е пред нив во својата икона, но самата икона, без ова присуство иконата останува само материја и во никој случај не смее да постане идол или фетиш“ (Булгаков). Иконата е местото на благодатно присуство,Христова појава, на Богородица, на светците, воопшто на оние коишто на иконите се претставени, заради молитви кон Него. Основата на иконопочитувањето треба да се бара ворелигиската психологија, од конкретноста на религиските чувства, кои не се задоволуваат само со духовна контемплација, туку бараат непосредна, опиплива близина. Во врска со ова, укажуваме на блиска сличност со Евхаристијата: Господ Бог на човекот му дава општење со Себе преку примање на телото и крвта Негови т.е. сетилно и опипливо; слично духовно-опипливо општење постои и во иконопочитувањето.  Тоа е сосема природно за човекот создаден од душа и тело.
Според светите отци сите икони се чудотворни, но во потесна смисла на зборот чудотворни се сметат само оние икони пред кои се случило некое чудо, најчесто чудо на исцеление.Според отците на Црквата, исто така, чудотворните икони иако посебно се почитуваатод православните верници, сепак никогаш не станале предмет на обожавање.  
Запомнете: Правилно однесување на верникот пред иконата е да направи пред неа два мали поклони потоа ја целива иконата и повторно да направи еден поклон. Се целива раката на светецот, а не лицето. Кога е во прашање икона на Господ Исус Христос верникот ги целива нозете, кај неракотворниот образ се целива косата, а на иконата на Пресвета Богородица се целива раката.
Во исчекување на незаодната светлина, архиереи и ереи, молете се на сите кои преку добродетелен живот и поведение се надеваат, да им засветли вечната Светлина.