логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 intervju pimen 1

 

Разговорот со Владиката Пимен го водевме во Ресен, неговото родно место, во срдечна и пријатна атмосфера. Ресенчани го познаваат како човек со позитивна енергија и секогаш со добра мисла. Додека траеше средбата со екипата на ПреспаИнфо, се потврди уште еднаш дека со појавувањето на Г. Пимен, ретко кој останува рамнодушен – секој сака да се види и да го поздрави.

intervju pimen 1

ПреспаИнфо: Ваше преосвештенство, перцепција е на младата генерација дека се однесувате доста неконвецнионално за еден владика. Колку еден владика треба да се однесува во склоп со чинот што го носи?

Владика Пимен: Во раната Црква епископите биле дел од народот, таа функција не била само административна, односно канцелариска, туку била пастирска. Постојано биле на терен со народот. Светиот апостол Павле вели: секому бев се за да го придибијам. Поради таа своја мисија меѓу народот го добива епитетот врховен помеѓу апостолите заедно со свети апостол Петар.

Во подоцнежниот развој на црквата епископството се пасивизира со преземањето на административни обврски. И на моменти му прети опасноста од клирикализам од можноста да се издигне над народот.

Епископската работа е пред се пастирска, да се биде со своите и своите да го препознаат како свој добар пастир кој душата своја ја полага за нив а тие дури и гласот негов го познаваат и се радуваат кога ќе го чујат.

Но сепак секогаш најмногу зависело од личноста на епископот.

Од секогаш сум сакал да бидам дел од народот, да застанам со секого, да го поздравам, да седнам со секого. Фала Му на Бога што ми го дал и зачувал тој дар кој ме прави поразличен, понеконвеционален.

ПреспаИнфо: Кога би сте се споредувале себе си со Сотир Илиевски и владиката Пимен, колку сте се промениле?

Владика Пимен: Во килажа многу, но карактерно не би можел да кажам. Јас мислам дека не многу, но сепак од страна тоа повеќе се приметува. Од средбите со луѓе кои одамна не сум ги сретнал ми се потврдува констатацијата дека не сум се променил значајно.

ПреспаИнфо: Помина скоро првата деценија на вашето епископство. Вие сте митрополит на Европската Епархија на МПЦ. Што значи да се биде свештеник надвор од својата земја? Што според вас е најважната работа што сте ја направиле?

Владика Пимен: Да се биде свештеник надвор од својата земја е сериозна обврска од една страна, но и голем благослов од друга страна. Велам обврска затоа што треба да се труди свештеникот да го најдете народот а не народот свештеникот. Свештеникот има мисионерска улога во странство. Мора да се интегрира во туѓо општество, да најде форма како би можел да дојде до можност да се изгради храм и да го собере и охристови својот народ. Друг проблем е што народот е од различни краишта на Македонија и си носи свои адети и обичаи кои често знаат да се разликуаат а свештеникот тоа мора да го усогласи и испеглано да го предаде на идните генерации.

Лично сум најзадоволен од тоа што успеав да допрам до втората генерација на наши иселеници и до онаа генерација што заминала во. ’90 години и нив да ги ангажирам во управувањето со црковните општини. Тоа даде и најмногу плодови, нови цркви, преуредувања на постоечките…

ПреспаИнфо: Според некои анкети, над 90% од македонските граѓани се изјаснуваат како религиозни. Дали е тоа резултат на помодарство или навистина граѓаните се придржуваат кон одредени етичко-метафизички  религиозни учења и нивните принципи?

Владика Пимен: Бројот на луѓе во храмовите во неделите и празниците во многу се разликува од споменатиот процент. Кога и 10% од овие 90% би доаѓале постојано во црква би биле пресреќни. Но за жал, поголем дел од религиозните се номинални верници кои немаат ни елементарни познавања од својата вера. Она што најмногу го знаат од верата е нивната перцепција дека владиците и поповите се премногу богати и конзервативни. Отука и нашата обврска да бидеме поблиску до сите нив за да им го разбиеме стереотипот и да ги вратиме на вистинскиот пат, да им ја канализираме верата.


intervju pimen 2

Средбите со Г. Пимен – секогаш срдечни

ПреспаИнфо: Република Македонија, како секуларна држава, има свои интереси и надворешна политика, но колкаво е влијанието на религијата врз таа политика? На пример, и покрај тоа што во одредени историски моменти Русија не била наклонета кон македонскиот народ, тој на неа гледа со големи симпатии, главно предизвикани од нејзиниот имиџ на словенско-православна “мајка”. Прашањето е: што има поголемо влијание – политиката врз религијата или религијата врз политиката?

Владика Пимен: Историски државните општества (политиката) секогаш биле во добра соработка со Црквата. Знаеле дека е фактор со кој не треба да се замеруваат. И во социјализмот се одржувале контакти и постоела почит кон црквата во високата политика, колку и да изгледа тоа парадоксално. Влијателноста секогаш зависела од тоа колку била моќна црквата или државата. Кој ќе надвагнел на кантарот бил повлијателен. Денез за жал и покрај декларативната поддршка од страна на државата многу малку сме влијателни како црква во опшеството.

За Русија сте сосема во право. Кога си мал и загрозен народ сакаш да имаш поголем брат со кој ќе се фалиш, па макар бил тој и најлошиот. Многу пати била изиграна нашата доверба а сепак и ден денас веруваме дека ако треба некогаш ќе не одбранат.

Сепак вербата во подобро утре треба да ја засниваме во вербата во Бога и во самите себеси. Секоја преобразба почнува внатрешно во секој човек поединечно а не од комшиите.

ПреспаИнфо: Како гледате на моменталната состојба во нашето опшество?

Владика Пимен: Кога би можел да го прескокнам одговорот на ова прашање би бил сигурно посреќен. За каква ситуација во нашево општество може да зборуваме кога секој трет човек ми приоѓа со прашањето има ли некоја можност да се најде некоја работа во странство? Чудна е и онаа ситуација во општеството кога секој човек преку ФБ профилот има свој мал медиум и секој е најпаметен и е арогантен кон другиот наместо да биде конструктивен. Поразувачка е и исполитизираноста на 90% од луѓето. Сепак најдобар коментар за состојбата во опшествово во кое што живееме е дека полошо од еднопартиски систем е двопартиски систем кој не опкружува и не меле.

ПреспаИнфо: По повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, бевте дел од македонската делегација која го посети Ватикан и гробот на Св. Кирил, а се сретнавте и со Папата Франциско. Всушност, ова не ви е прва средба со некој поглавар на Римокатоличката црква. Какви се вашите впечатоци од средбите со нив и како тие гледаат на Македонската Православна Црква?

Владика Пимен: Веќе неколку години наназад сум постојан член на црковната делегација која патува на чествувањето на деновите на светите Кирил и Методиј. Папата Франциско е трет папа кој сум го сретнал. Средбите се протоколарни и секогаш срдечни. Знаат за Македонија, знаат за нашата црква и проблемите кои ги имаме околу нашето вбројување во диптикот на православните цркви. Не знам какво е личното мислање на папите за нашата црква, но знам дека на многу места низ Европа кадешто немаме можност да изградиме наша црква ни се даваат на користење католички цркви кои ги преуредуваме внатрешно и ги оправославуваме. Тоа е најрелевантната потврда на нивното позитивно мислење за МПЦ би рекол.
intervju pimen 5

Македонската државно-црковна делегација на прием кај Папата Франциско

ПреспаИнфо: Да се вратиме на локален терен. Преспа е богата со културно наследство, вклучувајќи и голем број на стари цркви и манастири. Што превзема МПЦ во заштитата и промоцијата на овие објекти? Дали МПЦ има можност да дава дoполнителни средства за нивна конзервација (пример: црквата “Св. Ѓорѓи” во Курбиново, црквата “Св. Петар” на островот Голем Град…)?

Владика Пимен: Сите наброени цркви се под Завод за заштита на споменици. МПЦ сама не може нити смее да превзема конзерваторски активности. Може да алармира до Заводот дека е потребна интервенција и потоа со заеднички проект и здружени средсва може да се пристапи кон реализација на истиот. Тоа некогаш знае да го одолговлечи конзервирањето, но во годинава што е пред нас имаме и убави вести. Токму споменатите цркви во Кубиново и на Голем Град веќе се реновираат со што ни остануваат за презентација уште поубави.


intervju pimen 3

Црква “Св. Ѓорѓи” Ресен

ПреспаИнфо: Познат сте како голем љубител на спортските и културни манифестации во родниот град. Во голем број од овие активности на некој начин сте биле и вклучени. Која манифестација или спортски натпревар ви оставил најдраго сеќавање?

Владика Пимен: Како што споменавте сум бил дел од некои културни и спортски организаци низ градот, па затоа и денес со радост ги следам сите манифестации кога сум присутен во родниот ми град. Со особена радост и внимание ги следам годишните концерти на КУД Таше Милошевски затоа што сум бил дел од тој ансамбал, но и поради тоа што тие во овој момент се најдобри промотори на ресенската народна култура низ многу места низ светов од каде што се враќаат со многу награди. На тие концерти секогаш ми се навраќаат во мислите стиховите на Блаже Коневски од Тешкото: во градиве зошто ми навира река и зошто ми иде да плачам ко дете. И солзите веќе се растркалани по моите образи. Преубаво чувство.

Неодамна ме израдува и обновувањето на навивачката група Патриоти затоа што преку нив ми се навратија многу драги и комични спомени од младоста.

ПреспаИнфо: На овогодинешното 13-то издание на меѓународната драмска манифестација Актерот на Европа што се одржа во Ресен од 6 до 11 јули, имавме можност да ја гледаме и претставата ‘Излегов да се прошетам…’ според ваш текст и режија. Уште еднаш потврдивте дека сте вредна и сестрана личност. Го потврди тоа и многубројната публика.

Владика Пимен: Актерот на Европа е едно прекрасно збиднување во Преспа за време на летото. Години наназад ја користам можноста да ги гледам претставите кои гостуваат. Минатата година имаше ресенска претстава со адаптиран текст во режија на нашиот долгогодишен активист на театарската аматерска сцена г-дин Чаушевски. Така и тргна идејата годинава да имаме и оргинален ресенски текст. Мотивацијата беше уште поголема бидејќи Сотир годинава слави 50 годишен јубилеј. Главната идеја на драмата е народната ресенска песна Излегов да се прошетам. На ресенчани им е добро позната и текстот на песната но и времето во кое што настанала. Дејствието тука е префрлено во едно поново време ’90-’99 година со што сакав преку сомнежот во вистинитоста на песната на тогашната младина да ја покажам универзалноста на љубовта и нејзината тежина во секое време. Со тоа сакав да направам и една конзервација на едни времиња во нашиот град преку враќањето на дијалектот, облеката, музиката која во тоа време сме ја слушале.


intervju pimen 6

Екипата која што ја реализираше театарската претстава “Излегов да се преошетам…”

И покрај одредени потешкотии во реализацијата како повредата на главниот режисер и судирот на концепции во нејзината реализација и промената на актерската екипа во последен момент се убаво заврши. Го освоивме Гренд прито од публиката што многу ни значеше на целата екипа. Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам на целата екипа поединечно и да ги пофалам за сработеното Сотир, Бифо, Марија, Никола, Кристина, Менде, Бети, Аланка, Ѓорѓи, Ќосот, Киро, Игор и Никола и да им посакам уште многу успешни проекти. Би им се заблагодарил исто така и на граноначалникот Стрезовски и на советот на Општина Ресен за довербата што ни ја дадоа да ги претставуваме на фестивалот.

Уште би напоменал дека целиот тим едногласно одлучи Гранд прито да му го посветиме на Сотир Чаушевски по повод неговиот Јубилеј на штиците што живот значат.

ПреспаИнфо: За крај, што ќе им порачате на нашите сограѓани?


intervju pimen 4

Владиката Пимен во разговор со уредникот на ПреспаИнфо Љупчо Ефтимовски

Владика Пимен: Би им порачал дека лесно е да се мрази. Тешко е да се сака. Особено е тешко да се сака нешто што замира. Нашиот Ресен за жал замира. Но доколку наместо да го мразиме затоа што го снашла таква судбина,како и целата внатрешност на Балканот, се потрудиме нешто да направиме за негова популаризација и презентација и тој ќе биде убаво место за живеење. Се радувам на сите иницијативи годинава Тур де Галичица, Преспа фест, Актерот и нашата драма, на Јаболкоберот, јубилејниот концерт на Играорната, детските претстави…

Кога сакаме се’ можеме. А го сакаме Ресен, нели?

Извор:

http://prespainfo.com/intervju-pimen-mitropolit-evropski-svestenikot-treba-da-go-bara-narodot-a-ne-narodot-svestenikot/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 756
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1035
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 983
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Знаеме дека за секој дар што од Бог го добиваме, го добиваме од Неа и преку Неа, и поради Нејзините молитви, бидејќи самите со ништо не сме го заслужиле. Сѐ...

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Човекот кога му прави добро на својот ближен, тоа е вистинска добродетел, која Му е угодна на Бога. Оваа вистина ја посведочува и самиот Господ Исус Христос, бидејќи не само...

« »