логоFacebookTwitterYouTubeeMail





 

19-ти септември лето Господово 2014

 

 презвитер Горан Стојчевски


ЕКУМЕНИЗМОТ И ЗИЛОТИЗМОТ-ФОРМИ НА СЕКУЛАРИЗМОТ

 

„ Ако нашата вера, како што постојано тврдиме e една вистинска вера, зар не дошол веќе часот кога првенствено самите на себе треба да покажеме како таа функционира во конкретниот живот, односно во таа напнатост помеѓу апсолутната и вистински апофатичка Божја отадестварност и Божјата стварност /реалност/ и величествено присуство во овој богосоздаден, паднат и спасен свет?„- отец Александар Шмеман

Треба да посветиме поголемо внимание на зборовите што се погоре цитирани, за некого можеби се малку неразбирливи, но секако значајни ако сакаме да живееме православно со срцето, како што со устата исповедаме ( види Мт.15,8), и да не потсетат за да не паднеме во замката на осудувањето, кога осудуваме една ерес, а стануваме поборници на друга, да не даде Господ, Кој пак вели „сé она што сакате да ви го прават луѓето, правете им го вие, оти тоа се Законот и Пророците„ (Мт.7,12). Но, деновиве сајтовите, порталите, социјалните мрежи, па и медиумите беа место каде се информираше за средбата на римскиот папа со Вселенскиот патријарх, за некого тоа беше акт на евангелска љубов, за други акт на предавство, за трети можеби политички настан кој ќе придонесе кон светскиот мир итн. Овие вториве, го осудуваат екуменизмот, цитирајќи дел од светите отци, канони и правила, откровенски толкувања, конспирации, сметајќи дека треба зилотски т.е. ревносно да се брани верата, но, дали ќе се одбрани со цитати, не сум баш и сигурен, барем за до толку треба да знаеме од евангелскиот настан со слепородениот и разговорот на Спасителот со Самарјанката, дека на Бога треба да му се поклонуваме во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат, оние што му се клањаат (Јн.4,23), и да не се фалиме дека сме ние Христови ученици, а на другите да им речеме дека се во гревови (види Јн. 9,27-34). Да не навлегувам во историски детали, но еве ќе се послужам со зборовите на протоереј Георги Флоровски, дека го разбирам екуменизмот како сесветско враќање во Православие, со додаток, кога ние како православни, најпрво ќе покажеме дека го живееме Православието.

Екуменизмот, во оваа форма е создаден во средина која најмногу почувствувала дека е оттргната од Црквата, а тоа е протестантизмот, и најпрво е дијалог на протестантите со римокатолиците, а потоа, најверојатно како од рекламата цело е кога има сé, како тоа Сé, ги вклучуваат и православните. Но, во односите на православните и римокатолиците, екуменизмот има само политичка димензија во насока на секуларниот придонес за мир во светот, па ако на тоа се додаде отстранувањето на анатемите, што е добар чекор, дојдено е и до догматскиот дел, и тука веќе се отвора простор за сомневање и во добрите намери, кој го поплочуваат патот до пеколот. Ако екумнизмот е ерес, што претставува, тогаш зилотизмот? И тој е скриен исто така во добрите намери за „одбрана„ на православието. Ако, нешто што не е догма, како на пример, прашањето за календарот, или еве, најново, средбите на римскиот папа и Вселенскиот патријарх, и во таа насока и соработката на православни, римокатолички и протестантски свештеници за некои прашања кои се одесуваат на нивната мисија и взаемна соработка, а истите се осудуваат под превезот - ревнување за верата, не е ништо помала ерес од екуменизмот. Се објавуваат фотографии како наш свештенослужител присуствувал на некоја средба во средина во која си ја извршува својата мисија меѓу својот народ, а таа средина е на Запад, условно речено во римокатоличка или протестантска средина, или исто како и  кај нас, во секуларен свет, што треба да прави? Строго да одбива заедничка средба со протестанти и римокатолици, на која секако нема литургиско служење, ниту пак догматски се огрешил, а на каков начин да го проповеда православието на оние кој му обезбедиле место за служење на Литургија без било какви верски или други притисоци, како и овозможени услови за извршување на православната пастирска мисија меѓу своите каде има многу и мешани бракови, се ставил ли некој на негово место.   Но , за ова појаснување дава протоереј Александар Шмеман, „знам дека има многу православни кои тврдат и проповедаат дека православните можат и мора да живеат на Запад без било каква “врска” со западната култура и со став за потполно отфрлање на таа култура, да живеат на Запад како Западот воопшто да не постои, бидејќи тој во целост е “трул, еретички и неизлечливо болен”. За да се постигне ова треба да се направат вештачки острови на грчка, руска или било на која друга православна култура, и би требало да се затворат сите врати и прозорци и тогаш да се живее во убедување дека припаѓаме на “светиот остаток”. Она што тие “супер-православни”, навистина и не знааат дека таквиот нивни став ја одразува всушност нивната потполна капитулација /отстапување/ пред истиот тој Запад кога се згрозуваат  и во својата идеологија на “супер-православноста” да го претворат православието во она што тоа никогаш не било, во секта, која по дефиниција е негирање на соборниот /католички/ призив на Црквата„. Слободни треба да бидеме со слободата со која Христос нé ослободи, да ја живееме литургиски, а со тоа и православно, и да не бареме вина, или некого да осудиме, ако од нас не барал никакво откажување од верата, или ако никој на тоа не нé присилува. Екуменизмот и зилотизмот се само уште две форми на секуларизмот, кои ни укажува дека подоброто човештво ќе го донесе царството Божјо, или  ревнувањето за буквата т.е. канонот дека ќе ја изгради на земјата, Божјата држава (некоја копија на Византија или слично), а Христос ни сведочи за Своето Воскресение, за нашето воскресение во Него (Лука, 24,44-53), за Божјиот Домосторој, а не за човечките утопии.

Но, овде треба да зборуваме на планот на „ вистинскиот екуменизам„,иако тоа не наш термин, но да видиме што правиме ние како православни кога исповедаме дека веруваме во Една, Света, Соборна и Апостосла Црква, како што е Православната. Дали да го обвинуваме погоре опишаниот наш свештенослужител на Запад, што се поздравил, сретнал или присуствувал на некоја меѓурелигиска средба поканет од домаќините и тоа му се смета за грев, а не било грев кога  и самиот не е прифатен од своите, за кои верата е само едно од оние национални чувства, или кога не е прифатен од браќата од другите православни цркви во името Христово, при што акцентот се става на канонско единство, наместо на литургиско единство, или каде е православното единство, кога против сите канони на Запад во еден град имаме најмалку три до четири православни епископи од различни националности, или до каде отидовме во тоа наше православно оттуѓување кога дојдовме до ситуација, новинари да ни објаснуваат дали на Литургијата имаме Тело и Крв Христови заради канонското единство или заради епиклезата, а самиот Господ во разговорот со Никодим вели, дека Духот Божји дише каде што сака (Јн.3,8), или по кои канони се мери количеството на Светиот Дух во една помесна црква, количество на Вселена над Соборност? Повторно, комарецот го цедиме, а камилата ја голтаме. Догматското единство, го претпочита литургиското, а ова второво го  носи канонското, така барем нé поучува св. Ап. Павле  во своето еклисиолошко послание (види Еф. 4,3-7). Во, последно време, испаѓа дека сé сме запазиле од Христовите заповеди, и затоа од сите книги во Новиот Завет се фаќаме за толкување на  Откровението, како што вели еден наш владика, сите нас нé мразеле дека сме православни, а колку сме православни? Го бараме антихристот во она или ова, а во таа потрага по антихристот, Христос го губиме, а забораваме ли дека на секоја Света Литургија дека е меѓу нас и дека просиме да бидеме удостоени од Неговата моќна рака да ни го предадеш Твоето пречисто Тело и чесната Крв, а преку нас и на сите луѓе, забораваме ли на Неговите зборови (ако сакате од Откровението), ете сé ново создавам, да дојде царството Твое, Јас сум Алфа и Омега, Почеток и крај, Првиот и Последниот, нашето литургиско, дојди Господи Исусе, зарем треба да се сомневаме во тие зборови, па што и да се случи, Христовите зборови нема да преминат (Мт.24,35), Он е Оној Кој Е, (2Мој.3,14), Он победи со Своето Воскресение, и што е најважно, милост сака, а не жртва (Мт.9,13). Нели треба, по љубовта да нé познаат, Христови сме ако имаме љубов помеѓу нас (Јн.13,35), ако го возљубиме ближниот свој како себе си, тогаш ќе можеме и Него да го возљубиме со сето свое срце, разум и душа (Мт.22,37-30), и тогаш да пристапиме да го примиме како наш насушен леб, Телото и Крвта Негови, како сведоштво на нашиот завет со Него, Заветот Кој тој го запечати со Својата Крв, скапо сме купени (1Кор.7,23), а колку лесно Го предаваме. Ќе почнеме од Христа без Кого неможеме Бога да го наречеме наш Отец, или не дај Боже без благодатта ли на Светиот Дух без која не можме ниту да дишеме, и без која Христос не можеме да го наречеме наш Спасител, или ќе тргнеме само од нашите канони, кои без љубовта Христова се само слова за осудување, без нивната намена, да го придобиеме братот свој. Вселенскиот патријарх би можел  да дојде во Македонија или во други православни страни кои го „нарушуваат„ канонското единство, исто како и српскиот, грчкиот, и другите поглавари, па да се видиме со Христови очи, литургиски да засведочиме, па така ќе засветли нашата светлина пред светот, кога ќе ги познаат добрите дела во Христа (Мт.5,16), тогаш несомнено, ќе зборуваме како апостолите дека христијаните на сите им станале омилени (Дела ап.2,47), тоа е мисијата на Православната Црква, да сведочи за Христа.

Биле последни времиња, па секогаш се, како ќе се исполни Писмото?  Да даде Бог, да ги исполниме заповедите Негови, Он на секаков начин го устројува нашето спасение. Еве. Ќе осудиме некого за екуменизам, или луѓето кои се родиле како римокатолици или протестанти во „еретичкиот Запад„, и без да посведочиме ние пред нив за православието, зарем ќе имаме било каква човечка доблест да ги осудуваме, заборавајќи дека секој стои или паѓа пред својот Господар (Рим.14,4).  Накратко, пак како што објаснил отец Шмеман, треба да се подзамислиме како по Литургијата на која го предвкусуваме царството Божјо, по нејзиното завршување се враќаме на придобивките од секуларниот систем, каде Христовите вредности и критериуми ги заменуваме со светските. Треба да внимаваме, со каква мерка мериме, бидејќи со таква ќе ни се мери, со каков суд судиме со таков ќе ни се суди(Мт.7,1-2)  Како што вели свети апостол Павле, во секој човек е првиот закон Божји, законот на совеста, или внатрешниот закон Божји како што вели старец Пајсиј, некои по тоа ќе бидат судени, а сакаме ли канони, по канони ќе ни биде судено, но кој прекршил една од тие најмали заповеди и така ги научил другите, најмал ќе се нарече во царството Божјо, нашата праведност треба да ја надмине онаа на книжниците и фарисеите (Мт.5,19-20). Толку за осудите. Да внимаваме кога осудуваме еден грев, бидејќи во истиот момент правиме друг грев, од едно промашување во друго.

 

Добрите намери од овој свет, не кореспондираат со царството Божјо, ако е добра намера, средбата на Франциск и Вартоломеј требаше да се случи во Нигерија или Сирија, Ирак каде луѓето страдаат само заради тоа што се христијани, или само затоа што се луѓе, или можеби некој и тука ќе побара канон, дали тие луѓе загинале за Христа според Рим или според Цариград, или според Бога, а загинале исто од луѓе кои го мразат Бога и животот. А, можеби и средба во Украина, каде Франциск треба да излезе пред неговите со источен обред, а Вартоломеј кај својот брат во Москва и заедно да изелзат пред своите да посведочат за мирот кој Христос го дава, дека во секој човек е образот Христов, што и да му правиме на другиот, на Христа сме му направиле. Нашиот секојдневен проблем, како што вели старец Софрониј од Есекс, е „како да го поминеме денот без грев, или со други зборови светот? Како да ги преобразиме нашето битие, умот, чувствата, самите наши природни реакции, така што да не сториме грев против нашиот Небесен Отец, против Христа, против Светиот Дух, против човековата ипостас, против нашиот брат и против секое нешто во овој свет„, а сé треба да се вклучи во Литургијата на Црквата за да се принесе како БЛАГОДАРАМ, на Христа, Кој е нашиот насушен Леб.
П.С. Во моментот гледам како професори и студенти од нашата земја побарале во седиштето на НАТО прием на Македонија во оваа организација, која имала успешни мисии низ светот, мисии на „мир„ со илајдници и илијадници жртви. Денес, на териториите на сите „успешни„ миси, Божјиот дар животот е презрен од сите тие достигнувања на човечката „мудрост„и секуларизмот. Господи помилуј...

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 772
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1050
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 997
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »