Верниците на МПЦО Св. Злата Мегленска, Загреб,  молитвено со најдлабока почит во Страдалната недела се сеќаваа на Христовиот пат  до Голготата, за да, со радост го дочекаат Христовото Воскресение.
 
 
Црквата на Роковиот Перивој, неколку дена беше исполнета со благочестиви христијани собрани во молитва  и надеж дека догодина ќе го дочекаат Воскресение Исусово во своја Црква.

 
Во неделата, првиот ден Велигден, со Свети Тајни се причестија верните, и по духовната окрепа, ги чекаше и телесна, трпеза на љубовта, каде до доцни попладневни часови се дружеа.

 
Парохискиот свестеник отец Кирко Велински не ја криеше радоста што во толку голем број македонци присуствуваа на овој најголем христијански празник.




Подготвила: Стојанка Тезак
Фото: Стони

Посети: {moshits}