ѓакон Горан Стојчевски

ПРОСТЕТЕ МИ, НО, ГРЕВ ЛИ Е ДА ИСПОВЕДАМ ОНАКА КАКО ШТО ВЕРУВАМ
 
 gakon.Goran.A.jpgЧовекот со слободната волја може да избира и да избере онака како што самиот ќе одлучи, а Бог ја почитува слободата на избор на човекот.

 “Попе, грев ли е да се гласа за Селмани”, ова е насловот на сторијата на новинарка за дневниот весник “Дневник” која доживеа и екранизирана верзија на А2 телевизија, сторија која истражувачкото новинарство ја одведе во Неготино. На крајот, излезе дека тоа всушност била приказна чуена во берберски салон видена како можност за добра новинарска сторија, а дали е вистинита и не е толку важно. Но, немало потреба за потврдноста на одговорот од свештеникот, дека секоја власт е дадена од Бога, да се троши пат и време на приказна за која ни новинарката не даде потврда дали лично ја добила од верникот кој побарал совет, или од свештеникот кој го дал советот, па повторно кабаетлија испаѓа свештеникот кој како и да е, приказна или вистинита случка дал точен одговор. Велам, нема потреба да се бара веродостојност на приказна од берберските кулоари, туку доволно е новинарката, како и секој друг човек заинтересиран за одговорот на ова прашање потребно е само да го отвори Светото Писмо и да прочита каков одговор му дава Христос Богочовекот на Понтиј Пилат. Кроткото молчење на Христос, Кој како Бог знаел како ќе заврши како човек, предизвикало прашање од Понтиј Пилат, ти ли мене не ми одговораш, знаеш ли дека имам власт да те распнам, но и да те пуштам, а Нашиот Спасител сосема смирено одговара, ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадена одозгора. Овој краток дијалог, ќе го слушнеме повторно повеќепати на Велики Четврток кога се читаат дванаесетте страдални евангелија. Јас како православен христијанин воопшто не сомневам во Христовите зборови, бидејќи како што истакнал големиот Достоевски, дури и да докажат дека Христос не постои, јас ќе бидам онаму каде што е Христос. Нема потреба да не верувам во тоа што го исповедам, дека Бог Отец е Творец на небото и земјата, на с# видливо и невидливо, според првиот член од Символот на верата, а исто и во Единородниот Син Господ Исус Христос, Синот Божји….. преку кого с# постанало, и во Светиот Дух, Кој живот твори….. Зарем сега кога вака исповедам како православен христијанин да кажам дека власта каква и да е, па и се друго на светот не е според волјата Божја, според Божјото допуштање или според Божјиот Домострој /план, устројување/ за човекот и светот. Значи, одговорот на свештеникот според православното исповедање на верата е точен.
 Но, она што е важно, е дека човекот со слободната волја може да избира и да избере онака како што самиот ќе одлучи, а Бог ја почитува слободата на избор на човекот, во спротивно, ако не ја почитуваше, човекот би бил роб, а не слободна личност. Изборот ја изразува онаа клучна карактеристика на човекот како слободна личност. Адам избрал онака како што избрал, а Понтиј Пилат кој исто така имал можност да избира, по својата слободна волја одлучил да го предаде Христа на распнување, иако и тој како и Адам имале и друга можност. Но, Бог ја почитува слободната волја на човекот. Истото, е и со било која друга ситуација, па и со изборот на власта, каде секогаш имаме можност да избираме по своето слободно убедување, Бог ќе го почитува нашиот избор. Па дури и власта да ни биде наметната со сила, како што било случај во одредени историски периоди, повторно ни е дадена можноста на избор, дали ќе се избориме за слободата која ни следува или не. Не може Бог, да одлучува наместо нас, но она што сме го избрале го почитува.  Бидејќи Бог е љубов, а не суров авторитет. Дали ние како луѓе ќе го почитуваме повторно зависи од нашиот избор. Како што н# поучува светиот апостол Павле, ние треба власта да ја почитуваме со нашите добри дела, а пак власта и оние кои ги уживаат нејзините придобивки или работодавачите се должни да ни распределат според нашите потреби и вложениот труд. 
 Што се однесува до вториот дел од одговорот на свештеникот до оној кој се посоветувал со него, а тоа е дека може да избере кого сака без разлика дали е христијанин, муслиман или атеист, сведочи само за големиот подвиг на љубовта кој ни го оставил Христос во Црквата, дека Бог не гледа на лице, туку на дела. Ова сведочи за љубовта Божја која е присутна во православното сфаќање на човекот и светот, како и за слободата која ја има човекот без предрасуди за било што и за било кого.
 За крај, нема потреба да пожолтуваме било каква информација без претходно да ја провериме колку таа во себе е позитивна, но како и да е, Христос му допушти на Пилат да го предаде на распнување за да се исполнат пророштвата и Писмото, дека на Крстот не завршува с#, туку тој е само патот до Воскресението, но и да Му покаже на човекот дека слободно одлучува дали ќе Му верува или не.

Извор: Нова Македонија, 31 март 2009

{moshits}