логоFacebookTwitterYouTubeeMail


КРШТЕВАЊЕ


Александар Шмеман





Таинството на водата



Во нашите богослужбени книги светото Таинство Крштевање започнува со следното упатство:

Свештеникот влегува во олтарот и облекува бела облека. При запалени свеќи, тој кади околу садот со водата, ја остава кадилницата и се поклонува.

Во наше време на малкумина им е јасно дека тоа упатство е сè што останало од најголемиот празник на раната Црква - пасхалното чествување на Крштевањето и кршталното чествување на Пасхата.

Го нагласуваме ова уште еднаш, зашто, дури и да е невозможно повторно да ги обединиме Крштeвањето и Пасхата, пасхалниот карактер на Крштeвањето, врската меѓу Крштeвањето и Пасхата остануваат клуч не само за Крштeвањето, туку и на целата христијанска вера. Основното упатство во богослужбените книги ни напоменува дека тој пасхален карактер на празникот треба да биде запазен. На прво место, тоа означува празнувањето на Крштeвањето да се извршува од Црквата, односно - со учество на народот Божји и да се доживува како настан во кој таа се утврдува како премин -Пасха - од „овој свет“ во Царството Божјо; како учество во решавачките настани на Христовата Смрт и Воскресение. Правилното празнување на Крштeвањето е извор и појдовна точка на посакуваното од наша страна литургиско возобновување и преродба. Во тоа таинство Црквата ја разоткрива пред себе полнотата на сопствената природа и постојано се возобновува како заедница на крстените. Во светлината на таа важна функција на Крштeвањето – постојано да се возобновува Црквата – колку несвидни и погрешни, од литургиска гледна точка, изгледаат нашите кратки, „приватни“ крштeвки, лишени од секаква торжественост, извршувани во отсуство на Црквата, сведени на елементарен минимум. Да се потсетиме дека насекаде и секогаш кога се празнува Крштевањето се наоѓаме – макар и духовно! – во предвечерието на Пасхата, во самиот апогеј на Велика Сабота, во почетокот на онаа неповторлива ноќ којашто секоја година ни ги отвора вратите кон Царството Небесно.


Крштевањето започнува со торжествено осветување на водата. Но, слабеењето на врската со Литургијата достигнало до таа мера што некои свештеници речиси и го пропуштаат тоа осветување. И навистина, зошто да го извршуваме целиот тој релативно долг обред на осветување, кога е многу полесно да излееме неколку капки претходно осветена „осветена вода“ во кршталната бања, и Крштевањето да го извршиме со попрскување на детето со неколку капки „осветена вода“, кога тоа се смета за неопходен и доволен услов за реализација на чинот. За десет минути човекот станува христијанин – член на Телото Христово, осветен сад на Светиот Дух, сограѓанин на светиите! Останува само да се издаде крштеницата. Не е чудно што за повеќето луѓе денес не само Крштевањето, туку и целата Црква со своите на прв поглед неразбирливи и архаични обичаи им изгледа целосно неумесна, и тие едноставно ја напуштаат, за на друго место да бараат духовна храна, без која човекот не може да живее.


Затоа е важно да разбереме дека токму водата ни ја открива смислата на Крштевањето, и дека тоа се случува во осветувањето на водата пред самото Крштевање. Крштевањето не само што започнува со осветувањето на водата, но во тоа осветување се разоткриваат и сите димензии на кршталното Таинство, неговата космичка содржина и значење. Осветувањето на водата го пројавува органскиот карактер на Крштевањето, разоткривајќи ја неговата врска со светот и со материјата, со животот во сите негови пројавувања. И ако денес во богословските учебници Крштевањето се претставува  како речиси магично дејство, ако тоа престанало да биде извор и постојана појдовна точка на богослужењето и благочестието, тоа е токму затоа што Крштевањето било одвоено од „таинството на водата“, коешто е негов вистински контекст и значење.

Водата несомнено е еден од најдревнитре и најуниверзални религиозни символи. Од христијанска гледна точка, важни се три димензии на таа символика. Првата можеме да ја наречеме космичка. Без вода нема живот, и затоа „примитивниот“ човек ја поистоветува водата со принципот на животот и во неа ја гледа световната prima essentia, „... и Духот Божји лебдеше над водата“ (Битие 1:2). Но ако водата го одразува и го символизира светот како космос и живот, во исто време таа е символ на разрушување и на смрт. Таа е таинствена длабочина, којашто убива и уништува, темно пребивалиште на демонски сили, образ на ирационалното, првичното во светот. Принцип на животот, живототворната сила и принцип на смртта, силата на разрушувањето – тоа е фундаменталното двојствено восприемање на водата во религиозниот светоглед на човекот. И на крај, водата е символ на очистувањето, на чистотата и, следствено, на препородувањето и возобновувањето. Таа ја измива нечистотијата и го воспоставува првобитниот девствен образ на земјата. Библијата и целиот библиски расказ за создавањето, за падот во грев и за спасението се проникнати со таа основна религиозна символика на водата, којашто има свои корени во нејзините саморазбирливи и природни атрибути. Ја откриваме водата во почетокот, во првата глава од книгата Битие, кадешто таа го символизира самото создавање, космосот, којшто го радува Творецот, зашто ја одразува и ја возгласува Неговата слава. Ја откриваме како гнев, осудување и смрт во расказот за потопот и уништувањето на фараонот и неговата војска под брановите на Црвеното Море. Ја откриваме како средство за очистување, покајание и проштевање во Крштевањето на св. Јован Предтеча, во потопувањето на Христос во водите на реката Јордан, и во последната негова заповед: „Одете и крштевајте...“

Создавањето, падот во грев и искупувањето, животот и смртта, воскресението и вечниот живот – сите суштински димензии, целата содржина на христијанската вера се обединети и поврзани во една внатрешна самозависност од еден единствен символ. Првичната најважна смисла и сила на тој символ е дека тој го соединува она што било разурнато, разделено и осакатено. Во едно такво разбирање осветувањето на водата пред Крштавањето престанува да е она во коешто на крај сме го претвориле – нешто како претходна церемонија по слободен избор, којашто само треба да произведе „материјал за Таинството“.  Осветувањето станува она што било од самиот почеток – епифанија, откровение на вистинската смисла на Крштевањето како космички, еклисиолошки и есхатолошки акт. Космички, зашто е таинство на Новото Создание; еклисиолошки, зашто е таинство на Црквата; есхатолошки, зашто е таинство на Царството. И така, само ако го разбереме таинството на водата, ќе разбереме зошто човекот прво треба да го потопиме во вода, ако сакаме да го спасиме.  






Александар Шмеман
„Од вода и од Дух“

(подготви: д-р Драган Михајловиќ)
 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1484
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 939
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1187
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

« »