логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Makrina.nakej.jpg

 

Нултата година на новата ера почна на 25 декември во 754 година од основањето на градот Рим, кога во една мала пештера близу гратчето Витлеем се роди Исус Христос. Годините пред неговото раѓање се сметаат како години пред Христа - before Christ а годините потоа како години по Христа - after Christ. Овој начин на мерење на времето е влезен во општа употреба во втората половина на седумнаесеттиот век (по Христа), а денес со него се служи речиси целата планета Земја. Христовиот роденден е почетокот на новата ера.

 Боже.
Среќата е среќавањето на малата вистина и големата радост заради љубовта каква што ја доживува детето: безусловна. Скришна средба помеѓу божественото и човечкото. Средба е еднакво на среќа. Затоа се случува во пештера, затоа што надворешните околности не се важни.

Божиќ е кога точно на полноќ си насамо со Господ: и покрај колективната свест, и покрај феноменот на стаклена бавча и глобалното „што и да е“, насамо со Него значи дека од миг во миг се креира просторот на твојата среќа.

Божиќ е кога сочувствуваш со малите деца од Африка и гледаш дека ги има на сите континенти, но најпрво, самиот Ти си вечно гладното дете, растрчано наоколу во неуморна потрага по својот дел од „печеното“ на новогодишната трпеза, и сфаќаш дека ЦЕЛО е кога има за сите, а „сите“ е точка во срцето каде што Бог станува Човек.

Божиќ е вавилонската приказна за мешањето на јазиците, кои во хор замолчуваат пред големата тајна на Љубовта, повторно станувајќи Еден.

Божиќ е кога си едно со Него. Кога во средиштето на воените немири наоѓаш засолниште во еден напуштен бункер и по извесно време сфаќаш дека бункерот бил твоето сопствено срце, а неговиот мир катанецот на влезот, кој се отвора единствено со клучот на прифаќањето на себеси...

Божиќ е кога ќе погледнеш наоколу и ќе видиш дека сé е исто како и таа ноќ пред 2012 години, само што денес во добро чуваните лаборатории низ светот, освен божјата честица, се измислуваат уште и нови вируси во прилог на современата технологија за масовно уништување. И додека во каталогот на најновите модели на атомски бомби не наоѓаш ништо по своја мера, во длабочините на својата душа го слушаш синхронизираниот глас на преводот – „Јас го победив светот...“. И во истиот миг – се случува преобразување на рационалниот дискурс на умот. Златното клуче со кое ги отвораш скапоцените, иако малку невидливи - подароци од Горе.

Божиќ е за деца. И возрасните се деца, само што нивните играчки не се вистински.

Божиќ е кога во муслите од твојот појадок се сретнуваат една сушена и една свежа банана и почнуваат разговор со измисленото прасе од градскиот плоштад. Божиќ е празник на добро нахранетите (=воспитани) вегетаријанци, кои живеат во надеж дека ќе осамне ден кога „сите“ ќе сфатат кој за кого е создаден и кој кого треба да јаде.

Ова е празник на осмислување на трпезата. Ден кога станува јасно дека ништите се најбогатите.
Божиќ е ден кога Небото и Земјата се смешуваат и од нивниот микс се раѓа Новиот Човек. Со ова раѓање почнале еоните на нов живот.

Божиќ е кога во просјаците на улица ја препознаваш нитката на божественоста бидејќи не се срамат да бидат тоа што се, туку едноставно – се. Вистинските просјаци не просат за да добијат нешто, туку за да ја искушат човечката милост. Како инаку да ја протолкуваме евангелската порака дека „силата Моја во вашата слабост се покажува...“? Тие се тука да нé потсетат дека ништо не е наше и дека посесивноста и врзувањето се ќор-сокак од кој час поскоро треба да најдеме излез. Што имаш што не си добил?

Божиќ е кога на сите корисници на овој живот, особено во неговата перспектива на вечност, преку бранот на мислите во новогодишното пакетче им пакуваш мирна пловидба и спокојно дишење, а во најубавата честитка им посакуваш среќа зашто тоа е единствениот начин да бидеш целосно присутен сега и овде по кратка и неодложна постапка...

Божиќ е кога во себе откриваш едно недоречено форестгамповско движење, и почнуваш да трчаш од дното на срцето до крајот на светот, каде што наместо „цел“ пишува „почеток“.

Божиќ е кога се будиш со сонцето и појадуваш светлина. Заспиваш со месечината и вечерата им ја оставаш на кучињата-бездомници.

Божиќ е кога твојот живот станува исполнување на Христовите зборови кога вели „бидете како деца“ и кога наместо да вкусиш од јаболкото, се качуваш по дрвото на знаењето, ја збунуваш змијата и остануваш во кругот на рајот и покрај сите програми за бегство и евентуален прогон. По што ќе препознаеш дали си во рајот? Во рајот сé е Едно, а надвор од рајот почнува одбројувањето, дуализмот те носи директно во канџите на поларитетот, каде што Внатре станува надвор, добредојде во светот на предметите...

Божиќ е Рајот суптилно вткаен во пејзажите на оваа планета преточен во мистика недостапна за зборовите на разумот, но достапна за јазикот на Тишината... Значи: Молчи!

Божиќ е кога од својата утроба правиш јасли во кои ќе се вдоми несместливиот, а потоа се однесуваш како Крстителот велејќи – јас да се смалувам, а Он да расте... Ова „јас“ и смалувањето всушност значи да исчезне стравот, а љубовта да се зголеми толку што да нема ништо друго освен тоа што е...

Ова е ден кога на стравот од смртта му се става надгробниот натпис почивај во мир. Од гасеницата се испилува прекрасната пеперутка, која влетува директно во срцето на ураганот ширејќи мирис на спокој и конечно остварување...

Божиќ е кога Е „постојано“ и „засекогаш“, а не само дента кога суштината се облекува во рувото на фразите. Ако нема закон за тоа дека секој ден не е Божиќ, славата може да продолжи сите 365 дена колку што ги има една сончева година. Не во смисла на покачен холестерол, туку да се одржува фреквенцијата на радоста. Вистината и Љубовта.

   

Се чини дека развојот на современата научна мисла на западниот свет со акцент на теоријата за релативност е најблиску до чувството што би го имал еден „обичен смртник“ соочен со палетата од различни системи на мерење на времето, кај различните цивилизации и култури.

Имено, она што во христијанскиот календар се означува со „пред нашата ера“, кај Евреите е прецизно пресметано, така што годината на Христовото раѓање, која во календарот на христијанската цивилизација е нулта, кај нив е 5508 година од создавањето на светот, со напомена дека тоа е така според пресметките на часовничарите од Источното Римско Царство. Со други зборови, Евреите денес си ја честитаат 5772 година, и тоа од создавањето на светот - Анно Мунди, а муслиманите би рекле среќна Нова - 1420 година! На зајачето од кинеската нова година не му останува ништо друго освен да се трка со тигарот во 4708! За тоа време желката на Архимед ќе мора да почека раѓање на некој НОВ систем...

Како и да е, бидејќи се посакува СРЕЌА, не е лошо да се спомне дека среќата е феномен, кој е МОЖЕН единствено во сегашноста! На овој МИГ, кој вечно трае, не му треба календар. Единственото место во времето на кое може да се искуси среќата. Сега.

Во секој случај, сé е подобро од малите експлозии на уличните петарди од ерата на пубертетот, можеби затоа што насилно се обидуваат да ги потсетат заспаните славеници на Големата експлозија (Биг бенг), за која Маите би рекле дека се паѓа точно на полноќ, во виртуелната нова 2012!
Е па, со среќа, т.е. с е г а! 


  
   
Автор: Сестра Макрина 

 

Извор: Нова Македонија
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 857
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1129
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1074
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »