A.Fotij7.jpg
Прва беседа на гората за бедните по дух

“Блажени се бедните по дух, зошто нивно е царството небесно”  (Матеј 5, 3)  

Ова е приказна за христијаните и понизноста. Исус не ги благослови неверниците кои не го познаа, иако бедни по дух. Тие се навистина тоа, но никако нема да биде нивно царството небесно. Ова е приказна за христијаните, исполнетоста и царство како подарок.
Ова не е приказна за мене кој верувам во Бога од рано наутро. Станав од креветот со подобро расположение од сонцето, горд како еден од неговите зраци подготвен да затопли половина свет. Ќе биде убав ден со името на Бога и постојаната намерност да им се случува нешто ангелски на големите верници. Молитвата, односно трите до четири зборови научени наизуст и изговорени скоро шаблонски, нема да се прескокне ниту по цена на богат појадок од пржени јајца во маст од сушена сланина. Утринската служба во црквата е посебен ритуал кој може само да се доживее, не и раскаже. Припојување кон хорот на гласови кои слават, секако со акцент на видоизменување на баритонот во бас, многу повеќе од внимание кон содржината на стиховите и исконското кое треба да се понесе. Следува пуштањето на многу повеќе од две лепти во ковчежето, проследено со вртење на погледот кон се што измамило восхит од мојот акт. Дневната прошетка по плоштадот е кулминација на препознавање без ореол, чест кон самиот авторитет на личноста, а уште повеќе кон советодавната функција на зборовите, мелодично поткрепени со цитати од псалмите. Вечерта во домот продолжува дискусијата за пропаста на светот и оние толку неспособни да го прифатат мојот живот помеѓу верата и жртвеникот. Завршува со погребот и церемонијата со дванаесет свештеници кои ќе молат сите чеда да бидат како јас и ќе тажат за непроценливиот.
Ова е приказна за мене кој верувам во Бога секое утро. Не станувам од креветот додека не се помолам за заштита од дневните искушенија кои ги познавам и оние новите за кои треба да се подготвам. Појадокот го прескокнувам за да остане за сиромашните, и онака сум сит од полната трпеза и ближните околу неа. Во црквата се соединив со мирот кој ме изолира од вревата и дозволува да се покајам поискрено отколку бистрината на водата на почетокот од изворот. Знам дека не сум достоен Боже да стојам пред Твоите свети нозе, затоа дозволи ми да се потпрам на подножјето од кое не можам да паднам уште пониско. И она што добро сум го сторил, можеби беше погрешно по мојот суд неразумен. А, за злото нема да говорам, само прости го. И Ти си бил во човечка кожа, знаеш колку сум немоќен и жеден по твојата милост. За жал кратко е времето за разговорот кој тукушто стана страствен, па излегов од таму со тенок допир до ковчежето кое го наполнав со една лепта, само половина имот од вдовичиниот. Дневната прошетка ќе биде повеќе дар ако ме сретнат хромите и безнадежните и им помогнам. Вечерта ќе биде посветена на запрашување што сум сторил денес, за да го подобрам утре или го фрлам во заборав. И така до погребот без церемонија како радост за мостот преку кој се стигнува во земјата вечно осветлена.
Ова беше и приказна за царството небесно кое се доделува. Спокојот има свој дел уште на земјата додека тоа се посакува. Се бара со поглед меѓу ѕвездите и кога ќе се почувствува се прави подготовка за приод пред портите. Остатокот е вера и не повеќе имагинација, секако и недоволна да го сфати она што е напишано: “што окото не виде и увото не чу, што во човечкото срце сеуште не е дојдено, тоа Бог го приготви за оние кои Го љубат”.

 Meteori.Dr.jpg

  • SP Apostol
  • 12- ти јануари, лето Господово 2014

  Друго: