логоFacebookTwitterYouTubeeMail




Откако минаа оние безгрижни детски денови во кои се' уште верувавме дека Дедо Мраз е вистинска личност и дека од се срце ќе се потроши за нас децата кои сме биле добри за да не награди, но и за лошите за да добие барем ветување за наредната година дека ќе се поправат, се соочивме со фактот дека не е Дедо Мраз тој што пуштил срце за подарок, туку дека сепак тоа го сториле оние кои најмногу не сакале, нашите родители. Сепак, не го замразивме затоа што не држел во заблуда цело детство, бидејќи од друга страна, тој даваше некое препознатливо празнично обележје на Новата година. Со Божик не го ни врзувавме, заради нагласената секуларност на тогашната држава, па Рождеството Христово не го славевме нешто особено, (а, искрено ниту пак знаевме дека тогаш се празнува Раѓањето на Спасителот Господ Исус Христос, и дека е значаен празник) дел и поради јулијанскиот календар кој се' уште ни е во употреба, па седум дена по Нова година ни беа издишани сите празнични емоции. Како и да е, на крајот на краиштата Дедо Мраз беше и заради комерцијализацијата (во западни рамки) е личност која поради ќе беше и е прифатена како замена за Христос, бидејќи Христос е религиозна личност, а Дедо Мраз заколнат секуларист, па принципот подобро суеверие отколку вера сепак беше добредојден кај нас социјалистите по убедување во тоа време.

Ние растевме, а системот се менуваше и одеднаш сомнеж после се, за да на некои им послужи тоа како причина дека постоел некој заговор во социјалистичките земји на светско ниво да го потиснат Христос од општеството. Е арно ама, како минува време и како имам се поголема можност да го видам прославувањето на Божик низ римокатоличкиот и протестантскиот „христијански“ дел на Европа, кои патем празнуваат според грегоријанскиот календар и му дават поголемо значење на Божик отколку на Новата година, гледам дека Дедо Мраз, Santa Claus, Peri Noel, Babo Natale или Tomte, не е личност која како кај нас на времето, а и се' уште се поврзува со Нова година, туку со Божик, но заради неговата комерцијализација прави истиснување на Христа во тој западно-христијанскиот свет. Па оттаму за Божик, секаде го има дебелиот чичко кој како декор се почесто виси на секоја тераса во обид да стигне навремено за да ги раздели подароците и приличува на стар манијак или дреме под секоја елка во домовите, или пак ни се смешка со препознатливото хо, хо, хо од телевизиските екрани преку Божикните филмови и реклами, или од секој плоштад каде што ја паркирал санката па фотографирајќи се со децата кои тука минуваат си исполнува време пред да тргне на далечниот пат низ цел свет, а во исто време си полни така и џеб, разбирливо е нели, ќе му затреба, пат далечен е во прашање. Искрено, некаде на Запад можеби во сенка на дебелкото ќе се види и некоја пештера во која лежи Богомладенецот Христос, ненаметливо колку да го збуни насобраниот народ, па да се запраша: Кое е, и од каде па сега ова бебенце тука? Но, бидејќи приказната за Лапонија и Дедо Мраз е полесна од теологијата, ретко кој родител ќе се обиде да му објасни на своето дете дека Божик е празник на Рождеството Христово, дека тоа бебенце е Христос кој се роди во Витлеем и во јасли беше положен заради нас луѓето и заради нашето спасение, дека Божик е раѓање на словесното Сонце кое ни дарува живот, слобода, спасение од ропството на гревот, смртта и ѓаволот, дека ни дарува и ни нуди живот вечен, или едноставно дека тоа е раѓање на Христос, на Оној Кој ни ги дарува сите дарови на земјата и на небесата, и дека Тој е единственото ново нешто под небесата, дека Он е раѓање и образ на секое добро, на секое човекољубие, на раѓањето на надежта, на можноста сите ние да станеме богови по благодат, на секоја милосрдна дејност... И така одбирајќи го полесниот пат за објаснување ние свесно остануваме робови и идолопоклоници на една лоша и искомерцијализирана копија на еден добротвор наречен Дедо Мраз или Father Christmas или како се' уште не, во зависност од земјата во која дејствува.

Да потсетам дека идејата за создавање на ликот на тој црвено дотеран и добро нахранет чичко, или според бојата на косата и брадата дедо, е земена неколку векови наназад од милосрдниот подвиг на човекољубие на еден свет отец на Црквата од 4 век кој на сите ни е познат поради неговиот надалеку раширен култ на славење, епископот и пастирот од градот Мира во областа Ликија, Мала Азија, светиот Николај Чудотворец. Секоја слава, чест и почит на Свети Николај и на неговите христијански вредности, на неговото човекољубие, на неговиот подвиг да продаде се што е негово и да раздаде на сиромасите, а тој самиот да живее во доброволен подвиг на сиромаштво, постанувајќи ни образ, пример на сите нас христијаните за човекљубието во името на Христа Спасителот Кој се поистоветува со секој човек, па и со оние кои го измислија Дедо Мраз (Santa Claus од St. Nicolaus) кои се сетија на светиот Николај и неговите добродетели па од неговото житие ги додале во карактерот на измислената личност. Но повеќе од сигурно е дека идејата на св. Николај со неговиот аскетски подвиг, не била за преку тоа да добие една хуманитарна улога во современиот свет туку преку тој аскетски и духовен живот во Христа Богочовекот да го стекне смирението, скромноста, сиромаштвото за да го добие небесното богатство. Што би кажал тој денес, и дали би се согласил со нашата комерцијална претстава за него, или дали би се согласил со идејата да го преселат во Лапонија, да го згојат, да му ги зацрвенат обравчињата, да му облечат црвено капче, панталони и палто, да му стават лакирани чизмички и црн ремен со сребрена тока кој ќе му го крепи веќе попуштениот стомак, па и за поинтелектуално да изгледа според денешнава наша претстава за интелектуалноста може и едни убави ленонки на врвот од напрченото носе да се додадат, да го екипираат со огромни вреќи полни со играчки за послушните деца, со санка влечена од еден куп набилдани ирваси со ѕвончиња, џуџиња со пругасти чорапчиња и зашилени ушиња да му помагаат при пакувањето, а последнава година гледам на некои клипови и реклами веќе и со систем за навигација, за секој случај, зашто можеби го фаќа склероза поради годините и веќе има реална опасност да го промаши толку години минуваниот пат и децата да останат без подароци. Па нели заслужил стариот и ние да му излеземе во пресрет барем со техничка поддршка, ете и човештвото да направи нешто за него како возврат на тоа што секоја година н посетува и не дарува со играчки и шарени бонбони.

И сега најадени со бонбони помеѓу двата (според календарот) Божика, враќајќи се со носталгија на оние чедни времиња, се прашувам повторно: кој повеќе го потиснал Христа од општеството, па и од христијанскиот свет? Социјализмот со идеологијата или пак капитализмот со комерцијализацијата? Се прашувам светски или трговски заговор е ова? Се прашувам и до кога големите дарови добиени од Бога кои погоре ги споменав, или еве како можност, ако не прават посреќни поситните дарови од дедо Мраз, ќе ни се помили од Дародавецот, од Бога? И ќе си констатирам за жал самиот, а можеби по овој текст уште некој ќе ми се придружи во размислувањето, дека се додека ги сакаме даровите повеќе од Дародавецот сите ние ќе учествуваме во тој заговор од било чија страна и заради било која причина да е измислен и пуштен во оптек.

Сепак, за сите нас какви и да сме, и го сакале ние повеќе или помалку, или пак сосема отфрлиле Дародавецот,

Христос се роди!

Дневник 09/10 јануари 2010 година



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 857
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1129
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1074
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »