логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Вовед
 
 Кога верата изчезнува, најчесто нејзиното место го зазема суеверието. Невооружен со православната вера, со познавањето на Светото писмо и пророштвата на обожените за иднината на светот и доаѓањето на антихристот, современиот човек не е во состојба правилно да ги процени окултните учења кои му се нудат. Гладен за духовна храна, тој ќе го проголта секој мистичен отров кој му го сервираат одредени сили во секојдневниот живот.
      Во денешно време човекот се среќава со многу чести погрешни сфаќања за животот и неговата смисла. Особено силен интерес кај луѓето буди таквиот вид на окултните науки. Обвиткана со ореолот на таинственоста, басновидноста, астрологијата го мами човекот со можноста да ја познае својата судбина, да се запознае со себе, но и да погледне во иднината. Повеќето современи луѓе немаат духовен имунитет, па затоа и толку често стануваат лесен плен на лукавиот.
     
 “Трезнете се, бидете бодри, бидејќи вашиот противник ѓаволот оди, како лав што рика барајќи некого да го проголта”- нè предупредува Св.апостол Петар(1 Пет. 5,8).
      
    Господ, на секој човек му посакува спасение. Тој го испрати во светот  Спасителот, за да им ја открие на луѓето вистината за идниот живот, за покајанието и за вечните вредности. Човекот е создаден според образот Божји(Бит.1,27) и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во своето срце, тогаш настанатиот вакум тој бара да биде пополнет со нешто, и затоа ги прифаќа оние сурогати што му ги нуди светот што го опкружува.
     Токму поради тоа, во ова наше време на безверие, повторно широко се распостранети некои, одамна заборавени струи на окултните учења, како астрологијата, хиромантијата, магијата, НЛО-феномени и сл. Сево ова ги окупира умовите на милиони луѓе, но, во овој труд јас ке говорам за астрологијата како дел од оклутните учења.
Живееме во сложено време. Многумина од нас немале можност да добијат никакво воспитување и образование и затоа, не можат да претпостават какви сè опасности може астрологијата да им предизвика. Но, како што е познато, за да се препознае плодот, прво треба да се направи осврт на дрвото кое го носи плодот, бидејќи од надвор примамливиот плод често може да не прелаже. Поттикнат од големата застапеност на астрологијата  на телевизиските екрани, во списанијата и сл. одлучив да пишувам токму за неа и за нејзината штетност за нас христијаните.
Во оваа прилика ќе говорам за историјата и постанокот на астрологијата, потоа за ставот на старозаветната и новозаветната Црква кон астрологијата, мислењата на светите отци и учители на Црквата за астрологијата, за астрологијата и современоста, и преставувањето на зодијакот во пост-византиското и византиското време во сликарството во Република Македонија.


I. Поим, историја и потекло на астрологијата

Поимот астрологија доаѓа од грчкиот збор( - наука за ѕвездите), која се занимава со проучување на движењето и положбата на небеските тела и нивното влијание врз земјата, човекот и неговата судбина. Луѓето кои ги проучувале промените на небеските тела и кои сметале дека нивните промени го условуваат животот на луѓето на земјата се нарекуваат астролози. Во историјата познат е фактот дека луѓето им придавале големо значење и важност на ѕвездите и планетите. Додека едни им припишувале божествени својсва, други сметале дека нивниот распоред и промена  можат да влијаат врз судбината на луѓето. Иако астрологијата преставува праоснова и прамајка на денешната современа наука-астрономијата, сепак отуѓена од методологијата и критериумите на современата наука, таа не може да го добие епитетот наука. Астрологијата денес не може да се третира како наука, бидејќи таа оперира со небесен атлас кој е стар преку 2.000 години и кој апсолутно не е соодветен со денешната современа претстава за положбата и промените на небеските тела.
Во Брокхаузовиот и Ефроновиот речник се вели : „Астрологијата е квази-наука, која се обидува да ја предвиди иднината на поедини личности и човештвото, врз основа на набљудувањето и положбата на ѕвездите на небото”(најчесто неуспешно).
Астрологијата која спаѓа во сатанистичко окултните учења настанала како производ на многубожечкиот поглед на светот, а пак древните астролози верувале дека планетите кои што управуваат со човечките постапки и судбини, всушност се богови.        
Пред сè, под окултизам (ocultus - скриен, таен)се подразбира верување на една група луѓе во некои тајни мислења и обиди, нивни таинствени здруженија, како и нивна бројна литература.
Мнозина кои се колебливи во својата вера отпаѓаат од религијата, и затоа прифаќаат окултизам и суеверие како сурогат, односно замена на религијата.
Според астрологот Хенри Вајнгарден, директор на школата за астрологија во Њујорк, астрологијата е математичка психологија базирана на астрономијата. Понатаму, Вајнгарден објаснува дека, за да се одреди карактерот и животната судбина на одредена личност, потребно е да се знаат три работи: времето кога е роден човекот, местото каде е роден и полот. Така, врз основа на овие информации тие калкулираат и креираат хороскоп кој во зависност од небеските промени ја одредува општата и моментна судбина на човекот. Ако човекот е роден две минути подоцна во исто време, на исто место и со ист пол, тогаш има различен хороскоп. Вајнгарден тврди дека астрологијата во суштина претставува„Зодијак”односно група ѕвезди кои се протегаат на небото, ѕвезди кои всушност изгледаат како да ја опкружуваат земјата.
Астролозите зодијакот го делат на дванаесет исти зони кои се нарекуваат знаци и секој знак во зависност на групата и положбата има свое име: Бик, Рак, Лав, Водолија, Шкорпија, Вага, Близнаци, Риба, Стрелец, Јарец, Девица и Овен. Интересно е да се истакне и податокот дека спрема астролозите, Сонцето, Месечината и Планетите изгледаат како да се движат низ овие зони. Така, во зависност од тоа каква е положбата на ѕвездите во моментот на раѓањето, астролозите веруваат дека планетите вршат влијание врз животот на луѓето.
 Астролозите тврдат дека целта на нивното учење е во тоа да им помогнат на луѓето да станат Христијани, да им ја пробудат и да им ја зацврстат верата. Тие велат дека астрологијата спаѓа во природните науки и дека христијаните, спознавајќи ја астрологијата можат полесно да ја проучат и спознаат својата религија. Но тоа не е така, тие две работи не можат да функционираат заедно, или астрологијата мора да биде осудена како паганско учење и отфрлена, или Христијанството соединето со астрологијата ќе биде изопачено и деформирано.

Корените на астрологијата и на сите окултни учења, се наоѓаат уште во далечното минато. Времето на нивното потекло тече паралелно со периодот од живеењето на Каин и неговите потомци, по убиството на брат му, бидејќи Бог го проколна(Бит. 4, 8-16)„.. се оддели Каин од лицето на Господа...и соѕида град..”(Бит. 4, 21-22), „А кога луѓето почнаа да се множат на земјата и ќерки им се народија и видоа синовите Божји дека се убави ќерките човечки, ги земаа за жени”(Бит. 6, 2). Според едно толкување од тие места со кое се согласуваат многу отци и учители на Црквата, а исто така и согласно Еноховата неканонска книга„Синови Божји” - тоа се духовни суштества кои стапиле  во грешен сојуз со жените од земјата и ги научиле на волшебство и клетви. Поради ова „се јавило големо безаконие”(Пост. 7,8 ).
Овде паднатиот човек сака да проникне во тајните на светот, независно од волјата на својот Творец, односно да стане бог без Бога. Со ова се повторува искушението на Ева во Еден каде што Сатаната во вид на змија ја соблазни да вкуси од забранетиот плод, ветувајќи и дека таа и Адам ќе станат богови и ќе го познаваат доброто и злото (Бит. 3,4-5). Но нашите прародители наместо да станат„богови” - едноставно увидоа дека се голи и се изложија на големи несреќи поради непослушноста кон Бога и сојузот со Сатаната. Така било и во овој случај. Добивајќи го забранетото неблагословено знаење кое им го пренесоа отпаднатите ангели, луѓето уште повеќе потпаднаа под влијание на Сатаната и се оддалечија од Бога. А тајните Божји на луѓето им се откриваат според мерката на задобивањето на Светиот Дух. Паднатите ангели врз основа на својата некогашна припадност по хиерархија на ангелските чинови, во извесен степен  се запознати со тајните на битијата. Ова знаење тие го имаат задржано и по падот при што неуморно се трудат да привлечат внимание кај луѓето со тоа што им откриваат„некои тајни”и ги обдаруваат своите следбеници со натприродни способности. Здобивајќи се со таквите тајни, магијски знаења, човекот станува способен да делува на луѓето кои го опкружуваат, станувајќи роб на нечистите духови.                
Астрологијата има свои почетоци и во стара Месопотамија, уште пред 4.000 години. Во тие антички времиња таа преставувала начин за претскажување на настаните за владетелите. Всушност, Вавилонците се први кои зодијакот го имаат поделено на дванаесет знаци. Од Вавилон астрологијата се раширила во Египет, античка Грција и Рим.                                          
Грчкиот придонес за астрологијата се гледа во изразот„зодијак”што значи„мала животиња”. Олимписките богови и херои во V век постанале астролошки симболи. Во Вавилон астрологијата била толку многу распостранета, дури и самиот назив „Халдеец” кај многу антички писатели означувал астролог.
  Својата популарност  во Европа, астрологијата ја доживува за време на средниот век. Посебно заслужен за реафирмацијата на астрологијата во Европа во средниот век е францускиот спиритист и сатанистички пророк, Нострадамус(1503-1566). Карактеристично за неговиот хороскоп  е тоа што тој прв пат успеал, античкиот и општ хороскоп да го подели на три дела и тоа: Еклиптички( поделен на четири главни сезони), Психолошки(со четири типа на темпераменти) и Унирвезален(со четири врвни елементи на природата).
Астролозите го застапувале геоцентричниот систем кој ја имал Земјата како центар меѓу останатите планети и ѕвезди, додека, астрономите го застапувале хелиоцентричниот, односно денес познат, соларноцентричен систем, кој Сонцето го има поставено како центар на планетите во соларниот круг. Денес, за нас е совршено нормално и природно да веруваме дека планетите се движат околу Сонцето. Во раните години на XVI век астрономот Галилео Галилеј бил првиот кој го употребил телескопот преку кој ги проучлувал планетите и ѕвездите. Така, во тоа време се потврдила теоријата на Коперник дека земјата и планетите се движат околу Сонцето, а не обратно.
Оваа теорија била потврдена и од големиот научник Исак Њутн, кој во делото „Механика на планетарните движења”, уште повеќе ја дообјаснил теоријата на Коперник. Со овие откритија почнала да опаѓа популарноста на астрологијата, но и покрај научната критика астрологијата има покажано невидена жилавост.
  Познато е дека Ниневијските цареви не започнувале никаква важна работа без советување со ѕвездите. Од записите може да се види дека тие имале покрај себе астролози кои го набљудувале небото и го објаснувале движењето на планетите.
 Старо–древното Халдејско предание упорно тврди дека нивните десет први цареви се дојдени од небото. Од еден споменик дознаваме дека Сенехерит отстапил  од походот  само поради тоа што положбата на ѕвездите се покажала неповолна за него.
       Историски е докажано дека и Наполеон Бонапарта имал свој астролог, кој лично го советувал пред секоја акција.  Во втората светска војна, Хитлер и неговите генерали исто така ја користеле астролошката услуга. Денес, исто така голем број на актери, пеачи и политичари ја консултираат астрологијата.
Но дали астрологијата е валидно средство за донесување на одлуки?
За да одговориме на ова прашање, најпрвин треба да направиме разлика меѓу актуелниот хороскоп и популарните хороскопи во весниците. Астролозите меѓу себе признаваат дека хороскопите во весниците не треба да се сфаќаат сериозно. Хор или Хоро, значи Син на богот на времето или време. Скоп значи карта. Заедно терминот Хороскоп би значел гледање на времето. Исто така, терминот хороскоп значи пагански свештеник кој го контролира, односно мери времето. Познатиот астролог, Хауарт Бург вели дека добивање помош од весниците преку хороскопот е чиста илузија, бидејќи месецот кога човекот е роден нема ништо заедничко со астролошките промени. Тој вели дека Хороскопите по весниците и штетат на астрологијата, бидејќи претставуваат еднодимензионален приод. За ова ни сведочат и астрологот Вајнгарден, д-р Пол Курт, основач и претседател на комитетот за научно истражување на паранормалното.

 (Продолжува)

 


Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Св. Климент Охридски” - Скопје

ДИПЛОМСКИ ТРУД- ПРЕДМЕТ: АПОЛОГЕТИКА

ТЕМА
АСТРОЛОГИЈАТА НИЗ ПРИЗМАТА НА  ПРАВОСЛАВИЕТО


  Ментор:  Проф. м-р Петко Златески      

                   Zlatko.Brnjarcevski.jpg

                   

Zlatko.Brnjarcevski.jpg

   Изработил:
    Жарко Брњарчевски

                                                                                                
Скопје, март 2012

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5805
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6405
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5599
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная