логоFacebookTwitterYouTubeeMail

— Отец Тихон, каде исчезна нашата вера, каде ја изгубивме потребата за богослужбите, молитвите, за радоста?  
— Пред извесно време разговарав со архимандритот Серафим (Розенберг). Тоа се случи малку пред неговата смрт. Потекнуваше од аристократско семејство на германски барони; по дипломирањето на универзитетот во Тарту (Естонија) во 30-тите години од минатиот век, тој заминува во Киево-Печерскиот манастир, каде што поминал шеесет години. За време на разговорот отец Серафим говореше за монаштвото. Тој кажа дека најголемиот проблем на современото монаштво е недостигот на решителност. Веројатно, тоа не се однесува само на монасите, туку и на мнозина православни христијани.


архимандрит Серафим Розенберг;
Решителноста, храброста и, поврзаната со нив, духовна великодушност, очигледно недостасуваат. Но, доколку луѓето, за време на сиот свој живот знаат дека најважното нешто е – без разлика на тоа низ какви премрежија и соблазни минуваат, да одат кон Бога, да Му бидат верни – тие нема да се поколебаат во својата вера до степен да ја изгубат. Изразената криза на верата што Вие ja споменувате, воочлива е кај адолесцентите. Кога на 8-9 годишна возраст, децата одат во црква и пеат на певница, тие ги восхитуваат и радуваат сите, но, на возраст од 14-15 години, многу од нив, да не кажам повеќето, престануваат да го посетуваат храмот.  
— Зошто се случува тоа?  
— Децата не се запознале со Бога. Се разбира, тие ги познаваат обредите, црковно-словенскиот јазик, го знаат поредокот во храмот, ги познаваат житијата на светите, свештените текстови прилагодени за детската возраст. Но, Бога не го запознале. Таквата средба не се случила. Се покажува дека родителите, неделните училишта и – колку и тоа да е тажно – свештеникот, куќата на детската вера ја соѕидале на песок (Мат. 7:26), а не на каменот – Христос.  



Како се случува тоа, децата да не го гледаат Господ и покрај најискрените напори на возрасните да ги воведат во верата? Како се случува детето да не наоѓа сила во себе си да го препознае Христос Спасителот во својот детски живот, во Евангелието?  Откако самите ќе си одговориме на овие прашања, се соочуваме со друг проблем, кај возрасните, што подобно на огледало се одразува во нашите деца. А тоа е дека родителите, како и свештениците, говорат едни нешта, а живеат на друг начин. Тоа е најтежок удар врз кревката детска вера и неподнослива драма за нивниот чувствителен ум.  
— Тоа е во однос на младите. Што ќе кажеме, пак, за оние што започнуваат да ја посетуваат црквата веќе како возрасни?   
— Каде е разликата? Нешто слично се случува и со возрасните. Ние исто така се искушуваме едни со други (во овој случај, малите кои ги опишува Спасителот, не се нужно на детска возраст), со нашата млакост, нашите свесни престапи на евангелските заповеди, преку нашиот нечист живот. И така, постепено луѓето добиваат впечаток дека човекот христијанин може да прави онака како што му одговара. Доколку ова се случи, тогаш луѓето што поверувале како возрасни, постепено го губат интересот за духовниот живот и започнува сè да им здосадува. Тоа не е вистинско заедничарење со Бога, што значи дека нема духовен живот. Во првите три години на живот во верата, православието е интересно; новиот начин на живот нè воодушевува и ни носи многу нови впечатоци. А потоа следува вообичаеното секојдневие. Веројатно, тоа е нешто слично на семејниот живот.


Велики пост во Сретенски манастир
Значи потребно е да се трудиш, да трпиш, да трпиш – пред сè да се трпиш себе си. Тоа навистина е тешко. За луѓето кои поверувале на определена возраст, да речеме на 25 години, следи веројатно уште 50 години работа. Но, тоа не треба да нè изненадува, секогаш било така. Таквата суша, по правило, е неминовна етапа од духовниот живот. За ова, опширно и на многу интересен начин, пишува, на пример, Свети Теофан Затворник. Тоа е дел од патот, пустина, низ којашто треба да минеме. За жал, не сите наши браќа и сестри успеваат да преминат низ неа. Некои, пак, со големо задоволство засекогаш се закопуваат себе си во тие неплодни песоци; и многу е тешко да бидат извлечени оттаму.
 — Од каде доаѓа таа суша? Човек навидум прави сè како што треба – се исповеда, ги набројува сите нешта што смета дека се гревови, го чита своето молитвено правило; пристапува кон путирот; и со тек на време сето ова сè повеќе му изгледа како формализам, механичко дејствие, „да прочита“, „да остане на служба“ и „да каже нешто на исповед“. Што треба да се направи следно? Како да постапи правилно?  
— Во Светото Писмо многу јасно е кажано како да ја оживееме душата, што да направиме за душата повторно да биде млада и жива. „Нека ви живнат срцата вам, кои Го барате Бога“ (Пс. 68:32). Барајте го Бога што и да се случува! Упорно и со истрајност. Тогаш ќе се исполни ветеното од нашиот Господ Исус Христос: „барајте и ќе најдете“ (Мат. 7:7; Лука 11:9). Но, доколку во нас нема потрага за Бога, доколку гладот и копнежот за Него исчезнат, тоа е причина за многу сериозна тревога. Со сите средства треба да се потрудите да го обновите тој копнеж во вашата душа. Без него не може да очекувате ништо добро. Во најдобар случај, ќе мора да почекате, исто како што сувата земја го чека спасителниот дожд: испитувања потресни за душата, болести, тешки рани и искушенија.


Божик во Сретенски манастир;
 — Но, зарем тоа е можно за мирјаните?  
— За мирјаните? Тоа токму за нив е можно! Како што велеше отец Јован (Крестјанкин), во нашево време силните христијани се спасуваат во светот, додека слабите во манастирите. Кога исповедаш парохјани или разговараш со нив, гледаш какви чудесни подвижници има меѓу мирјаните, и ние, кои се нарекуваме монаси, би требало да учиме од нив. Се сеќавам кога еднаш, кон средината на 80-тите, се шетав со отец Јован (Крестјанкин) од Киево-Печерскиот манастир. Наеднаш, вознемирен млад човек дотрча „пребледен и со распламтен поглед“, и почна со висок глас да се оплакува: „Баќушка, Москва е толку одвратен град, нов Вавилон! Луѓето се безбожни и страшни!“ Тогаш отец Јован му ја затна устата со раката и остро му кажа: „Ама што зборуваш ти? Во Москва се отслужуваат 40 Свети Литургии секојдневно, во 40 цркви! Има такви чудесни, непознати за светот, подвижници, некаде на 8-миот кат во 12-катницата! Вистински светители, какви што вие не можете ниту да си претставите.“


Иконостасот во Сретенски манастир;


Бев воодушевен тогаш, бидејќи мислев дека подвижници живеат само во далечните манастири, некаде во Соловки или пак во Египет. Но, сега – и тоа е вистина така – и самиот гледам прекрасни подвижници, едноставни мирјани, кои ме учат и ме спасуваат, кои ме смируваат, кои ми покажуваат како е можно да се живее денес навистина аскетски, христијански
— Во што се состои тој христијански живот?  
— Во исполнувањето на Христовата заповед за љубов кон Бога и ближниот. Тоа се обични луѓе – жени, младина, девојки и мажи. Да не говорам за бабите, коишто читаат такви молитвени правила, што кога монах ќе чуе за нив – искрено ви кажувам – се чувствува неудобно. И уште повеќе, тие ги исполнуваат постојано во текот на десетлетија, со потполно убедување дека не прават ништо посебно! Една бабичка чита голем број катизми за нејзиниот постар син, уште толку за вториот и исто толку за најмалата ќерка. Потоа ја кажува Исусовата молитва илјада и петстотини пати, за барем малку да ја почувствува својата гревовност. Следуваат определените молитви од свештеникот, потоа акатист – како би можела да го пропушти акатистот!? Ви кажувам за вистинското молитвено правило на една реална мирјанка. А ваквите подвижници и подвижнички се безброј! Освен тоа, тие одат на работа, пазаруваат, перат и пеглаат, ги одгледуваат децата и внуците. Но, не се гордеат или фалат, не се сметаат себе си за нешто посебно и во секое време се подготвени да го услужат ближниот. Самата средба со ваквите луѓе е од голема помош за нас, сиромашните во верата, во надежта и решителноста.  



— Но вистинското христијанство, нели, не е само во читањето на молитвите?  
— Се разбира, не е само во читањето на молитвите. Туку во молитвата како живо заедничарење со Бога! Треба да се има предвид дека формата на молитвата може да биде различна. Светите Отци сметале дека духовниот живот се определува според квалитетот и чистотата на молитвата. Но, се подразбира, доколку некој човек си вообразува дека се моли, а при тоа е лош и нема љубов за луѓето, тогаш него можеме само да го жалиме. Знаете, веројатно сум среќник, но одамна не сум сретнал такви луѓе.  
— Има многу примери каде што млади луѓе помагаат во храмот, но не и на своите семејства...
— Се разбира дека постојат такви случаи. Таквиот човек се задлабочува во духовниот живот и стреми кон високи идеали, притоа газејќи ги своите несреќни роднини. Но, затоа тука е духовниот отец. Инаку ќе имаме несреќи и падови. Но, ваквите тажни случаи не би ги посочил како правило во нашево време. Попрво, ова би го нарекол детска болест. Мнозина прележале сипаници, но не сите имаат лузни од нив.  


— Но денес многумина говорат за таквите негативни примери...  
— Во некои православни средини таквите случаи се дефинираат како „човек кој прегорел во молитвата“: Тој чита молитвени правила, канони, катизми, и е многу набожен. Понекогаш тоа го кажуваме како дијагноза. Во повеќето случаи ја земаме врз себе улогата на судии, и тоа не од вишокот на дарот на духовно расудување, туку заради сопственото маловерие, мрзеливост и себељубие. Во самоодбрана на нашиот комфор свесно создаваме слика – по примерот на Терапонт од „Браќа Карамазови“ – си споменувате на тој жесток и неразумен аскет од романот на Достоевски? Знаете, постои голема опасност во тоа, ние доброволно да ги проблематизираме и преувеличуваме овие болни моменти, и таквите примери, незабележително за нас самите, да ги исползуваме во одбрана на нашите мрзеливост и млакост. И навистина, во црковните средини сè повеќе кружат такви лоши, и воопшто кажано, лажни стереотипи.


епископ Тихон Шевкунов
— Како правилно да го насочиме својот духовен живот?
— Најрадосното нешто во христијанскиот живот е да откриваш нешто ново. Сетете се како со радост сте се буделе во недела наутро за литургија, како сте ги читале Светите Отци во еден здив и како секогаш сте откривале по нешто ново. Доколку Евангелието не ни открива нешто ново, тоа единствено може да значи дека сме се затвориле себе си за нови откритија. Сетете се на Христовите зборови кон Црквата од Ефес: „Помнете ја својата прва љубов“ (Откров, 2:4-5).


Интервју на Ана Данилова со епископ Тихон Шевкунов (фрагменти)
Извор: pravmir.ru

 

Преземено од: https://www.facebook.com/notes/%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80-%D0%B7%D1%80%D0%B7%D0%B5-the-zrze-monastery/%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0/1779042472422235

Илустрции.Т.С.

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 276
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 237
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 213
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Митрополит Американско-канадски Методиј: КАМБАНИТЕ БИЈАТ ЗА СИРОМАСИТЕ

Митрополит Американско-канадски Методиј: КАМБАНИТЕ БИЈАТ ЗА СИРОМАСИТЕ

Фреската од Сикстинската капела на која Микаланџело го изобрази создавањето на Адам, првиот допир на Бога и човекот, е прекрасна метафора за дарот на животот кој има божествен происход и...

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo,...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој...

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Додека Филип проникнуваше со таква љубов кон Месијата, славниот Месија, Христос, дојде во Галилеја и го најде Филипа и му рече: "Дојди по Мене" (Јован 1: 43). - Оваа покана...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

« »