Pregratki

ЗЕМЈА НА УБАВИНАТА - АРХМАНДРИТ АНДРЕЈ КОНАНОС

    Еднаш во сабота навечер, требаше, да одржам беседа во центарот на Атина: ме повикаа да изнесам проповед во едн храм, после вечерната. Јас одамна не бев отишол во градот. Кога се враќав седнав во воз, и додека патував со него, видов многу младина; ја имаше насекаде; во метрото, во возот. Каде и да појдев, секаде имаше многу млади луѓе.
    Тие излегле до дома, за да се оттргнат од секојдневието, да се развеселат и опуштат,  да почувствуваат нешто, да најдат нешто - тие постојано бараат нешто. Доколку би бил дома, јас сега би се подготвувал кон воскресната Литургија, би здивнал малку, би поспал, а тие едвај додржаа додека излезат од дома, за да ја поминат ноќта којзнае каде и да најдат нешто прекрасно. Јас пак, бидејќи во училиште постојано контактирам со нивни врсници, без нималку срам, почнав да им ги разгледум лицата. Имено, сака в да проникнам во нивните души и да сфатам како се чувствуваат.
    Влегов во вагонот и отидов назад, на самиот крај, каде би требало да има помалку народ. Но, таму имаше многу странци, а малку грци. На следната станица, поголемиот дел излегоа. Веројатно, некаде близу имаше кино - сала, бидејќи тука влезе и многу од младината, за која сега говорам. Со распуштени коси, во скинати фармерки, модерни, современи, елеганти, во странска облека, со фризури во емо - стил, т.е. исчешлани нанапред, како да ги дува ветер.
    Јас седев и ги посматрав. Исто и тие мене. Разгледувајќи ги, се обидував да го изменам во нив се она што не ми се допаѓаше. Мислено, си ја земав за кусо време, улогата на уметник и си велев: Поттргни ја малку на страна косата на она дете. Направи да се гледа лицето. Сега пак, исчисти го. Леле, па таму има многу црвени бубулки? Ништо, нека останат, тие се тинејџерски
    Мислено им ја тргнав кремата од усните, бојата од очите, им ги исчистив лицата, направив и измена на облеката, го отстранив ненужното. Тогаш нивните лица се смирија и кога се загледав длабоко во очите на тие деца - со агресивен, немирен израз на лицето, лица кои се искривуваа како будалести, изгледајќи понакогаш глупаво, истовремено зборуваа нешто, се закачкаа и потоа наеднаш се ширеше нивниот неворитчен конвулзивен смев  - и јас осознав, дека тие беа внатрешно напнати и во нивната душа немаше мир. Она, што тие го доживуваа, не беше радоста на душевниот спокој, тоа беше една друга радост - радост на седозволеноста.
    Конечно, ви се има случено да видите стари икони, потемнети, покриени со многу слоеви, како ги реставрираат специјалисти. Тогаш кога ќе бидат исчистени ликовите, одеднаш се појавува многу убава икона. Неверојатно убава. Ти станува јасно дека под нечисотијата и патината, се сокривала прекрасна слика. Истото тоа го доживеав и јас  за време на своето измислено "вајање".
    Бог и заради тоа ме направил свештеник, за да можам да прогледам зад страната на надворешноста и да го видам тоа, што на другите не им се дава да го фатат, оти сме навикнале да комуницираме површински  - само со она, што во конкретниот момент другиот ни го покажува, а не со она што тој ни го говори со своето срце, со очите. Меѓутоа зад тој ладен, студен, потсмешлив, незаинтересиран, површен и незрел изглед можно  е да се открие поголема длабина, може да се вникне во суштината на нештата и да се слушне песнопојот кој прозвучил, кога тој човек бил уште младенец и го крстиле:
-Оние кои во Христа се крстија, во Христа се облекоа!
    Јас навистина сакав да го откријам Христос во тие подивени лица, со чуден изглед, во тие деца, кои се кикотат и буцкаат едни со други: еве еден младич ја гушнал девојката, нејзе ù стана непријатно, тој навалува на неа, таа му одговара, тие се веселат и засмејуваат. Со оние поправки, кои ги направив, влегуваа свети лица, многу добри лица. По моето мислено вмешување нивните лица станаа добри, така што веќе не ги гледав нив, туку светото момче, светата девојка.Си реков на себеси: "Погледни, Бог ги создал овие деца, за да бидат свети!"
Сите луѓе се добри, ние сме усвоиле просто некои ужасни нешта, кои го менуваат нашето лице  и ја уништуваат неговата убавина. Кога тие се зачнувале во утробите на мајките свои, тогаш немало никаква грешка. Бог никогаш не прави лош избор, Бог никогаш не му дава на човекот зла душа, не го подготвува него кон тоа, да стане злочинец, грешник, порочен човек. Сите луѓе се добри, но ние просто сме усвоиле некои ужасни работи, пороци, светски црти и тие го менуваат нашето лице и му ја трошат неговата убавина.
    Она што се обидов да направам како свештеник: да ја извадам од нивните лица фалшливоста и да изнајдам нешто оригинално во секое дете. Дејствително кон нив почувствував големо уважување, не гледајќи на сите акни, лекомисленост и незрелост. Кога ќе го извадиш сето неубаво, кога ќе си замине сето безобразие, кое влегло во нас заедно со  навиките раширени во светот, ти откриваш дека тебе те опкружуваат само добри луѓе. Уште пак, колку свети тие би можеле да станат!
    Навистина, доколку се споредат нивните лица со ликовите на свети Георгиј, света Параскева, свети Николај, свети Димитриј, свети Василиј, света Марина ќе забележиш, дека децата се слични на нив, токму како и секој човек, ако го тргнеш од неговото лице она што го нагрдува. Само што ние сме многу далеку од светоста. Зошто ние доаѓаме имено до тоа? Какви не создал Бог - а во што се претворивме? Како се истрошивме? Како се изменивме? По што се поведовме? Каде замина нашата детска невиност, убавина, едноставност, чистота? Оти ние и со душа сме валкани и со тело не сме невини. Кој воопшто ја сочувал невиноста о наши дни?
    Што и да кажеме, умот не врти кон злото. Некогаш сакаш да кажеш некое нешто, а човекот слуша нешто друго; говориш едно, тој сосема друго ќе разбере; сакаш нему едно нешто да му објасниш, тој пак умот во друго го внесува. Тој самиот не е виновен, така се научил. Такви не направил светот, епохата, менталитетот, а што е главно, оној кој управува со светот - искушувачот, кој го фомира моралот на овој свет. Над се стои Бог, Он е Господ на историјата, но ние Го оттргнавме на периферија. Така дојдовме до тоа, што искушувачот, началникот на темнината на овој век, почна да го оформува менталитетот и моралот на нашата епоха.
    Не знам, дали имаш дете, не знам, дали можеби ти самиот си дете,  не знам, дали имаш убаво лице, како имено оние добри лица, кои ги видов во возот, кога им направив некаква корекција, налик на реставратор, и кога под нечистотијата блесна убавината на нивната душа. Не знам, какво лице имаш, колку време ти не си ја очувствувал онаа детска невиност, колку години минале оттогаш, кога ти за прв пат си чул лукави зборови, лукави шеги, кога во твојот живот влегле првите пороци, и убавината на твојата душа почнала да бледнее и замрела.
    Многу е важно, како живее човекот, со кој се дружи, кои му се другари, како го минува животот, како се подвизува. Човекот се менува. Тоа е природно, што се менува: кога раснеш, ти се менуваш, твоето лице не може секогаш да остане детско, ти ќе пораснеш, ќе возреснеш, изразот на твоите очи ќе стане посериозен, попрониклив. Така возраснува човекот, и тогаш малото дете, станува момче, потоа маж,  а малото девојче станува девојка, а потоа жена, која сериозно го посматра животот. Но, ние не зборуваме за таа промена.
    Има едно нешто, што никогаш не треба да се изгуби - а тоа е невиноста на душата. Попрекрасно од сè е - да се биде секогаш невин. Без разлика, колку години минале, твоето лице - било да е со брчки или акни - ќе биде убаво, но не како на насловните страни на списанијата, не гледано по светски. Невиноста - тоа најубавиот украс; чистотата, добрината, љубовта, благородството на душата - сето тоа се одразува  на лицето.  Нема значење колку време поминало, ти можеш да ги задржиш тие квалитети, никогаш да не ги изгубиш, независно од тоа, дали си млад или веќе старееш, така што секогаш ќе останеш убав (убава), секогаш ќе имаш добро лице.
Убавото пак лице, не е тоа кое е покриено со шминка, крема и козметика, туку она, на кое се одразува благолепието на душата. Ние имаме Божја благодат, која ја примаме при Светото Кршетение, и кога ќе и дозволиме неа, таа да расцвета на нашето лице, тогаш сите ќе бидеме многу добри, многу убави. Дали тебе ти се допаѓа, да бидеш добар (добра)? Немој да кажеш "не", оти може да те потсетам, колку време денес ти помина пред огледалото; колку пати денес тебе те посетуваше мислата за тоа, како изгледаат твоите очи, усни, лице, коса; колку долго понекогаш ти се облекуваш со желба да ја избереш најсоодветната облека за некое особено случување и колку пати се погледнуваше во огледалото, прашувајќи се себеси: како ли ти ќе изгледаш пред другите, дали си убава (дали си убав), дали ќе им се допаднеш?
Една жена отишла кај својот духовник. Таа била дотерана, нашминкана, во пудра и помада. Духовникот ја погледнал неа и и рекол:
- Зошто толку многу се шминкаш, дете мое!
Таа одговорила во својата простота:
-Затоа што сакам да бидам убава. Зар е тоа лошо?
Тој и одговорил:
- Но, ти си невообичаено убава!
- Знам оче, ви благодарам!
Таа мислела дека тој и дал комплимент. Но, тој и појаснил:
- Јас не го имав тоа предвид, дете мое. Ти си убава со душа. Во тебе има сокриена, оригинална, исклучиелна убавина. Те молам: обиди се да ја пројавиш.
    Тоа е онаа убавина, кој не се создава со козметика, бидејќи кога наутро, откако ќе се разбудиш и ќе се погледнеш во огледало, ќе видиш, дека ти си исто така дете на Адам и Ева - заморена, со неизмиено лице, сонлива, со подочници, не личиш на себе: сите ние сме луѓе. Но, во е таа убавина која постои и покрај сето тоа и која не е поврзана со благомирисите на овој свет. Тоа е таа "козметика", која Духот Свети ја нанесува на нашето лице, таа убавина (κάλλος), која Духот Свети ни ја дарува. Оттука и доаѓа зборот  "козметика" (καλλυντικά) - од зборот "убавина", а убавината овде означува благолепие, што е нешто поврзано со височината на нашата душа, која се одразува на нашето лице. Ете тоа треба да го засакаш, ете што треба да најдеш, во тоа треба да се облечеш - и таа убавина да ја покажуваш на своето дете, мажот и луѓето.
    На тој начин, каде и да појдеш, ти би била природен човек, а природниот човек е секогаш прекрасен. Се природно е прекрасно. Дали го имаш приметено тоа? Природните цветови се прекрасни, а вештачките, колку и да се убави, не се вистински, не благоухаат, тие немаат природен раст, како кај живите, кои се пробиваат од земјата и расцветуваат и венеат, но дури и тогаш благоухаат. Свенатите рози сеедно мирисаат, затоа што убавината кај нив доаѓа одватре.
    Така и во нас има благомиризба. Господ сè создал прекрасно, но доколку ние во себе не сме ја  преоткриле таа убавина и не ја барам од Бог, Кој е попрекрасен од сите луѓе - имено Христос е најубавиот, Он е источник на убавината, - поради тоа и ја барам убавината на светот, поради тоа се трошат милиони и милијарди секоја година на производство на козметика, поради тоа ние фрламе во ветер огромни суми, само да ја добиеме посакуваната убавина, која не земајќи ништо од тоа превид, продлжува да бега од нас.
Кога ги гледаш иконите во храмот, може да заблежиш, дека светителите не владееле со светска убавина, тие немаат јарки и лица кои предизвикуваат впечаток, кои на тебе би можеле да воздејствуваат плотски и сластољубиво. Меѓутоа тие воздејствувале со убавината на својата душа, која се одразувала и на нивните тела. Зарем Пресвета Богородица не била убава? Согласно на апокрифните извори од тоа време, кога Таа одела меѓу луѓето, Таа ги трогнувала душите, предизвикувла благопочитание кон Себе, им ја предавала на другите благодатта на Светиот Дух и тие сфаќале што значи тоа добар човек. Притоа, бидејќи Пресвета Богородица секогаш одела со покриено лице и тело, бо Неа немало ништо, што би поттикнало на чувственост. Но, таа длабоко воздејствувала на душите.
    Убавиот, убавиот по Бога, смирениот, чистиот, невиниот човек има влијание врз другите, иако самиот не го посакува тоа. Тој влијае на нив, иако се труди да се сокрие од нив. Смирението и убавината на неговата душа не остануваат не приметени за светот.
    Пресветата Богородица го имала она, кое го има и секој светител. Смирениот човек е најубавиот човек на светот. Како и да изгледа. По Светата литургија, на пример, кога ти си се помолил веќе, си се причестил, си се удстоил да влезеш во Божествениот рај, си е допрел до Христа, земаш нафора, потоа излегуваш на улица, се поздравуваш со луѓето, и говориш: "Добар ден! Како сте? Како живеете?" - кажи ми тогаш мене, дали сие тие луѓе, кои сега те опкружуваат, зарем не ти се чинат убави?
Тие сите ти изгледаат убави. Ти не говориш: "Оној е страшен, онаа е убава, а онаа беозбразна." Не судиш за луѓето на тој начин. Тебе сите ти се чинат добри, многу мили, многу симпатични. Ете што означува Светата литургија, таа ни го открива патот во земјата на убавината, а земјата на убавината - тоа е земјата на Бог. Каде е Бог, таму е смирението, едноставноста, благодатта, таму е привлечната сила. Нас нè привлекуваат Божјата убавина и луѓето кои поседуваат Божја благодат.
(Крајот следува)
превод од руски: М.Белева
извор:http://www.pravoslavie.ru/126096.html

 

Друго: