логоFacebookTwitterYouTubeeMail


vozdvizenie.jpg

ДОБРО Е ШТО СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ Е ОТСЕКОГАШ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ

да се тврди дека сето она што го постигнал свети Павле во неговата мисија при проповедта на Евангелието Христово се должи на тоа што го променил името, верата и идентитетот е навистина монти-пајтон констатација. Павле не ја промени верата, тој ја исполни со тоа што се крсти во името Христово

Текстов нека биде еден повеќе од скромен историски осврт за континуитетот на Црквата Божја во Македонија, а всушност е реакција на текстот „СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ПОВТОРНО МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ„ (Библиски алузии) објавен во Утрински весник на 29 мај 2010 година, во кој по кој знае кој пат се сака Македонската православна црква да се втурне во партиско-политички препукувања овој пат дури за историски и библиски теми. Иако во споменатите т.н. библиски алузии се споменати и точни историски податоци сепак заради политичката позадина повторно е дадена една непотребна дневнополитизирана димензија.
Прво, не дека не се знае, туку точно се знае дека Македонец му се јавил на светиот апостол Павле да дојде и да ја проповеда благата вест за Царството Божјо и новиот благодатен живот во Христос Богочовекот на македонскиот простор, но бидејќи историјата е општествена наука која ги опишува настаните кои се случиле во минатото, а не е биогенетичка дисциплина, а Делата Апостолски е дело кое ги опишува настаните нам за сведоштво како се ширела верата Христова во Црквата по целата вселена, така нема потреба да се занимаваме дали тој Македонец што му се јавил на светиот апостол има генетска поврзаност со нас, денешните Македонци или не, она што е важно и вредно е дека семето на Евангелието Христово на овој простор е посеано од светиот апостол Павле токму по повикот од тој Македонец кој по Божја промисла му се јавил на апостолот, и од тој факт што е регистиран во Делата Апостолски од св. апостол Лука не можеме да избегаме. За нас е важно дека тоа е почетокот на Христовата проповед за наше спасение на овој простор, и тој почеток го поставува Бог, а не политичка партија.
Второ, Македонската православна црква, никогаш заради следење на политичките процеси во Р. Македонија не извршила промена на текстот во однос на историскиот пат на Црквата во Македонија, бидејќи факт е дека уште од 1999 година кога се создадени техничи можности за поставување на свој интернет сајт, краткиот историјат на МПЦ кој  е поставен на сајтот не е изменет, тој ги содржи истите податоци како од 1999 година, а пак кои се базираат на релавантната историско-богословска наука во рамкте македонската научна јавност, значи овие податоци ќе ги сретнете во делата на проф.др. Славко Димевски, проф.др. Јован Белчовски, и други познати историчари од Институтот за национална историја, Филозофскиот факултет и МАНУ, како и во егзегетските дела на проф.др. Ратомир Грозданоски, но и кај други автори, богослови, историчари, академици и професори, во дела кои се објавувани во Р. Македонија од 1945 година до денес, како и кај странските автори многу пред 1945 година, Снегаров, Острогорски, Голубински итн.,(делата не ги цитирам зошто немам намера да докторирам на одговори на импровизирани) значи приказот на историјатот на МПЦ на нејзиниот сајт не е никогаш менуван, бидејќи фактите во науката не можат да се менуваат ако се факти, тие можат да се дополнуваат со нови сознанија базирани на докази по пат на научни истражувања. А, во делата на сите автори што ги набројав стои дека христијанството во Македонија, па и на Балканот, па и во Европа ако сакате, започнува со мисијата на свети апостол Павле во Македонија, значи ја следиме историската наука, а не политичките платформи.
Трето, точно е дека иконите над влезот од Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски„ во Скопје, се заменети со мозаици на кои се изобразени, свети апостол Павле, кој како што веќе е општо познато е првиот проповедник на христијанството во Македонија, потоа св. Јустинијан Велики-Управда кој е родум од Таурисиум, денешно с. Таор, во близина на Скопје, Македонија, и кој повторно според научните тези од истражувањата изградил град Јустинијана Прима во близина на своето родно место и со две новели го утврдил постоењето на Архиепископијата Јустинијана Прима во чии состав влегувале епархиите од просторот на Македонија односно, ранохристијанските центри Скупи, Баргала, Хераклеја, Лихнидос, Стоби, Тивериопол, итн., значи остава сведоштво за организираниот црковен и литургиски живот на овие простори, и секако мозаикот на свети Климент Охридски патронот на Македонската православна црква која се именува како и Светиклиментова, тој е продолжител на делото т.е семето посеано од св. апостол Павле, и секако продолжител на организираниот црковен живот во Македонија, бидејќи на темелите на една Архиепископија, Јустинијана Прима се раѓа нова, Охридската архиепископија. Со поставувањето мозаици на овие три светители над влезот од Катедралниот храм на МПЦ всушност потврдуваме дека Христовата проповед за Воскресението и вечниот живот на овие простори никогаш не престанала, бидејќи благодатните дарови на Светиот Дух постојано се излеваат на овој македонски простор во Црквата Христова токму преку соединувањето со Него преку причестувањето со Телото и Крвта Негови на Литургијата која во слава на Бог Отец никогаш не престанала на овој простор. Точно, два мозаика ги заменинја иконите на свети Мина и светите Константин и Елена кои беа поставени во спомен на урнатите (во едно време) скопски храмови свети Мина и свети Константин и Елена кои секако е предвидено уште од 1990 година, да се изградат  и како такви видливо повторно да сведочат. Повторно значи си споменуваме за литургискиот континуитет на Црквата, а не за партиските програми.
Четврто, дека позасилено се укажува на свети Павле отколку на светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум, фактички не е точно, богословски секогаш посланијата на светиот апостол Павле се неисцрпна богословско теориска и практична ризница за христијанскиот подвиг на спасение во светот, но светите Кирил и Методиј се рамноапостолните просветители, кои нė просветија со Христовата светлина на начин кој тоа можеме да го разбереме, преку писмо, тие ни даруваа образование (од образ т.е. да го изградиме образот Христов во нас) и воспитание (од воспитати т.е. да се храниме, со Христос) затоа и денот на Солунските браќа е значаен ден и државен празник децении наназад, а со обновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, ако само два храма во Македонија беа посветени на овие светители претходно, денес во рамките на МПЦ десетина православни храмови се посветени на светите Кирил и Методиј. Тука би го споменал, покрај чествувањето во Рим, и обновувањето на чествувањето во Елванген преку Европската епархија. За свети Климент нема потреба да истакнувам, сė во Македонската православна црква го носи неговото име, а свети Наум живее 1100 години постојано и молитвено приведувајќи го овој народ и простор кон вечност, тој е родоначалник на македонското монаштво, вечен сведител за присуството на Светиот Дух, и случајно или не, кој како мисли и сака, во деведесетите години на 20 век Синодот на МПЦ го повика монахот Наум од Света Гора за да се возобнови македонското монаштво, заедно со својот собрат Климент. И пак, дали сиот овој спомен од 11 векови за вечност можеме да го наречеме партиско-политички или чисто историски.
Нема потреба некому да се докажуваме, дали сме библиски народ и земја треба да го покажеме со сведоштво на нашиот живот во Христос, преку дела кој приведуваат кон вечност, преку постојана молитва и литургиски живот, низ покајание, пост исповед, Причест...тоа што сме повикани на спасение како простор и народ да го приведем кон вечност.
Петто, да се тврди дека сето она што го постигнал свети Павле во неговата мисија за проповед на Евангелието Христово се должи на тоа што го променил името, верата и идентитетот е навистина монти-пајтон констатација. Павле не ја промени верата, тој ја исполни со тоа што се крсти во името Христово, како што и Исус им велеше на фарисеите и садукеите кои го очекуваа Месијата т.е. Него, а не го познаа, дека не дојдов да ги укинам Законот и Пророците туку да ги исполнам. Павле не го смени идентитетот, па колку пати додека проповедаше за Христос кажува дека е Јудеец, дека е од Тарс, од коленото Венјаминово, дали воопшто некој го чита тоа во неговите посланија, но тој укажува дека исполнувањето на идентитетот во кој сме повикани на спасение се случува во Царството небесно, во кое нема Јудеец и Елин, машки и женски пол....дека оној што ги исполнува Христовите заповеди, според зборовите упатени до Натанаил е вистински Изрaелец..., т.е. и Македонец, Индијанец, Русин, Англичанец... бидејќи Светиот Дух на Педесетница слезе над апостолите во вид на огнени јазици како знак дека секој јазик и народ на земјава во Црквата преку единството со Телото и Крвта Христови се Божји народ, Новиот Израил, па така и македонскиот. А името, па низ вековите секој христијанин кога се крштевал тогаш го добивал  и името, како знак дека умира стариот гревовен човек, дека умира Адам во него, a се раѓа духовно нов човек, за нов и духовен живот воден во Христос Спасителот, кој нов човек треба да расте во благодатта за да ја достигне светоста, тоа е на личен план. За промена на имиња на територии и народи при крштевање не e познато. Тоа е смислата и на монашкиот постриг, кога се добива ново име, дека се раѓа духовно нов човек кој се стреми кон совршенетво, исполнувајќи ги заветите на послушание, целомудрие и девственост. Тоа е само сведоштво на Павловите зборови дека ние немаме постојанен град на земјата туку ја бараме нашата Татковина, Небесниот Ерусалим. И дека оној кој се стреми кон достигнување на совршенството во Христа треба се да преобрази во Спасителот затоа што се раѓа за нов живот во Царството Божјо. Значи заради Христос, а не заради нешто друго од овој свет! Од каде Савле е именуван како Павле, треба убаво да се прочита во Делата Апостолски во 13 глава за грижливоста на римскиот намесник Сергиј Павле на островот Пафос, кои ги повикал Савле и Варнава за да го чуе од нив Словото Божјо, па по тој настан веќе се вели, Савле кој се викаше и Павле. Дали Христос не беше Тој кој рече дека Савле е мојот сад кој ќе го пренесе Моето име на незнабошците, или пак забораваме дека Христос рече, без мене не можете да направите ништо, па така и на Павле, ако Христос не му речеше доста ти е Мојата благодат, зарем Павле нешто ќе постигнеше без благодатта Божја, како некој што денес мислат дека магиски со промена на име, вера и идентитет ќе дојде инстант-среќа. Сите алузии кон Македонската православна црква кои се доведуваат во спрега со некој политичка платформа или идеја е само просто трошење на времето кое и онака ни е дадено за спасение, а не за омрази.
За крај, мноштво последователи има светиот апостол Павле на овој македонски простор цели 20 столетија, од крштевањето на Лидија, и од апостолот и епископот Тимотеј во првиот век, понатаму св. Ахил Лариски, преку светите Климент и Наум Охридски и светата маченица Злата Мегленска, до јеромонахот Кирил Пејчиновиќ и епископот Партениј Зографски, па до јеромонахот Јоникиј Ракотински и епископот Гаврил Велички во средината и кон крајот на 20 век и повторно ги има и ќе ги има се до исполнувањето на историјата во вечноста, сведоштвото за верата продолжува бидејќи Светиот Дух во Христос ја исполнува секоја личност според верата.
Свети апостол Павле, не кикснал, туку машки поднел страдања заради Христос и никогаш не се откажал од Неговото име, а знаеме колку само убедувале, мачеле, но кој издржи до крај ќе биде спасен, свети апостол Павле го доби нераспадливиот венец на вечноста оти не се откажа од вистинскиот Живот, Христос Исус. 
 Но, за сето она што пишуваме и говориме сигурно си имаме некој многу голем проблем со себе и со другите штом постојано само претпоставуваме, говориме, пишуваме и озборуваме, а одговорот и решението на проблемот (што можеби некој ќе каже и тврди дека го нема) го прочитав во текстот на сестра Макрина, и гласи: бидете (станете) свети и сите ваши проблеми ќе бидат решени. Па сега, кој има уши, нека чуе. А, самата оваа реченица зборува дека Светиот Дух постојано дише во нашата Црква уште од проповедтта на св. апостол Павле и секогаш и во секое време на овој простор и меѓу овој народ тој ќе има последователи, на во менување на нештото, туку во исполнување.   

презвитер Горан Стојчевски, Скопје
Македонска православна црква

Извор. Нова Македонија

 Друго:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1454A65CD54A354B9DFFDAF1D17CAAEB

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1102
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1670
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1100
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »