логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА

Фотографии од пеколот

Израснаа армии млади луѓе на кои наизменично им се меша бессоницата со бессознанието. Мрзливи, злокобни, со вечно намрштени погледи. Американскиот жаргон ги нарекува bullies, просто преведено како малтретирачи, кои групно се збираат и истураат удари врз нечија глава. Фотографија: Дваесетгодишници на кои 4 попладне им е време за појадок и триесетгодишници што живеат со својата мама, прејадени со подгорени колачиња слушаат реге


Олдос Хаксли на едно место пишува: Земјата можеби претставува пекол за друга планета. И Македонија можеби е пекол за друга земја. Не се одразува ли една пародоксалност кога Македонците што одат надвор, не се сите гении како што владее еден мит, но сигурно се добро снајдени во т.н. Рај на западните демократии. А, ние овде никако да си дефинираме барем контури од Едемска градина. Одбивам опортуно со лев популизам раскажувајќи за социјалните услови да се обидам да се додворам за добивање евтини поени кај читателската публика. Одамна веќе не можам да ги поднесам лицемерните телевизиски животни стории кои станаа жанр на два пакета масло и една вреќа брашно, како искупување од гревовите. Милосрдие за најзагрозените, но што е со духот на здравите на способните. Ме интересираат душите на луѓето и каде се тие длабоко закопани.

Злото најпрвин доби повик од реата што ја предизвикаа с помногубројните кафеани. С почесто размислувам дека градежната конструкција кај ГТЦ е како карантин за животниот стил - безделничење на кејот. Овде кафеаната не претставува префинет салон на високите класи, ниту бистро на прогресивната интелигенција, не е ниту во краен случај некаква боемштина, тоа е празен разврат, кој во корен ја негира блејковската дека тоа е пат кон мудроста. Тоа единствено води кон регресија на духот и агресија првин на мислата, а потоа на телото.

Водители-поп-пејачи-кафеанџии, оргијастичниот круг се затвора. Израснаа армии млади луѓе на кои наизменично им се меша бессоницата со бессознанието. Мрзливи, злокобни, со вечно намрштени погледи. Американскиот жаргон ги нарекува bullies, просто преведено како малтретирачи, кои групно се збираат и истураат удари врз нечија глава. Фотографија: Дваесетгодишници на кои 4 попладне им е време за појадок и триесетгодишници што живеат со својата мама, прејадени со подгорени колачиња слушаат реге. Фотографија: Неодамна сосема случајно чув една сосема едноставна, но вистинита мисла, мисла од еден човек на улица каква што не можам да најдам во морето колумнисти. Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.

Фотографија: За време на Нова година во едно централно гратче наидов на 7-8 обложувачници само долж главната улица. Во Скопје гледам дека има обложувачници, два-на-два каде што може да отидете, да го уплатите вашиот дневен чек поинт. Фотографија: Интернетот, местата со содржини на македонски јазик не претставуваат остварување на просветителска утопија, ниту реформација, туку виртуелно сафари. Како со сачмарка, чизми и најмодерен џип отелотворен во моќна интернет конекција се користи за пукање со омраза кон малкуте креативни потенцијали кои цртаат, пишуваат или прават музика на мрежи како my space. Тоа е крик на скоро неповратно душевно осакатени луѓе, кои молат за спас. Ни најновите технолошки достигнувања и алатки не може да ги нашминкаат многу морално грди лица.

Фотографија: Гледам и не можам да поверувам, естрадните лоши трешери својот неталент и недостиг од вкус го пакуваат како кршење на табуа. Какви табуа кршите, бедници? За жал, немаме ни еден гротескен Мерлин Менсон морбидно да г,и визуализира и артикулира лудилото и изопаченоста на средните слоеви. Во светот постојат луѓе што се сметаат за уметници и кои имаат намера слики од непроценливо значење да ги скршат или чкртнат како своевиден перформанс, атак врз застарените вредности. Но, никогаш не чув да се појави нешто слично на некој од нашите фестивали, пресови, едноставно да се појави некој со чекан. Еве им супер идеја, на разгалените алтернативци кои со прстињата невротично тропкаат по арт-кулоарите колнејќи се дека сакаат да ги променат нештата на подобро. Најфрапантно е што многу брзо, во идно време, во недостаток од посериозни уметнички стандарди, неквалитетот ќе се етаблира во вредност и ќе стане достоен за римејк, неквалитетен римејк на неквалитет.

Фотографија: Она што би требало да претставува задоволување на вкусот на потребата од перверзност на група гледачи, мене ми се емитува веднаш по ручек, во ударен термин, озборувачки емисии од типот на „Бекстејџ“ и „Ексклузив“ чист одраз на духовна озонска дупка. Не можам и не сакам повеќе да гледам како бездарници во емисии се изживуваат врз спанаќот или Коста Бургов. Медиумот како единствено можна промоција е сфатен како можност за колективно исмевање, ритуал својствен за жестоките малограѓански силеџии, денес тој модел е пренесен во мејнстримот.

Фотографија: Пијани луѓе што во една продавничка здружно и насилно тегнат синџирче да дојдат до шише алкохол. Истиот ден, во истата продавничка еден постар човек ја нуди својата јакна за кутија цигари. Со години, една иста, та иста, алчна тетка со дуќанче покрај градскиот парк во Битола, како отровните парфеми на Жан Баптис Гренуј, ја труе половина битолска младина, скришно подавајќи им во завиткана хартија вински оцет. Не може некој да ме убеди дека тоа не го знаат сите особено одговорните кои просто замижуваат. Шанк, пожолтено лице на млад човек, со двете раце ја стиска чашата со шприцер и низ заби го изговара нихилизмот, производ на моралот на нашата заедница: Тој што пие ќе умре. Тој што не пие, уште побрзо.

Нашиот пекол е безмилосен подеднакво спрема сите нас. Богатите за рок од неколку години ќе се изгорат со виски, сиромашните со евтино вино, најсиромашните со лепило и бронза. Доколку денес се поставува „На дното“ на Горки, дури и оние кои ќе бидат повикани како статисти од театарот ќе ја играат сопствената автобиографска улога.

Фотографија: Луѓе, во 5 изутрина го чекаат својот автобус за работа, други се враќаат од „бурниот“ ноќен живот. Првите одбиваат да ги соочат погледите чие журкаџиство со ангарија го наплаќаат вторите.Станав доволно возрасен за луѓето кои своето систематско дрогирање го нарекуваа младешко експериментирање и рекреативно дрогирање да ги видам како се влечкаат во редот за метадон во Кисела Вода. Не се залажувајте господа, не можат со ништо да бидат идоли диџеи и радиоводители со штрбав дилерски шарм кои редовно плаќаат членарина на асфалтните момци од Гази Баба. Од релативно спокојна и тивка социјалистичка провинција во југословенската мала империја, за две децении без посебни дебати, полемики и препирања околу тоа, станавме порочна земја со хорорно секојдневие.

Фотографија на клинци кои ја докусуруваат со гранки мачка која до пред неколку мига ја згазил автомобил на булеварот Партизанска. Полека ја напуштаме традицијата на грижа кон постарите луѓе. Отфрлени се враќаат во своите родни куќи и поради заборавеност од страна на нивните ќерки и синови со часови седат вкочането во фотелјите со прст на орозот од пушката.

Со што би можеле да се спротивставиме на овие потресувачки фотографии? Секој најверојатно има свое решение.Јас сметам дека верата е едно од нив! Верата не мора да го исклучува знаењето како што засилено гракаат разноразни неграмотни мислители.Тоа го докажуваат и нашите први просветители кои всушност беа вероучители: Јоаким Крчовски, Партение Зографскии други.Ќе завршам со еден цитат од „Огледало“ (1816) на Кирил Пејчиновиќ: „А дила учение книга да се почне без молитва, што сиот закон наш и вера наша све на писание висит! Дан е е писми, све би се заборавило и Бог дали има, или нема не би се знаело. И ѓаол тогај би царувал, ка што царуеше во време на идолопоклонство!“


Алекс Букарски (Авторот е писател)

Извор: Дневник

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1102
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1670
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1100
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »