логоFacebookTwitterYouTubeeMail


gakon.Goran.A.jpg

ѓакон Горан Стојчевски

ШТИТОТ НА ВЕРАТА
Ние веруваме и не отстапуваме /за никакви други цели/ од она на што е ставено печат од Светиот Дух и утврдено и потврдено како точно исповедање на верата предадена од Христа Богочовекот на светите апостоли, а тие преку своето /апостолско/ преемество на епископите
Повод за овој текст иако беше една анализа под наслов „ Папата (не) доаѓа„ од 14 април оваа година во дневниот „Утрински весник„ сепак нека послужи и како одговор на колумната „Ватикан како докажан штит„ изнесена во „Дневник„ од 20 август 2009 година. Никој не треба неаргументирано да алудира дека треба не дај Боже да не опфати ужас, или дека е голема трагедија што римскиот патријарх нема да го посети овој дел од Балканот или пак друг исто така неаргументирано да смета дека Ватикан треба да ни обезбеди сигурност во нашето национално опстојување, а сето ова на сметка на нашиот христијански подвиг во светот – Царството Божјо, обожувањето, цел која со вистинската вера ни го посведочиле милионите маченици кои ја исповедале православната вера, а меѓу нив има мноштво од просторот на Македонија кои се подвизувале, а со својот подвиг јасно ја потврдувале верата во Христа Богочовекот и покрај нудењето на секакви овоземни удобности спакувани дури и како заштита на опстојувањето на Охридската архиепископија во периодот на 16 и 17 век /нешто што претходно го искусила и целата Православна Екумена особено Цариградската патријаршија при налетот на крстоносците и Османлиите/, националниот идентитет во 19 век преку разните мисии на западно-христијанските конфесии. Она што е важно дека тие што живеат внатре во Црквата која е Тело Христово и присуство на Царството Небесно барем и само за миг на Светата Литургија, најдобро знаат колкава е болката од неединството или поточно од откинувањето на еден голем дел од Едната, Света, Соборна /Католична/ Црква, откинат дел кој по 1054 година живее како Римо-католичка црква. За да се зборува за екуменизмот, треба да се има не само добра теолошка подлога, туку  уште повеќе опит во верата, односно со духовен живот да сведочиме за верата. Можеме со теолошките поими мошне добро да владееме и слаткоречиво да ги изнесуваме и да идеализираме, но ако немаме духовен опит, или практична теологија, ништо не ни користи. Затоа старец Софрониј /втора половина на 20 век/ од Есекс, Англија  со право велеше дека, академската теологија не доволна за спасение, туку треба да подражаваме и  светите отци т.е. да ги користиме нивните примери во нашиот живот воден во Христос Богочовекот. Црквата е богочовечки организам на живи и конкретни личности собрани во ЕДНА ВЕРА /едно и исто исповедање на верата/ околу својот епископ, кој е икона Христова, и каде се спасуваме и подвизуваме во нашиот пат кон достигнувањето на обожувањето и единството со Бога Отца, преку единството со Христос, Синот Божји со кого реално стапуваме во единство кога се причестуваме со Неговото Тело и Крв на Светата Литургија во благодатта на Светиот Дух. На тој начин Црквата ја реализира сета своја полнота, а полнотата не подразбира поделеност, бидејќи еден е Христос, едно е крштевањето, една е и верата која ја исповедаме во Символот на верата. И светиот апостол Павле вели, дури ако и ангел Господов ви благовестеше поинаку од она што ние ви го благовестевме, нека биде проклетство. Значи, Црквата не е институција или место за потпишување на билатерални или мултилатерални милениумски мировни и екуменски договори заради надминуавње на илајдагодишното стардање на Црквата заради поделбата, или пак амбасада за да му дозволи или не, на некого посета. Ако нема на било кој екуменски дијалог печат од Светиот Дух кој   потврдува и сведочи за единството за верата, се дотогаш ќе има само екуменски монолог. Не може постојано и вештачки-пропагандно да се бара вината во православното свештенство, кое наводно е исполнето и затворено со зилотизам и непопустливост. Ние не сакаме да навредиме никого само затоа што веруваме и сакаме  заради наше спасение да ја зачуваме верата правоверна која ја исповедаме во Символот на верата, ние веруваме и не отстапуваме од она на што е ставено печат од Светиот Дух и утврдено и потврдено како точно исповедање на верата предадена од Христа Богочовекот на светите апостоли, а тие преку своето /апостолско/ преемество на епископите, а низ многу искушенија вера утврдена и потврдена низ искуството на седумте Вселенски собори. Вера потврдена со проповедта на апостолите, со крвта на светите маченици, со теологијата на великите ерарси, со подвижништвото на пустинските отци преку  светиот Григориј Палама и светиот Марко Ефески, се до денешните свети Јован Шангајски и свети Силуан Атонски и сите свети кој се меѓу нас и така се до исполнувањето на времето во Царството Божјо. Но пред да се пишува за ваква тема или повразана со неа како вашиот текст, можете на македонски јазик да ја прочитате „Слово од Елеуса„ од Митрополит Струмички Наум  издадена 1996 година, како и ставовите објавени на www.mpc.org.mk во однос средбата на Римскиот и Вселенскиот патријарх во текот на 2008 година, како и текстот на А. Шмеман „Агонијата на екуменизмот„ во превод на македонски објавено на http://preminportal.com.mk и сметам дека реално ќе си го претставите пред вас  прашањето кое сакате да го формулирате дека зад ненадминувањето на поделбата по 1054 година, стои непопустливоста на православното свештенство. Во спротивно ова ќе биде само уште  едно во низата дезиорентирачки  текстови кој нималку не допира до суштината на проблемот меѓу Православната екумена и Римо-католицизмот. Точно е дека Помесните православни цркви паднаа во ереста на етнофилетизмот и сите последици кои произлегуваат од него, но тоа се уште не значи дека како Православна Црква со сета своја полнота, односно како Една; Света, Соборна и Апосотлска    Црква сме го довеле во прашање единството во исповедањето на верата, како што тоа го направи Црквата од Запад 1054 година. Исто така, тоа не ни дава за право да се нафрламе како супер-православни чувари на верата, туку од нас треба да направи поодговорни кон верата која ја исповедаме, бидејќи како што вели о. Александар Шмеман, големиот американски православен теолог од 20 век, ако нашата вера, како што постојано тврдиме,  е една вистинска вера, зар не дошол веќе часот кога првенствено самите на себе треба да покажеме како таа функционира во конкретниот живот.
  Одговорот лежи не во православниот зилотизам кој е туѓ на аскетското предание на Црквата или во поврзаноста на одредени бискупи со одредени  негативни движења, туку во доктрината и прозелитизмот кој го застапува римо-католицизмот кој сака да го заобиколи клучното прашање поврзано за точното исповедање на верата кое тешко дека ќе се надмине со оглед на илјадагодишното оттуѓување од Вистината кое довело до многу потреси на Западот како што се папското првенство, крстоносните војни, инквизицијата, целибатот, индулгенциите, реформацијата итн., а другата страна стои нагласениот концепт на етнофилетизам. Страдањата и искушенијата во овој свет секогаш се поголеми ако доаѓаат од своите, но исто така и благодатта Божја поголема ако смирено и љубовно ги прифатиме и ако молитвено во името Христово ги преобразиме. Доста е од политички анализи и манипулации со верата кои предизвикувале и предизвикуваат конфликти, раздор и омраза.
 П.С. За секоја друга информација од овој тип пожелно да се прочитаат житијата на св. Григориј Палама и св. Марко Ефески, „Слово од Елеуса„ во издание на манастирот од Водоча и „Точното исповедање на православната вера„ во издание на книжарницата Икона.

gakon.Goran.A.jpg

Автор: ѓакон Горан Стојчевски 

Извор: Нова Македонија 

Друго:

http://preminportal.com.mk/content/category/5/25/54/

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1102
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1670
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1100
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »