Ако нашето срце го храниме со добро и делата наши ќе бидат такви, и по нив ќе бидеме познати
 
Иако веќе еднаш ја образложив потребата од изборот на веронауката и нејзиниот историски тек во Македонија, сепак чувствувам потреба повторно да проговорам за неа. Многу педофилски скандали и убиства ја потресоа нашата држава, а секако и многу други случки кои произлегуваат од искривените вредности во самиот човек, воопшто во нас како луѓе, а кои се рефлектираат на други личности, но и на природата. Откако ќе се случат вакви немили настани одговорите се бараат во психолошкиот профил на личноста, а превенцијата во казните. Постои една народна поговорка која вели, подобро е да се спречи отколку да се лечи, а најмногу во тоа може да помогне воспитанието. Воспитанието во оваа денешна трка за знаење и информации е потполно запоставено. Сметам дека изборот на веронауката ќе го надомести тој вакум во нашето образование. Од друга страна, иако родителите се тие кои треба да се грижат за воспитувањето на своите деца, со веронауката ќе има ефект и во обратна насока, заради тоа што е пропуштено кај нивните родители во изминатите педесетина години, како и во годините на транзициониот виор каде во многу се изгубени оние вредности кои значат чесност, разбирање, почит, взаемно помагање, љубов. 

g.Goran.jpg

Изборот сега е пред нас, а обврската е голема, дали децата ќе ги обремениме со уште повеќе информации и ќе останат само информации кои ќе го подигнат степенот на знаење, или тоа ќе биде запознавање со себе како личност, и хранење, односно воспитување со вредности кои треба да помогнат децата да се реализираат себе си како слободни личности со добредетели кои треба да ги красат како изградени личности, а кои ќе имаат позитивен ефект и во самото општество. Само еден статистички пример, во Полска 1990 година кога е воведена веронауката како предмет во образованието, во средината на деведесетите години стапката на криминал и девијантноста кај младата популација е намалена за 17 %. Полезноста од веронауката сепак вродила со позитивни резултати, кои се полезни не само за секоја личност, туку и за општествто кое ако напредува во добро секој процент е важен. Веронауката нема да биде само просто запознавање со општо прифатени етички норми, туку треба да биде запознавање со своето срце, чистење на своето срце од лошите помисли, гордоста, суетата, презирот, омаловажувањето, лагата, бидејќи според Христовите зборови, од преполнетото срце зборува устата. Затоа, ако нашето срце го храниме со добро и делата наши ќе бидат такви, и по нив ќе бидеме познати.

А, сега останува изборот на секој од нас како родители, дали ќе се согласиме на нашите деца да им овозможиме да се запознаат со полезноста од веронауката та и ние нешто да научиме од нив, или ќе дозволиме повторно да ја испуштиме шансата да се запознаеме со себе и во таа неукост да робуваме на суеверијата, а кога ќе не прашаат другите за нас да се срамиме и чудиме што да им одговориме.  

Друго:

 

Посети:{moshits}