Nikola.Monashtvo.jpg 

Станете светителки и сите ваши проблеми ќе бидат решени
(Св.ЈованЗлатоуст)


Христијанството е религија на слободата и љубовта и единственото сведоштво на кое е повикан христијанинот е токму тоа. И токму во таа слобода (т.е. љубов) се крие причината за богатиот диверзитет во учењата т.е. толкувања во рамките на една иста вероисповед. Од друга страна пак, Хуманизмот на западниот свет   што го прогласи Бог за мртов и се залагаше за унапредување на општеството по себе и за себе е бениген тумор во споредба со некои закоравени теократски општества каде што жената како еден од половите на извиканата човечка природа, често пати се поистоветува со митската улога на ева во драмата на Рајот, каде што таа беше причина да се направи гревот – џабе се нејзините оправдувања со змијата, џабе е смртната казна и сите последици од останатите санкции за гревот: стигмата на онаа којашто му поверувала на злиот, поскоро одошто на оној од чиешто ребро била штотуку создадена, останала де се провлекува низ разните видови цивилизации од памтивек до ден денес. (Самиот прекин на рајот, на внатрешната врска (заедница) на човекот (Адам и Ева) со Бог, беше најголемата замислива казна, што остана да стои како знак врз природата на човекот, и тоа во вид на Смрт.)

Лесно е да се каже дефиниција за гревот, но тешко е да не се греши, бидејќи гревот е во природата на човекот, еден вид природна диспозиција. Можноста да не се греши постои, но само по пат на освестување на начинот на кој делуваат природните механизми што водат кон пад. Еден од основните механизми е отфрлањето на одговорноста односно непризнавањето на гревот. Тоа е познатото адамово: Не јас, туку Ева, и нејзиното: Не јас, туку Змијата... На некој начин, Адам и Ева станаа маж наспроти жена откако згрешија, нивната полова ориентираност еден кон друг зема замав дури по излегувањето од Рајот.

Но, во денешни услови, или од аспект на глобалното село што се почесто и позачестено може да се смести во заштитната марка на еден обичен facebook, сериозно се поставува прашањето – доколку се најдете во ситуација да морате да одберете помеѓу „еманципирана“ и „бурка“, дали сте сигурни кој е вистинскиот избор? Дали Светото Предание на Православната Црква е нешто што единствено може да застане не како избор помеѓу овие две, туку над нив, обединувајќи ги, и тоа во една личност којашто доаѓа на овој свет пред околу 2000 години, бидувајќи Некој(а) што ќе може да го смести во Својата утроба Оној, што ќе му ја врати слободата на човештвото од гревот?  Богородица. Поширока од небото, со срце смирено и спремно да ја прифати волјата Божја и да го стори она што човековиот ум не може да го замисли. 

Да се верува пак во ова, значи да се биде луд заради Христа. Понекогаш значи и да се верува токму заради тоа што е апсурдно, или невозможно да се верува. Баш како што е атмосферата во РМ деновиве, деновиве пред години, па можеби и векови. Да се биде Христијанин денес на Балканскиот Полуостров не е доволно едноставно да се каже наизуст никејскиот симбол на верата или да се знае зошто Светиот Дух не може да исходи од Синот како што исходи од Отецот?

Треба да се биде свет. За да се биде свет треба да се чисти срцето. За ова, треба да се има плачот што го имаше Мајката Божја пред да ги слушне зборовите на  Архангел Гаврил - Радувај се! За да се има покајание треба да се тихува.
Тајната треба да се открие, но пак да остане тајна...

 

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

Лето Господово 2010