логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Проф. д-р  Јован Таковски

 
Св. Климент разликува три вида или степени на просвештение. Првиот степен е просветлувањето со писменост, со букви или книги. Овие книги св. Климент ги нарекува боговдахновени книги. Но, според св. Климент, интелектуалното просветлување не е доволно само по себе.

Затоа тој зборува и за светотаинско просвештение, односно просветлување преку светите тајни крштение, покајание или исповед и евхаристија, односно светата причесна, со посебна нагласка на последнава света тајна - причесната, преку која се постигнува и врвното просветлување, односно осветување или обожување на човековата личност. Заради достојното причестување свети Климент зборува и за трет вид просвештение, а тоа е преку практиката на добродетелите: братољубие, странољубие (гостопримство), вера, молитва, пост, смирение, милостина, чистота, љубов и други. Тоа е патот на целосното и вистинско просветлување кое води кон осветување и обожување на човекот како крајна задача и цел на неговата егзистенција, бидејќи целта на создавањето на човекот не беше само неговата проста биoлошка егзистенција, туку вечната егзистенција, за која зборува свети Максим Исповедник. Со ваквата просветна програма свети Климент целосно го следи најавтентичното и најздраво православно црковно предание и пракса на најеминентните отци и учители на Црквата.
 

Протопрезвитер Јован Таковски:
„ПРОСВЕШТЕНИЕТО ВО ТЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
 
 

ДЕЛОТО НА СВЕТИТЕ КЛИМЕНТ И НАУМ
Протопрезвитер Јован Таковски

Значењето и придонесот на тоа дело кон охристовување  на македонскиот народ и на соседните православни народи

 takovski.jovan2.jpgЗа поправилно разбирање на оваа тема, на ова прашање, потребно е најнапред да се појасни терминот ологосување. Во неговата основа лежи зборот ЛОГОС кој е синоним на Второто лице на Света Троица, а тоа е Синот Божји. На македонски се преведува со терминот СЛОВО или збор. Свети Јован Богослов своето Евангелие го започнува вака:“Во почетокот беше Словото(Логосот) и Словото беше во Бога и Бог беше Словото“(Јован 1,1). Заради нас луѓето и заради нашето спасение тоа Слово се воплоти од Светиот Дух и од Марија Дева  и стана човек – историскиот Богочовек Исус Христос. 

Оттука терминот ологосување можеме да го преведеме и со охристовување или отроичување, бидејќи Христос е патот до вистинското богопознание, односно до откривањето на Бога како Отец, Син и Свети Дух – Троица во Единица и Единица во Троица. Но, зборот Логос значи и смисла, разум. Тоа значи дека преку Логосот ние ја откриваме смислата и на целото создание, бидејќи тоа го носи врз себе печатот на Логосот Кој учествува во создавањето на светот заедно со Отецот  и со Светиот Дух.

Затоа свети Јован вели: “Се што стана преку Него стана и без Него ништо не стана“(Јован 1,3). Тоа Слово е и Живот и Светлина на луѓето – вистинската Светлина која го осветлува секој човек што доаѓа на светот(Јован 1, 4.9). Затоа секој обид да се разбере смислата на животот и на постоењето без Логосот води во алогичност, односно во бесмисленост.

Целата работа на св. Климент и на св. Наум, најблиските ученици и соработници на светите браќа Кирил и Методиј, беше во тоа ологосување, осмислување, охристовување, просветлување, евангелизација на овие народи. По смртта на св. Кирил во Рим и на св. Методиј во Моравија, и прогонството на нивните ученици, св. Климент и св. Наум, како веќе опитни мисионери, погодна почва за продолжување на прекинатото дело најдоа во Македонија, во охридскиот регион. Првите седум години св. Климент работеше како учител – просветител и ги постави темелите на на она што обично денес се именува “Охридски универзитет“ од кој, според житието, излегле 3 500 ученици кои подоцна го продолжија нивното мисионерско дело во Македонија и кај соседните православни народи. Потоа учителската работа ја презеде свети Наум, а свети Климент, како епископ продолжи да работи на организирањето на црковниот живот и ги постави темелите на Охридската архиепископија, во која дојдоа до израз неговите дарби како извонреден пастир, проповедник, книжевник, мисионер... Успехот на неговата мисија се должи на прво место што тој богослужеше, проповедаше, поучуваше и пишуваше на разбирливиот за македонскиот народ мајчин јазик, а не како дотогаш на грчки јазик.

Неговите проповеди - слова и поученија, преку кои тој ги објаснува значењата на сите позначајни празници и настани од животот и делото на воплотениот Логос-Господ Исус Христос, во бројни преписи, извршиле силно влијание и кај соседните православни народи, дури до денешна Русија. Најкратко речено, како што вели житието, од народ скотоподобен светите Климент и Наум изградија народ богоподобен.
 
 
 
takovski.jovan.jpg
 
 
 
 
Јас подолго време се занимавам со проучување на делото на св. Климент, на св. Наум и на нивните Учители-светите браќа Кирил и Методиј. Дел од моите повеќегодишни истражувања се пренесени во мојата докторска дисертација насловена “ПРОСВЕШТЕНИЕТО ВО ТЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, која благодарение на финансиската помош од Министерството за култура на Република Македонија, минатата година(2006) излезе од печат. Терминот просвештение, кој во својата основа го има старомакедонскиот збор sv0t9 - светлина, не фигурира во речникот на македонскиот литературен јазик. Кај нас е во оптек зборот просвета, кој од времето на просветителството означува акумулирање знаења, најчесто со атеистичка содржина. Затоа кај нас во последните неколку децении за просветен човек се смета учениот човек, односно атеистот. За свети Климент, пак, терминот просвештение има значење на просветлување на човековата мисла и ум со Божјата светлина, односно со светлината на богопознанието.
 
Св. Климент разликува три вида или степени на просвештение. Првиот степен е просветлувањето со писменост, со букви или книги. Овие книги св. Климент ги нарекува боговдахновени книги. Но, според св. Климент, интелектуалното просветлување не е доволно само по себе. Затоа тој зборува и за светотаинско просвештение, односно просветлување преку светите тајни крштение, покајание или исповед и евхаристија, односно светата причесна, со посебна нагласка на последнава света тајна - причесната, преку која се постигнува и врвното просветлување, односно осветување или обожување на човековата личност. Заради достојното причестување свети Климент зборува и за трет вид просвештение, а тоа е преку практиката на добродетелите: братољубие, странољубие (гостопримство), вера, молитва, пост, смирение, милостина, чистота, љубов и други. Тоа е патот на целосното и вистинско просветлување кое води кон осветување и обожување на човекот како крајна задача и цел на неговата егзистенција, бидејќи целта на создавањето на човекот не беше само неговата проста биoлошка егзистенција, туку вечната егзистенција, за која зборува свети Максим Исповедник. Со ваквата просветна програма свети Климент целосно го следи најавтентичното и најздраво православно црковно предание и пракса на најеминентните отци и учители на Црквата.
  
 
Протопрезвитер Јован Таковски:
„ПРОСВЕШТЕНИЕТО ВО ТЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
 
 
 
Отец Јован за веронауката:
 takovski.jovan1.jpgДенес бројни институции кај нас, просветни и други, ги носат имињата на св. Климент, св. Наум, светите браќа Кирил и Методиј, но, за жал, просветната програма е сеуште со атеистичка ориентација, идеолошка, еднострана. Последиците од ваквиот образовен пристап се јасно видливи секојдневно и мислам дека за тоа не треба да зборувам. Дрвото се познава по неговите плодови. Плод на ваквата долгогодишна индоктринација се и реакциите и противењата на одредени луѓе – другари – против воведувањето вероучение во нашиот образовен систем. Аргументите што при тоа ги наведуваат се: дека ќе биле загрозени правата и слободата на децата на  атеистите, дека  ќе бил загрозен ’научниот поглед кон светот’– Дарвиновата теорија за потеклото на човекот од мајмун, која никој сериозен во светот веќе не ја смета за научна... Јас лично сум уверен дека и по воведувањето на веронауката никој не ќе може да ги натера насила да се откажат од верувањето во своето животинско-мајмунско потекло оние што сакаат така да мислат или во тоа да веруваат. Но сум уверен и во тоа дека секое човечко суштество треба да го ужива правото слободно да го избере својот поглед кон светот, бидејќи самото лишување на човекот од  слободата на избор како најголем и единствен дар Божји што човекот го прави суштински различен од сето друго создание, го нарушува достоинството на човекот и го сведува, против негова волја, на неговата биолошка, животинска егзистенција. Да не зборуваме за духовната празнина што ја остава атеистичкото образование во душите на младите поколенија, која, за жал, најчесто се надоместува со мошне опасни пороци: наркоманија, дрога, јога, алкохолизам, сексуален разврат, убиства, празноверие, суеверие (хороскоп, бајаштво, јасновидство), не помислувајќи, притоа, дека всушност на тој начин широко му се отвораат портите на ѓаволот и на неговите слуги. За пример да го земеме хороскопот (астрологијата). Мнозина противници на веронауката и на Христа, секојдневно на своите трпези го изнесуваат омиленото мени - хороскопот. Бидејќи малкумина знаат дека астрологијата–хороскопот, односно определувањето на судбината на човекот според распоредот на ѕвездите е мајсторија на ѓаволот, наоѓам за потребно овде да ја појаснам оваа сплетка на лукавиот. Ѓаволот сака ние луѓето да веруваме дека виновник за нашата судбина, неволји и маки се ѕвездите, а бидејќи ѕвездите се дело Божјо, значи дека виновник за злото во светот е Бог кој ги создал такви ѕвездите. И нашите средства за информирање се преполни со овие демонски вештини. За овие вештини на ѓаволот зборува уште св. Василиј Велики во четвртиот век во неговата книга Шестоднев - за создавањето на светот. Ова ќе го потврдам и со еден пример. Пред неколку дена, кај мене дојде една ученичка да и помогнам  да се подготви за писмена работа по француски јазик.. Една од темите и беше да напише на француски:“во кој хороскопски знак е родена, што значи тој знак и како може да и се определи судбината според тој знак??. Значи таа ученичка нема право да знае за Бога, но мора да ги консумира и да се измачува со овие лудории на ѓаволот“. Да не зборуваме за размената на подароци од хороскопските знаци... Свети Климент често зборува и пишува против овие, како што тој ги нарекува, "дела на сотоната".

На крајот уште нешто да кажам за духовната празнина што ја остава едностраното атеистичко образование и воспитување. На ум ми доаѓа царот, пророк и псалмист Давид, еден од најголемите познавачи на човековата душа.

И покрај сето богатство овосветско и задоволства што ги имал и со нив неограничено располагал, тој ја чувствувал духовната жед, како што тој вели, во оваа земја пуста и безводна. Затоа во четириест и првиот псалм тој вели: ‘Како што кошутата жеднее по бистри извори на вода, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе’и додава: ’Душата моја жедува по Бога, живиот Бог’. Оваа духовна жед може да ни ја згасне само воплотениот Логос, Синот Божји - Господ Исус Христос, Кој, поучувајќи еден ден во храмот (на Преполовение), извика со силен глас, велејќи: ’Кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие’.

’Кој верува во Мене, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода’,мислејќи на Светиот Дух што требаше да Го примат оние што ќе поверуват во Него (Јован 7, 37-39). И во разговорот со жената Самарјанка на изворот Јаковов, Господ Исус ја повторува оваа тема за живата вода од која никогаш не се жеднее, мислејќи на благодатта на Светиот Дух. Исус и одговори на жената: ’Секој што пие од оваа вода, изворската, пак ќе ожеднее, а кој пие од водата што ќе му ја дадам јас, нема никогаш да ожедни, таа ќе стане во него извор на вода, што тече во живот вечен’.
 
Господ и денес стои по раскрсниците, пред портите на училиштата и пред вратите на секоја духовно жедна душа и вика: Кој е жеден, нека дојде при мене и нека пие!(Тропар на Преполовение).
  


Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 549
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 850
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 822
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »