vozdvizenie.jpg

Три манастири
  
Анализа на односите меѓу државата, црквата и манастирите   
   
  
Македонија
Има три манастири, ги палат и ги обновуваат при секоја промена на општествениот систем како пример за мултиетнички соживот
Бугарија
Има три манастири, аплицираат во ИПА-фондови за нивна реставрација и влегуваат во ЕУ
Србија
Има три манастири, тие се први на планетава
Грција
Има три манастири, тие се прататко на европската цивилизација и во секој од нив има по еден камен на кој се исклесани буквите со кои Бог го создал светот
Албанија
Има три манастири, ги преправаат во бункери, се поврзуваат со катакомбата во една прекуморска држава и добиваат директен излез на коза ностра
Италија
Има три манастири, во секој од нив отвораат по една држава и устоличуваат по еден папа
Франција
Има три манастири, секој со своја подземна винарија и по еден бернардинец
Шпанија
Има три манастири, врз едниот интервенира Гауди, другиот го качуваат на брод и по грешка го носат во Колумбија, а третиот го претвораат во џамија
Англија
Има три манастири, во едниот им дозволуваат на жените да бидат симулакрум на мажите, во другиот ја чуваат круната, а во третиот дозволуваат брак со нешто друго
Холандија
Има три манастири, едниот е изграден како штит од морето, а другите два се реставрирани замоци од старите колонии
Данска
Има три манастири и никому ништо
Турција
Има три манастири, двата се музеи од византиски период, едниот е Аја Софија
Романија
Има три манастири, сите се свети
Црна Гора
Има три манастири, сите се од камен и сите се нивни
БиХ
Има три манастири, меѓународната заедница ги бомбардира, доаѓа Ричард Гир да снима филм, а во меѓувреме под манастирите откриваат пирамиди
Словенија
Има три манастири, во нив сé е по пропис, едниот од нив е сместен во пустина и е резервиран за отшелниците што се повлекуваат во него пред да умрат од досада бидејќи сé е во ред
Германија
Има три манастири, во едниот од нив е закопана ДНК од чистата ариевска лоза од пред 2,5 милиони години, а во другите два се чува оригиналната свастика од тоа време, по половина во секој од нив, за потешко да се открие тајната на златниот цвет
Русија
Има три манастири, сите се по сто км долги и по двесте широки, а куполите се претеча на СФ
Кина
Има три манастири, но поради пренаселеност мораат да ги клонираат
Индија
Има три манастири и Ганди ги прогласува за луксуз
Јапонија
Има три манастири, во секој има по една портабл вселенска станица, подземен аеродром и излез на океан
Иран
Има три манастири, во едниот има извор на нафта, во другите два по една нуклеарна централа
Тајван
Има три манастири, едниот е на север, другиот на југ а третиот е за инает на Хилари
САД
Има три манастири, едниот го рентаат на Холивуд а другите два глумат ветена земја
Куба
Има три манастири, едниот е на Кастро, а другите два на народот
Африка
Има само три манастири  

сестра Макрина

Извор: Нова Македонија

 

Посети:{moshits}