логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 „Молкум моли за сите, за целата Црква, за свештенството, за монасите. Нашата Црква денес минува низ криза...биди вистински христијанин тогаш нема никого погрешно да го разбереш, туку твојата љубов ќе покрие сé...и кон иноверниот биди христијанин...треба да ја почитуваш туѓата слобода...„

Св. Порфириј Кавсокаливиски

G.G.jpg
Деновиве како некој да добил инспирација на тема МПЦ-ОА, па пишувајќи мастилото се истурило, и најверојатно заради тоа пишаното беше матно, а зборовите недолични од нечитливоста на размачканото мастило. Христијански е да се заврти и другиот образ, но пред да се заврти треба да прашаме со Христовото, „зошто ме биеш?. „Ако  реков нешто лошо, докажи го лошото, ако ли, пак, добро, зошто ме биеш„ (Јован 18,23). Но, во време кога предрасудите се исполнети и останале само осуди, не може да се очекува докажување со аргументи, колку ти држи вилицата толку го форсираш перото, или со зборовите на Нашиот Спасител, од преполнетото срце зборува устата (Мт.12,34). Одамна нашево, во секој поглед партиско-политички поделено македонско општество ми личи на партиско-политичката поделба во јудејското општество во Христово време, ова го напишав во еден текст пред некои избори, не знам кои оти ги имаше многу. Имаме, позиција и опозиција т.е. фарисеи и садукеи претставници на две непомирливи политички струи, се здружуваат само кога имаат заеднички интерес, и секако кога треба Христос да го фатат и убијат (Мт.26,3). Исто така, меѓу нив има и книжници т.е. експерти кои стручно ем научно, ги бранат ставовите во јавноста  на едните или другите. Тоа се тие т.н. учени, во кои треба да се загледаме што сега ќе кажат. Но, да се разбереме и меѓу нив има многумина и како благообразниот Јосиф и праведниот Никодим, кои поверувале од срце во Христа и се членови на Црквата во која го бараат своето спасение т.е. обожение и сведочат дека верата христијанска е жива, дека е догматска, црковна и аскетска, како што посведочил и преподобен Софрониј од Англија, а никако не е религија како антиквитет, оставштина од минатото која треба да работи исклучиво за општествено-политичка благосостојба.

Перцепцијата кон МПЦ-ОА барем во овие транзициони години наназад само ја потврдуваат точната дијагноза за секуларниот поглед кон верата изнесен од о. Павел Евдокимов, дека денес да бидеш религиозен, рамнодушен или атеист, не зависи само од темпераментот, туку повеќе од политичката определба. Во Црквата се според мерата од растот во Христа (Ефес. 4,13) , и според Христа се трудиме да ги гледаме и ближниот и светот, од односот кон ближниот  ни зависи и нашето спасение, а светот е оној кој го очекува нашето прославување т.е. обожение во Христа за да биде и тој спасен во Црквта (Рим.8,19). Но, ако мериме според политичката определба тогаш ја промашуваме нашата цел за спасение во Црквата и секуларно се предаваме на традиционализам, конзервативизам, национализам, патриотизам, во поново време етатизам, форми кои може да бидат религија, но не и вера. Рамнодушните може понекогаш да бидат водени согласно својот темперамент, но сакаат да ги гледаат работите однадвор, а да имаат придобивка одвнатре односно некоја сатисфакција на религиозното чувство без форма, но политичаката определба која влијае и врз темпераментот ги прави да бидат за или против верата според стихиите на нашето партиско-политичко поделено општество. Атеистите, го знаеме нивниот став како израз на нивната слободна воља, а повторно политички зависи дали тие ќе бидат антирелигиозни или милтантни, или пак, само индиферентни односно рамнодушни атеисти. Сите форми кои ги наведува Евдокимов, МПЦ-ОА ги има вкусено, првата „штабна„ опомена стигна од религиозните, кога прашуваа, каква е таа Црква која не може да му нареди на клирот да изврши некоја одлука, во тогашниот случај, забраната за користење на социјалните мрежи од страна на клирот. Претходно и последователно имаше многу такви „пецкања„ кои не можат сите да се набројат.

Рамнодушните кои зависно од темепераментот рековме се или религиозни или атеисти, цело време укажуваат дека единица мерка за попот  е џип, и според таа мерка во однос на Црквата мерат и премеруваат, не прават разлика меѓу ѓакон, свештеник и епископ, монаси, клисари, псалти,професори, мирски лица вклучени во работата на Црквата, туку имаат сума, наречена попови, а да не зборуваме дека во османлискиот период точно и иноверните знаеле кој и што бил во Црквата. Раководени според единицата мерка која си ја патентирале го бројат само возниот парк на суво, па дури и на вода, а никако да ѕирнат во возниот парк на своите наработодавци(нардебодатели и работодавци). Се расприкажуваат со фотографии, средби и текстови извадени од контекст, со писанија и прилози за „мртва сабота„ и тоа што се подготвува за јадење на Божик, а што на Велигден, кои никако да се посоветуваат со свештенослужител за да не им падне титулата, или од цела изјава на некој клирик ќе извадат само патриотска или гурманска дефиниција, не знаат  каква „мечкина„ услуга прават и колку само од простотилак ги поткопуваат темелите на МПЦ-ОА, а потоа според „свирчето„ ќе ја бранат нашата Црква од нас, а со самото тоа сведочат дека сега дури сфатиле колку го поткопувале столбот на македонската самобитност (види Мт.23,30-32). За соблазната пак што ние сме ја дале, да го парафразирам св. Григориј Богослов, не сме амнестирани имаме голема одговорност. Но, слава му на Бога што темелот и Главата на нашата Црква е Христос, иако од снисходливост слаб и предаден на распнување и со вкусена смрт за спасение наше и на светот, сепак е Вседржител и Сесилен во Својата Слава, која ни ја дава и нам да ја вкусиме кога ќе се причестиме со Неговото Тело и Крв на Светата Литургија каде е собран верниот народ и свештенството околу својот архиепископ. Може и да сме и најгрешните и тоа сме, затоа и сме во Црквата, но сепак знаеме дека нашата цел е единството со Бога во нашата вечна татковина  - Царството Божјо, и дека секој ќе ја вкуси љубовта Божја според тоа колку и како ја давал во овој свет и век. Но, тоа не значи дека сме ја заборавиле нашата земна македонска татковина, нашиот простор и време кои треба да бидат спасени во Црквата, како што своевремено тоа го направиле св. апостол Павле, св. Јустинијан Управда, св. рамноапостолни Кирил и Методиј, св. Климент и Наум, па се до архимандрит Јоаникиј и епископот Велички Гаврил сведочеле за спасителното дело Христово низ вековите за во вечни векови, сведочеле за небесната татковина преку Евхаристијата во нашата земна татковина.

Историјата како наука која заличува на спирала нé води кон заклучокот дека не се повторува, но се поклопува понекогаш во времето и просторот и сведочи дека едни ја спасуваа МПЦ од самата МПЦ во 2002 година, а други, еве сега сакаат да ја спасат повторно МПЦ-ОА од самата МПЦ-ОА при крајот на проектната 2014 година. Тука во таа спасувачка мисија се вклучени книжниците со ореолот на учени кои само сакаат да дадат тежина колку политичарите добро ни мислат, а дека нашиот клир е сомнителен, Господ нека е напомош и нека помилува.  На некого можеби џипот му заглавил во живата кал на амазонските прашуми и дочекал по милоста Божја со параходот да го извлечат, но тоа не значи дека треба со калта да валка по нашата света Црква.  Исто така, треба во очај да ги фрлиме оние кои при штавењето на своите текстови од патриотскиот пергамент каде се шие некаква непопусливост дека не ни помислуваме на богомилските и унијатските  навреди кон Христа и Неговата Света Црква, бидејќи точно ги познаваме зборовите на нашиот Пастир Христос Богочовекот, Кој вели, „ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе, зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот, и десната рака ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе, оти подобро е да ти погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот„ (Мт.5,29-30).  Евангелието наше е Христос, а не суетата и ласкањето на чаламот, евангелието според себе со галење на совеста и чешање на ушите не е спасително. Нека ми прости секој што мисли дека е навреден оти според св. Василиј Велики, нашите зборови треба да бидат благопријатни, а нашите дела богоугодни, така сведочиме дека сме христијани.
За да не биде доведен било кој во заблуда, треба да имаме доверба во нашите епископи кои раководат со словото Христово, а нашите молитви треба да бидат постојани за правилно тоа да го прават, а  ќе постапат согласно зборовите на великиот Достоевски, дури и да докажат дека Христос не постои, јас ќе бидам онаму каде што е Христос, а тоа е Црквата. Наше е да избереме дали ќе бидеме послушни на Христос  или на светот.


П.С. Единица мерка за човекот е Христос.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1465
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 921
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1177
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »