логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Христос Јанарас

ПИЕТИЗМОТ КАКО ЕКЛИСИЈАЛНА ЕРЕС

  1. Историски координати

Името „пиетизам“ му го даваме на еден феномен во црквениот живот кој што секако има посебен историски и „конфесионален“ зачеток, но и многу пошироко разгранување во духовниот живот на сите христијански цркви.

Пиетизмот се појави како посебно историско движење во рамките на протестантизмот, кон крајот на седунаесетиот и почетокот на осумнаесетиот век, околу 1690-1730. Целта му беше да ја истакне „практичната побожност“ како засебна од полемичката догматска теологија, на која Реформацијата во почетокот ѝ имаше дадено извесно предимство. Наспроти интелектуалното и апстрактно разбирање на Бога и на догматската вистина, пиетизмот воспостави една практична, активна побожност (praxis pietatis)ː добри дела, катадневно самоиспитување според објективен критериум околу напредокот во добродетелите, катадневно проучување на Библијата и практична примена на нејзините морални поуки, внесување интензивна емотивност во молитвата, јасен прекин со „светот“ и световните навики (танцување, театар, нерелигиозни четива); и тенденции кон сепаратизам, со одржување интерни средби и одвојување од „официјалната“ Црква, од страна на движењето.

За пиетизмот богопознанието претпоставува „препород“ на човекот, а овој препород е сфатен како живеење според моралниот закон на Евангелието и како емотивно искуство на авторитативните вистини. Пиетизмот се претставува како мистична побожност, а конечно како облик на спротивставување на знаењето; како „адогматски“, во смисла дека ја игнорира или омаловажува теолошката вистина, или дури како чист агностицизам обвиткан со превезот на моралот. Под различни образи и во повеќето „движења“ тој не престана да влијае врз протестантизмот, како и, вистина, врз духовниот живот на другите цркви сѐ до ден денешен. Заедно со хуманизмот, просветителството и „практичниот“ дух на модерната ера – духот на „продуктивност“ и „ефикасност“ – пиетизмот низ цела Европа одгои едно воглавно „социјално“ разбирање на Црквата, која се занимава со практични активности од јавна полза, а повикот на спасение го претстави првенствено како потреба од индивидуална и колективна етика.

  1. 2. Теолошки координати

Пиетизмот ја подрива онтолошката вистина на црковното единство и личносното заедничарење, ако веќе сосем не ги одрекува; на човековото спасение во Христа му приоѓа како на индивидуална случка, како на индивидуална шанса за живот. Индивидуалната побожност и субјективниот процес на „прилагодување на спасението“ стануваат апсолутни и автономни и ја префрлуваат можноста за спасение на човекот во сферата на индивидуалното морално однесување.

За пиетизмот спасението не е првенствено фактот на Црквата, теантропичкото „пресоздавање“ на телото Христово, начин на постоење на неговиот троичен прототип и единство во заедница на личности. Човековото динамичко, лично учество во телото на црквената заедница не е она што го спасува и покрај неговата индивидуална недостојност, враќајќи му ја сигурноста и полнотата во однос на егзистенцијалната можност за личносна универзалност и дури преобразувајќи го неговиот грев, преку покајанието, во можност за задобивање на Божјата благодат и љубов. Поскоро првенствено човековите индивидуални постигања, начинот на кој тој како поединец живее според верските должности и етичките заповеди и ги подражава „добродетелите“ Христови, му осигуруваат оправдување кое може објективно да се верификува. За пиетизмот, Црквата е феномен кој зависи од поединечната оправданост; тоа е група на морално „препородени“ поединци, собир на „чистите“, потврда и подршка на индивидуалното религиозно чувство.

По оваа патека пиетизмот постигна резултат спротивен на неговата првична намера. Сакајќи да го отфрли екстремот на интелектуалната религија, тој заврши во еден друг екстрем, поделувајќи ја практичната побожност од вистината и откровението на Црквата. Така побожноста го губи својот онтолошки смисол и престанува да биде егзистенцијално збиднување – остварување и пројавување на човековата егзистенцијална вистина, на „ликот“ Божји во човекот. Таа се превртува во поединечно постигање кое секако го поправа карактерот и однесувањето, а веројатно и социјалните обичаи, но кое не може верно да го преобрази нашиот начин на постоење и да ја промени тленоста во нетленост, а смртта во живот и воскресение.

Побожноста го губи онтолошкиот смисол; а освен тоа, вистината и верата на Црквата се одвоени од животот и дејственоста и оставени како збир „принципи“ и „аксиоми“ коишто ги прифаќаме како која и да било друга идеологија. Разликата меѓу созерцувањето и делувањето, меѓу вистината и животот, или меѓу догмата и моралноста, се престорува во шизофрен прекин. Животот на Црквата е ограничен на морална послушност, религиозни должности и служење во социјални цели. Ќе се осмелиме да ја изложиме ситуацијата со парадоксот дека, во случај на пиетизам, токму етиката ја поткопува Цркватаː критериумот на Црквата го превртува во световен и конвенционален критериум, искривувајќи го „великото светотаинство на божественоста“ во рационалистичка социјална потреба. Пиетистичката етика ја извртува литургиската и евхаристиската вистинитост на Црквата, единството во животот и заедницата на покајаниот и совршениот, грешниците и светителите, првите и последните; таа ја престорува Црквата во неизбежно конвенционална, институционална група на индивидуално религиозни луѓе.

Повеќето луѓе денес, веројатно мнозинството во западните општества, го ценат делото на Црквата според мерката на нејзината социјална полезност споредена со социјалното дело на образованието, казнените системи, а дури и полицијата. Природниот резултат е тој дека Црквата е запазена како институција од суштинска важност за моралот и организирана како световна установа со посебно висок бирократски облик. Најочевиден облик на секуларизација во Црквата е пиетистичкото фалсификување на нејзината свест и искуство, расипувањето на нејзиниот сопствен критериум со моралистички размисли. Штом еднаш Црквата си го одрече онтолошкиот идентитет – она што таа вистински и суштински е како егистенцијално збиднување каде и да е поединечниот опстанок променет во личносно живеење на љубов и заедничарење – од истиот тој момент таа е сведена на конвенционален облик во кој поединци се групирани заедно во институција; таа станува одраз на човековиот пад, ако и е религиозна. Таа почнува да ги опслужува „религиозните потреби“ на луѓето, индивидуалните емотивни и психолошки потреби на паднатиот човек.

Утилитарниот институционален менталитет, еден типичен производ на пиетизмот, доведе многу цркви и христијански конфесии до еден паничен страв дека би биле покажани како застарени и бесполезни во модерното технократско, рационалистички организирано општество, и би изгледало дека каскаат зад современите текови на светот. Сѐ почесто се обидуваат да му понудат на современиот човек одговор колку е можно посоответен и добросклоплив на неговите утилитарни барања за напредок. „Хуманистичката етика“ – начело на современоста – добива првенство над вистината, над спасението на постоечкото од анонимноста на смртта. Чудото на покајанието, преобразувањето на гревот во љубовен копнеж за личносно соединување со Бога, начинот на којшто смртноста бива проголтана од животот – овие се вистини непоимливи за пиетистичкиот дух на нашето време. Евангелската порака е „приклонете се“, испразнета од нејзината онтолошка содржина; Црквената вера во воскресението на човекот направено е да изгледа бесмислена.

  1. 3. Моралната отуѓеност на спасението

Штом побожноста на Црквата се префрли на планот на индивидуалната етика и се одвои од нејзината вистина, ова неизбежно води кон помрачување на разликата помеѓу вистината на спасението и илузијата за спасението, помеѓу Црквата и ереста. Идејата за ереста или схизмата ја губи вистинската смисла и се ограничува на апстрактните, теолошки разлики разбирани единствено од „експертите“ кои расправаат за нив на средбите и конференциите, менувајќи се во нападот и одбраната на конфесионалните теми и формулации коишто не успеваат да дадат одговор за животот на човечките суштества, на било кој начин.

Сѐ повеќе пиетизмот ги поистоветува духовноста и побожноста на различните цркви и конфесии, разгледувајќи ги на ниво на индивидуални или социјално корисни и ефикасни етики, додека превидувајќи ги дури и основните догматски разлики. Во побожноста на еден римокатолик, протестант, а сѐ почесто дури и на еден „просветен“ православен, не се забележуваат суштински разлики; практичната побожност веќе не открива дали вистината што ја живееме е вистинска или извртена. Догмата не се појавува како „дефиниција“ која ги полага границите во рамките на кои искуството на Црквата треба да се изрази и самозаштити. Христијанската побожност се јавува независно од начинот на кој ние ја искусуваме вистината за Бога во Троица, воплотувањето на Словото и енергиите на Светиот Дух, кои даваат содржина на животот на членовите на Црквата.

Моделот на христијанската побожност во различните цркви и конфесии сѐ почесто се изедначува со моделот на „посовршената“ утилитарна етика, со една индивидуална моралност која зема предимство пред фактот на Црквата. Единствените разлики во побожноста се разновидните религиозни обичаи и религиозни „задолженија“. За индивидуалната побожност дури и литургискиот чин е случаен, додаток, помош или плод; за него се мисли како можност за „просветување“ или како за религиозна должност. Евхаристијата, основното отелотворување на фактот на спасението, е искривоколчена од пиетистичкиот дух; поставена е како тесна „религиозна“ обврска, задолжение за заедничка молитва и слушање на проповед која обично се сведува на пропишување рецепти како поединецот треба да се однесува. Евхаристијата не е збиднување кое ја содржи и манифестира Црквата, односно менување на нашиот начин на постоење и остварување на етосот на „новиот човек“.

Конечно, дури и учеството во светите тајни поприма конвенционален, етички карактер. Исповеста се претвора во психолошки механизам за смирување на грижата на совеста на поединецот, а учествувањето на Светата Причесна станува морална награда за доброто однесување – кога тоа не е едвај свесен индивидуален или семеен обичај којшто се граничи со магија. Крштевањето станува сама по себе јасна социјална обврска, а бракот пак, озаконување на половите односи несврзано со никакво аскетско преобразување на брачната заедница во еден црковен настан на личносно соединување или заедничарење.

 

Изворː ДОМОСТРОЈ, Покров на Пресвета Богородица ’94 бр. 6/7

22.08.2018 Лето Господо

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

22-ри август  2018 лето Господово

Друго:

 

 

 

  • Поуки од Светите Отци

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная