Вистинскиот христијанин никогаш не смее да осудува или да изнесува обвинувања против своите ближни, дури и ако некој насилно му ја земе облеката. Постои разлика меѓу оние луѓе што веруваат во Христа и оние кои не веруваат. Христијаните се придржуваат до Божествената, а луѓето кои не веруваат до човечката правда.

Човечката правда е ништожна во споредба со Божествената. Нашиот Господ прв ја примени Божествената правда. Не се оправдувал кога Го обвинија ниту се заканувал некому кога пател. Тој со молчење и стрпливо сè поднесувал, не давал ни најмал отпор, дозволувајќи им дури и да му ја слечат облеката. Така поради голотијата Бог беше исмеан од Неговите созданија. Најважно е тоа што Христос не само што не барал помош од човечката правда туку истовремено ги оправдувал и своите мачители, молејќи го Отецот да им прости: Оче, прости им, не знаат што прават (Лк. 23;34).

Ние, за жал, не го следиме Божествениот пример и никогаш не пропуштаме да ги обвиниме другите. Тоа што на почетокот ни изгледа како правда набрзо се претвора во неправда.

 

 

(Од книгата: Солзи за светот,
старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Повардарса епархија