3.angeli.so.truba

И како да го наречеме овој чин на осквернување, ако не лага, манипулација, тргување со туѓата мака, со нечие страдање.

Овој бајачки момент, што е присутен во еден толку древен манастир, украс на Скопската епархија и гласен сведок за духовната историја на овие простори, е срамно и понижувачко.

Ќе сведочиме за преданискиот пат на обнова и обожение на човекот низ светите тајни, преку покајание и исповед,пост, молитва, Литургија и причест, а некој ќе дава нереална и празна рецепта: “ Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на cветецот ќе ти ја исполнат“

Колку бедно и понушувачки! Манастирскиот клисар и некој/некои со него, ја узурпираат светињата, за лична корист. Бесплатно? Како да не: по “сеансата”
се нудат да се купат икончиња со молитва,а луѓето фрлаат пари врз каменот како благодарност.

Возљубени,

Тој камен е всушност амвонот - издигнато место на средината од храмот каде што се читало Евангелието и од каде се проповедало.
Нуту е можно, ниту било така - тука,под или над,да се наоѓале моштите на свети Никита.Ниту бил свети Никита таму сохранет,ниту па има сведоштво дека во храмот се чувале дел од неговите мошти. И да имало парче/честица,сигурно не биле таму,за да се газат.
И,најважното - утехата,исцелението не доаѓаат од моштите, туку од благодатта Божја, преку која и тие мошти се нетлени и свети. А вистинската утеха и исцеление доаѓа само и единствено врз тие што со искрена вера и покајание пристапуваат.

Написот раскажува и за чуда и исцеленија. Кое е вистинскот чудо и исцеление ако не поправањето и преобразувањето, преумувањето и покајанието на тој што се нашол под искушението. Не е чудо лекувањето на болеста, туку на причината. А и оној што те привел кон лажната надеж, а кој ти е обесен на вратот и те дави,малку ќе отпушти за да му поверуваш во добрата намера,но подоцна уште пожестоко ќе нападне.

Не верувајте во оваа измама! Барајте ја утехата при вистинскиот извор - во литургискиот живот во Црквата. Не се задоволувајте со инстант лекови, нивното декство кратко трае и не лекува вистински.

sv.NIKITA.Banjani.jpg

Во прилог вистинското житие на свети Никита:

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита с ѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Св. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во којшто маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар Маријан го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде што му изгради црква на Св. Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

 

 Избор од фб профил на

Презвитер Бобан Митевски

 

Забелешка:

 По повот текстот објаве во ВЕЧЕР- 4 Feb 2020 - 21:55

ЛЕКОВИТОТО ЧУДО Е ТУКА, ДО НАС, во манастирот Свети Никита

 

Друго:

sv.NIKITA.Banjani.jpg

 

 

 

Aleksand.Lit.jpg

(Св. Никита- фреска во манастирот на св. Никола, с. Љубанци)

 

 Друго:

https://www.google.com/search?client=firefox-b-e&q=%D0%9B%D0%95%D0%9A%D0%9E%D0%92%D0%98%D0%A2%D0%9E%D0%A2%D0%9E+%D0%A7%D0%A3%D0%94%D0%9E+%D0%95+%D0%A2%D0%A3%D0%9A%D0%90%2C+%D0%94%D0%9E+%D0%9D%D0%90%D0%A1%2C+%D0%B2%D0%BE+%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82+%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8+%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B0#ip=1