логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Со слегувањето на Св. Дух врз апостолите се исполни Домостројот на спасението на човечкиот род, заврши основањето на Црквата Христова или Царството Божјо на земјата. Од мигот на првата христијанска Педесетница, Црквата почна да го живее својот живот во полнота, да расте и да се развива внатрешно и надворешно, во висина и ширина, за да подготвува и прима нови души за Христа.

Кога се зборува за празникот Педесетница, тогаш неопходно е да се разликуваат два моменти: прво, периодот од педесет дена после Воскресение, кога се славеле повеќе настани поврзани со Христовиот живот на земјата, и второ самиот ден Педесетница, кога се славел споменот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Во вториов случај, заедно со Слегувањето на Светиот Дух се славело и Вознесението Христово. Одделувањето на овие два празници се случило кон крајот на IV век и после Вториот Вселенски Собор, зашто било особено важно во Домостројот на спасението да се истакне и благодатната улога на Светиот Дух. Така периодот помеѓу празниците Вознесение и Педесетница станал подготовка за слегување и примање на Светиот Дух.

Првиот и најстар богослужбен чин на Педесетница е од VII век и се наоѓа во Ерусалимскиот устав на грузиски јазик. Во празничното Синајско Евангелие напишано со златни букви, кое потекнува од VIII век, во составот на 12 – те евангелија кои се читаа на 12 – те Големи празници влегува и евангелието за Педесетница. Вториот целосен богослужбен чин за овој празник го имаме во Цариградскиот устав од IX век.

Првата песна за службата на Педесетница (кондак) ја напишал Роман Мелод во VI век. За некои стихири, како за првата стихира на „Господи Возвах“ на Вечерната богослужба, користени се материјали од словото на св. Григориј Богослов за Педесетница. Црковни песни за празникот пишувале и светите Козма Мајумски, Јован Дамаскин, Лав VI Мудриот и др.

Во I век „горната одаја“ била особено важно место на почитување кај христијаните. Таму во почетокот била изградена мала црквичка, која подоцна, во IV век, царицата Елена ја претвора во огромен храм со два ката. Според преданието, овде Господ им ги измил нозете на апостолите, овде тие се собирале после Воскресението, овде се вратиле после Вознесението Христово и овде се случило Слегувањето на Светиот Дух. Овој храм долго време бил главен храм во Ерусалим. За жал со првите напади на муслиманите од страна на калифот Омар во 636 – 637 год., настрадале многу светињи во Светата Земја, меѓу кои и храмот на Воскресението. Потоа доаѓаат Крстоносците „во одбрана“, но наместо да се постават во заштита на христијанските светињи, тие го направиле токму обратното, бидејќи и самите дишеле со омраза кон православното христијанство и сакале да го потчинат, со што само придонеле муслиманите уште повеќе да напредуваат на Истокот. Исламот продрел не само во Палестина, туку и во Египет и Сирија и во сите други православни источни земји. Мухамеданците најнапред воинствено ги освојувале источните православни христијански земји, а потоа со разни механизми на принуда ги исламизирале христијаните, а светињите ги претворале во џамии. Како резултат на тоа „горната одаја“ или Сионскиот храм, најпрвин во 1333 година станува латински храм на Францисканците, а кога латините се протерани во 1559 година, за време на султанот Сулејман муслиманите ја претвораат во џамија, нарекувајќи ја „Неби-Дауд“ (пророк Давид, т. е. гробот Давидов). Денес, џамијата го има задржано истиот облик којшто ѝ бил даден од Францисканците и има 2 ката, со по 2 простории. На првиот кат и во првата просторија, според Преданието, Господ им ги измил нозете на апостолите. Во втората просторија, пак, е местото на јавувањето на Спасителот после Воскресението. Вториот кат исто така има две простории: во првата се случила Тајната Вечера, а во втората Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.


Особености на празникот Педесетница

Од христијанските празници само Пасха и Педесетница имаат основа во Стариот Завет. Така, во Стариот Завет Израилците во педесеттиот ден после нивната Пасха ја славеле Педесетницата, односно „празникот на седмиците“ (седум недели после Пасха), или „празник на почеток на жетвата на пченицата“.

Јудејската Педесетница во почетокот била само празник на жетвата и покрај тоа што на тој ден, Бог на Синајската Гора му го дал законот на јудејскиот народ преку Мојсеј, и што тогаш се формирала старозаветната црква. На овој празник Јудеите ги принесувале првите плодови од жетвата како први плодови на Бога. Тие ги украсувале и куќите и синагогите со гранчиња, зеленило и цвеќе, во спомен на тоа дека Законот бил даден во време кога на Синајската гора сѐ било раззеленето, а притоа дека за време на живеењето во пустината тие биле принудени да живеат во сеници – колиби, направени од гранчиња, зеленило и дрва. Според овој обичај, несомнено е дека и „горната одаја“ за време на Педесетницата односно Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите била украсена на овој начин. Затоа и христијаните на овој празник ги украсуваат храмовите и своите домови со гранчиња, зеленило и цвеќе, символизирајќи го така пролетното обновување, односно духовното обновување на луѓето со силата на Светиот Дух.

Како Воскресение, така и целиот период на Педесетницата, вклучително и нејзиниот последен ден, било време за покрстување на огласените. И бидејќи се прославувала Света Троица односно Слегувањето на Светиот Дух, во IV и V век постоела традиција на овој ден да се извршува Светата Тајна Крштение. Тертулијан, укажувајќи кое време е најпогодно за крштевање вели дека после Пасха „многу значаен период за крштевање е Педесетница, кога Воскреснатиот Господ се наоѓаше посреде учениците и кога беше денот на благодатта на Светиот Дух, и кога засветли надежта за второто Господово доаѓање…“.

Двата дена после празникот Педесетница се посветени на Светиот, Животворен и Сесилен Дух, како на причина и главен учесник во настанот Педесетница. Овој празник се оддава во саботата после Духовден, а седмицата во попразненствениот период (среда и петок) е разрешена од пост.

 

Извор: https://bigorski.org.mk/katehizis/istorijat-praznik-pedesetnica/

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 149
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 372
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »