логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„Според Твојата милост оживи ме, и јас ќе ги пазам сведоштвата од Твојата уста“ (Псал. 118, 88).

„Според Твојата милост“ – овие сеопфатни зборови означуваат дека Господ ни дава сè, односно ни ја дава Својата љубов, милост, сила, утеха и присуство. Кога ние велиме: „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“, ние во предвид го имаме сето тоа: Боже помогни ми, зацврсти ме, просветли ме, исцели ме, спаси ме и поддржи ме!

Божјата благодат е сеопфатна, и ние во овој свет живееме заради неа и Бога. Ние Му се молиме на Бога, Он да нè оживи по Својата милост, за да не умреме, оддалечувајќи се од Него, бидејќи оној што се оддалечува од Бога, се чини дека е жив, но во реалноста тој е мртов. Оној, кој се оддалечил од Бога, може да изгледа жив, да се движи, да јаде, да пие, да се смее, да постои во овој свет, но неговата душа да е мртва. Човекот кој е близок со Бога, – е жив и живее, бидејќи Бог е животот на светот. Христос – е животот за луѓето. Он говори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14, 6).

Оној човек, кој е во заедница со Христа и Го љуби Него, тој е навистина жив. Тој ја надминува смртта и ќе живее не само во овој живот, туку и во вечниот. Тој преминал од смрт во живот. Таквиот човек, кој живее според Божјата благодат, ја надминува смртта и таа нема никаква сила над него, бидејќи е само нормален биолошки настан, кој нè води нас кон живот после смртта и ништо повеќе. Смртта си заминува од Божјиот човек.

Кога Божјата благодат нè опкружува, нè оживотворува, нè негува и нè зајакнува во овој живот, ние тогаш  го запазуваме сведоштвото за Божјите заповеди.

„Твоето слово, Господи, е засекогаш утврдено на небото“ (Псал. 118, 89).

Гледате, колку прекрасно е учењето на Црквата? Било која теорија или идеологија, се обновува или корегира на секои 50-70 години, иако, тие всушност не живеат толку долго: човечките теории можат да траат не повеќе од една или две генерации, бидејќи ќе дојде ден, кога тие ќе се распаднат, ќе исчезнат или ќе бидат побиени. Човечките идеологии имаат потреба да се ажурираат и обновуваат. Тоа многу често го прават еретиците, а денес тоа можеме да  го видиме меѓу следбениците на сектата Јеховини сведоци. Во одреден временски период, тие прават промени во своето учење, а учењето во Светата Православна Црква со векови останува непроменето.

На пример, да речеме дека ние читаме текст, кој е стар околу 350 години. Дали ние разбираме што читаме во таквиот древен текст? Тој звучи толку многу современо и ни говори за работи кои директно нè засегаат. Во него се опишуваат истите тие искуства што секој човек ги доживува во Црквата. Оние, кои имаат опит со Христа, читајќи ги Псалмите, се гледаат себеси однатре, односно се гледаат како се борат, како духовно оживуваат, како го прават сето она што го опишува пророкот Давид, бидејќи учењето на Црквата не се менува. Вистината не може да се измени, таа во тоа нема потреба, а лагата се менува, односно сè што е човечко и суетно се менува.

Многумина велат дека Црквата треба да ги обнови некои работи, односно дека е неопходно да се отстранат некои работи кои се застарени. Тоа не е така. Словото Божјо низ сите векови останува непроменето. Методите, кои ги користи Црквата, може да се менуваат. Во древноста, се проповедало по домовите, во пештерите, а ние денес проповедаме во храмовите. Но ние денес имаме и други сретства за проповедање, како телевизијата, радиото, интернетот и.т.н., кои ги користиме за духовни цели, а во минатото тие не постоеле. Ние денес имаме различни методи за проповедање. Методите се менуваат, но значењето и вистинитоста на Евангелието не се менуваат, тие остануваат непроменети. Ако ние нив ги измениме, тогаш човекот ќе добие лажен резултат и нема да биде духовно исцелен. Не можете да му кажете на лекарот:

– Докторе, променете го вашиот медицинскиот метод и лечете ме поинаку!

Тоа што е докажано во медицината – докажано е и научно, а она што не е докажано, со текот на времето се менува. Црквата ги менува методите, со чија помош го проповеда Христовото учења, но никогаш не ја менува Божјата вистина.

„Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите наредби“ (Псал.118, 94).

Господ го спасил пророкот, затоа што тој бил негов. Можеме ли ние да му кажеме на Бога дека ние сме Негов народ? Имаме ли ние таква смелост да стоиме пред Христа и да Му речеме: „Господе, јас сум целосно твој!“

Ако ние имаме таква храброст, тогаш навистина можеме да го кажеме она што го рекол пророкот. Но што ако нашето срце припаѓа на друг господар?

Ако искрено постапуваме и објективно гледаме на работите, тогаш ќе видиме дека нашето срце е освоено од многу нешта, без оглед на тоа дали станува збор за нешто материјално или станува збор за самољубие, себичност, самоконтрола или нешто друго. Како после тоа, ние можеме да му кажеме на Бога дека Му припаѓаме Нему? Како можам да ти припаѓам Тебе Господи, ако моето срце е окупирано со нешто друго? Ако во моето срце не присуствува само Господ, тогаш јас целосно не Му припаѓам Нему, бидејќи во мене господарат други „господари“, кои ме освоиле. Токму затоа, јас со чиста совест не можам да кажам дека целосно му припаѓам на Бога. Ќе биде добро, ако ние наместо да се заблудуваме, почнеме да се осудуваме во овој живот, за да бидеме оправдани во денот на Страшниот Суд.

Ајде, за време на духовното тихување, да си речеме себеси:

– Почекај! Ајде да видиме: дали јас му припаѓам само на Христа? Дали го сакам со сето мое битие? Има ли нешто што може да ми ја одземе љубовта кон Христа?

И тогаш твоето „јас“ ќе одговори, или, како што говорел Свети Јован Лествичник, да го натераме срцето да ни одговори. Нека одговори нашето срце, каде згрешило.

Ние, најмалку што можеме да направиме, – е да се смириме и да Го помолиме Христа, Он да владее со нашите срца и да го кажеме она што го кажуваме за време на секоја Света Божествена Литургија: „Благословено е Царството на Отецот, Синот и Светиот Дух“ Каде е тоа благословено Царство? Ангелите и небесата го благословуваат Бога, а ние луѓето сме должни да го благословуваме Царството Божјо во нас,  за Бог да владее во нас, за Он да биде наш Цар и Бог и на таков начин да можеме да му речеме Нему:

– Господи, јас Ти припаѓам само Тебе, спаси ме. Јас целосно Ти припаѓам Тебе, спаси ме!

Би било убаво, ако човекот  се прашува себеси:

– Дали навистина го сакам Бог?

Понекогаш човекот доаѓа на исповед, со голема болка и плач за починатата личност, која ја сакал. Тој сакал да стапи во брак со таа личност, но сега неутешно плаче. Се поставува прашањето, дали јас го сакам Христа, онолку колку што го сакам тој човек.

Еден светител говорел:

– Господи, јас навистина сакам да Те сакам Тебе, така како што го сакам гревот!

Ова се одлични зборови, бидејќи ние понекогаш ги сакаме работите, страста и гревот, повеќе од сè друго и во текот на целиот ден, размислуваме за нив. Нека биде обратно, да речеме тоа да стане мерка за нашата понизност и споредба, односно да го сакаме Бог, онолку колку што многупати  покажавме дека го сакаме гревот и страста. Затоа, кога се прашуваме себеси: „Дали му припаѓаме на Христа?“, ние треба да очекуваме одговор, да се прашуваме и да се осудуваме. Светите не ги судат после нивната смрт, бидејќи тие се осудиле себеси во овој свет, го осудиле своето его, говорејќи Му на Христа:

„Христе, ние целосно Ти припаѓаме Тебе и сме подготвени да ја извршуваме Твојата волја!“  Јас не сум сигурен дека си подготвен да го кажеш и да го направиш тоа.

На Света Гора, еден наш старец ни говореше дека ние треба да го направиме тој суд над себеси, за да се научиме да се осудиме себеси, односно да го избегнеме Страшниот Суд и да се поправиме. Ние треба да бидеме слични на оние луѓе, кои често одат на лекар и прават анализи за да ја дознаат нивната здравствена состојба. Човек, кој никогаш не отишол на лекар мислејќи дека е здрав, всушност може да биде сериозно болен. Ако некој човек ја знае вистинската состојба на неговото здравје, тој може да го спречи развојот на одредена болест во неговото тело.

Митрополит Лимасолски Атанасиј

Извор: http://pravoslavie.ru

Преземено од: http://www.pppe.mk/2019/bog-e-zhivot-na-svetot/

Април 2019 лето Господово

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1219
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1765
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1174
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

« »