логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Постот, како и секој друг подвиг, го правиме заради себеси, а не заради Бога – во смисла дека Бог нема полза од овие нешта, туку човекот е оној кој што се исцелува, зашто оној што е болен и немоќен е човекот, а не Бог. Немоќниот човек е оној кој има потреба од исцеление, затоа што е ранет од сопствените страсти и гревови.


Многу луѓе, а особено младите, имаат неколку недоумици во врска со постот – каква е ползата од него, зошто да постиме, што означува тоа нешто кон кое сме повикани да пристапиме?

Се разбира, Отците на Црквата дале многубројни и убави толкувања по тоа прашање и особено во врска со Великиот Пост, кој што се смета за par-excelance Пост на Црквата. Тој е утврден во свештените правила на Помесните и Вселенските Собори и воопшто се смета за најстрог Пост во Црквата. За постот имаме многу толкувања – и богословски, и практични, кои ни објаснуваат зошто човекот треба да пости. Има и такви кои го ставаат постот под сомнеж и велат дека никаде во Евангелието и во Светото Писмо нема заповед од Бога во која се вели да постиме. На тој начин тие го отфрлаат постот и ги прекоруваат православните христијани, дека запазуваат човечки преданија и заповеди кои што не постојат во Писмото.


40-дневниот пост на Христа во пустината.


Напротив, Отците велат дека првата заповед што Бог му ја дал на човекот е заповедта да пости. Кога Бог им кажал на Адам и Ева дека можат да јадат од сите дрва во Рајот, но од дрвото за познавање на доброто и злото да не јадат, тоа не е ништо друго освен заповед за пост. Со други зборови, Бог не му дозволил на човекот да јаде од едно конкретно дрво, тој требало да се воздржува од него за да ја запази Божјата заповед. Самата суштина на нарушувањето на заповедта, барем во нејзината практична форма, се гледа во престапувањето на постот што Бог му го наложил на човекот. Затоа, во еден тропар се пее дека преку јадењето од забранетиот плод, ѓаволот го истерал човекот од Рајот, а Христос одново нѐ вовел во Рајот преку Крстното Дрво. Но, и Самиот Христос, кога заради нас станал човек, ни дал пример, постејќи 40 дни и ноќи во Јорданската пустина, каде Го одвел Светиот Дух. Во таа пустинска атмосфера на безмолвие, во пост и подвизи, Господ го победил ѓаволот, кој му се приближил со трите големи искушенија. Затоа гледаме дека во својата практична форма, постот е Божја заповед, па дури и прва Божја заповед. Нејзиното нарушување довело до изгонувањето на човекот од Рајот, а Христос како нов Адам, го започнал Своето учење, проповед и општествена дејност со пост – давајќи ни го така Својот пример.

Односот кон постот, кој што секогаш е различен во зависност од периодот, многу пати се чини, така да се каже, проникнат од схоластика и некои луѓе дури го свеле и на обична хемиска анализа на посната храна – дали има масло, дали нема, дали има оцет, илјадници ситници, што значи едното, што значи другото, ги читаат состојките што се на амбалажата, ги гледаат составите и во краен случај доаѓа до потполна збрканост. Ќе ви кажам еден интересен случај – отец Нектариј ги знае овие светогорски случки.

Еднаш излеговме од Света Гора со неколку отци, патувавме со автобус од Уранополис до Солун. Пред мене седеа двајца отци од скитот Кавсокаливија, едниот беше малку посовремен, така да кажам, а другиот години наназад не излегувал од Света Гора. И двајцата беа зилоти, т.е. да ги наречеме потрадиционални, простодушни луѓе, кои го следеа стариот календар на еден фанатичен начин. Патувањето траеше 3-4 часа и едниот го послужи другиот со бонбони, а овој го праша:

– Да не се млечни?

– Земи благословен! Млечна бонбона? Море каква млечна бонбона, јади, ништо нема!

За беља, сепак, тој зеде и ги прочита состојките. Пишуваше различни нешта и меѓу другото, состоеше дека бонбоната содржи 0, 01 % млечна субсостојка, нешто такво. Настана голема расправија во автобусот – викотници, приказни, карања, прекори, затоа што човекот го нарушил постот со 0, 01 % млечен субпродукт…

Многу луѓе претерано се задлабочуваат во тој поглед, и ако тоа е мотивирано од добрата помисла за акривија (односно желбата за правилност), тогаш е добро. Сепак, човекот не треба да биде прекумерно схоластичен, зашто не треба да им оставаме на луѓето надвор од Црквата впечаток дека најважното што нѐ интересира е дали има една капка масло, а не реалната суштина и смисла на постот.

Она што е важно е дека преку постот човекот придобива сознание дека му припаѓа на телото на Црквата, дека Црквата е едно тело, една целина од верници и таа како тело пости во тој период и на тој начин. Тоа ни го дава чувството дека припаѓаме на телото на Црквата, потчинувајќи се на таа заповед на Црквата. Сега е период на постот и бидејќи припаѓаме на телото на Црквата, значи веќе сме член на тоа тело, како што прави целото тело, така правиме и ние. Имало и маченици на Црквата, кои умреле маченички, претрпеле ужасни страдања и загинале затоа што откажале да го нарушат постот. Имено ги терале не да се откажат од Бога, туку да се откажат од постот, да го нарушат постот… има и случаи во кои Бог, на чудесен начин, спасувал Цркви, градови итн., кога тогашните пагански власти сакале да го осквернат, на различен начин, Божјиот народ што постел. Нели во Првата сабота на Великиот Пост го празнуваме чудото со св. Теодор Тирон, кој на чудесен начин се вмешал и го запазил Божјиот народ – Христијаните – од осквернувањето со храна што императорот сакал да го изврши и на тој начин да нанесе удар на нивната совест и добриот обичај.

(Продолжува…)

 Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/ako-imash-srce-kje-se-spasish/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 392
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Наместо смирено да Му се заблагодари на Оној, од Кого е секое добро и секој совршен дар; наместо да Му благодари на Бога што му дал можност да ги изврши...

« »