"Црковноста“ треба да ослободува. Сепак, онаква каква што таа денес е интонирана, не ослободува, туку заробува, стеснува, осиромашува. Човекот започна да се занимава со "стариот" и "новиот" календар, со епископските сплетки или со побожноста од книгите. Духовноста започна да се сфаќа како обврска да се читаат таму некои црни, осиромашени книги полни со реторика во страв, секакви брошурички за чудата  и чудотворните  икони, разноразни сомнителни "попски приказни", и за сето тоа време се разработуваат „побожни„ теми. Наместо да го учи човека за сопствениот  поглед на светот и животот, Црквата (на ваков интониран начин) го учи да гледа во самата неа.

Наместо на нов начин (човек) да се прифати себе си и својот живот, тој мисли дека е должен на себе да го навлече  елекот на таканаречената  "побожност" - и така обезличен е како да е натопен со ужегнато посно растително масло. И дури да  знае што е радост, светлина, смисла, вечност, наместо таков, тој станува раздразлив, тесен, нетрпелив, многу често напросто и зол,  дури и не се кае заради тоа, бидејќи на крајот од краиштата нели е тоа од "црковноста„. Некој "побожен човек - (црквар н.е.)“ го убедил дека Бог е таму  каде што е религијата, и затоа  сето она што не е "религија" почнува да го отфрла самозадоволно и со презир, не сфаќајќи дека единствената смисла на  религијата е "сето тоа" (во врска со побожноста и црковноста) е да го исполни со светлина и да го приведе кон Бога за да се претвори во заедница со Бога."



протопрезвитер Александар Шмеман, Дневник, 21 февруари 1974 година.

Преминпортал

5ти февруари 2019 лето Господово